AC/DC најавуваат нов албум, се враќа и пејачот Брајан Џонсон - Канал 5

AC/DC најавуваат нов албум, се враќа и пејачот Брајан Џонсон

По неколкумесечни шпекулации, легендарниот рок бенд AC / DC конечно го објави својот нов албум PWRUP.

AC/DC најавуваат нов албум, се враќа и пејачот Брајан Џонсон

Бендот со денови објавува кратки клипови на својата официјална веб-страница што ги заинтригира фановите.

Денеска, тие конечно го споделија она што се чини дека е насловната на нивниот нов албум, потврдувајќи го враќањето на водечкиот гитарист Ангус Јанг, басистот Клиф Вилијамс и ритам гитаристот Стиви Јанг.

Исто така, на насловната страница е и вокалистот Брајан Џонсон, кој претходно го напушти бендот во 2016 година поради проблеми со слухот, како и тапанарот Фил Руд (66), кој го напушти бендот во 2014 година, поради правни проблеми.

AC / DC ја одржаа својата последна турнеја Даун Андер во 2015 и 2016 година при што го промовираа нивниот 16-ти албум Rock or Bust.

Проблемите со слухот на Брајан го принудија да го напушти бендот за време на турнејата во 2016 година. Тој беше привремено заменет со пејачот на Ганс Ен Роузис, Аксл Роуз.

Лекарите го советувале фронтменот да престане да настапува во живо или може целосно да го изгуби слухот.

„Тоа беше најмрачниот ден во мојот професионален живот“, рече Брајан за тогашната дијагноза.

YouTube video

AC / DC е основан во Сиднеј во ноември 1973 година од браќата Малком и Ангус Јанг. По смртта на пејачот Бон Скот, кој починал од акутно труење со алкохол на 33-годишна возраст, Брајан Џонсон беше ангажиран да го замени. На гитаристот Малком му беше дијагностицирана деменција во 2014 година и се пензионирал во дом за стари лица во Сиднеј. Починал на 18 ноември 2017 година на 64-годишна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанско

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. 

Голем пожар на плац на автобуската компанија  во близина на селото Тркање, кочанско

Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа .

Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во Македонија

Климатските промени кои ни се веќе реалност која ја живееме а кои со себе носат потопли и посушни лета и се поблаги зими покрај проблемите за земјоделците носат и придобивки. 

Заради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во Македонија

Една од тие придовки со затоплувањето е ширењето на насадите под маслинки во Македонија, кои досега беа карактеристични само за медитеранските продрачја а сега веќе границата драстично се поместува.

Засега овие насади во помал број се подигаат во јужните региони во земјава, Дојран, Гевгелија, Валандово но според науката за тоа каде успешно може да се одгледуваат маслинки не треба да се гледа регионот туку важни се многу фактори поврзани со микро локацијата.

Пред 20 тина години во Македонија имаше голем инересот за подигање на маслинови насади но најголемиот дел од нив измрзнаа зимата 2001/2002 поради долгиот период со многу ниски температури.

Маслинката иако е исклучително способна за регенарација и нејзината долговечност од 100 години па дури има записи за маслинови дрва стари и до 2000 години сепак може да измрзне ако се работи за млади садници. Затоа препораката на стручните лица е да се засадуваат трогодишни садници и уште најмалку две години да се заштити нивното стебло од можно мрзнење за потоа да немаат проблеми, нешто што го потврдуваат и земјоделците кои веќе 20 години имаат маслинки кои ги одгледуваат во Македонија.

Маслинката за која расте интересот за нејзино ширење нуди нови можности за македонското земјоделство. Макеоднија е целосно увозно зависна од трпезни маслинки како и од увоз на маслиново масло кое заради начинот на здрава исхарана станува се побарано, заради што немаат маслинките проблем со пласманот.

Но освен производство и преработка маслинките нудат и можнсот за развој на агро руралниот туризам за кој доста од странците кои ја посетуваат земјава се заинтересирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг.

До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер