1Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж
РакометАбутовиќ го продолжи договорот со ВардарИлија Абутовиќ, специјалистот за одбрана ќе биде дел од Вардар и во следните три сезони, информира денес македонскиот ракометен шампион. - Со нашиот лев бек кој најчесто има одбранбени задачи е договорено да остане во клубот најмалку до јуни 2020 година. Неговите добри игри сезонава беа препознаени и од ЕХФ и тој е вклучен меѓу кандидатите за најдобар одбранбен играч во лигата на шампионите. Важи за голем и бескомпромисен борец, кој својот придонес во играта го покажува најмногу преку одбранбените задачи. Тој е важен дел од одбранбениот бедем пред голот на Вардар, соопштија од таборот на „црвено-црните“. Абутовиќ од 2011 година е дел од Вардар и беше дел од најголемите клупски успеси, меѓу кои и трите титули во СЕХА лигата, трите настапи во четврт-финалето на ЛШ, пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ и неколкуте шампионски и куп титули во домашното првенство. - Одбраната секогаш е важен дел во играта, а токму Илија Абутовиќ е еден од нашите најдобри играчи. Секоја година Вардар игра сѐ подобра одбрана, и токму Абутовиќ е еден од главните играчи таму. Со неговото останување во клубот веруваме и одбраната ќе продолжи на истото ниво, па дури и подобро во иднина, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗмија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багажЗа време на летот од островот Лампедуза во јужна Италија до Палермо на Сицилија, од рачниот багаж се појавила змија додека авионот почнал да се спушта, предизвикувајќи паника кај патниците.Капетанот на авионот веднаш реагирал и ги известил аеродромските власти и полицијата, а по слетувањето на аеродромот „Фалконе е Борселино“ во Палермо, во авионот се качиле карабињери од аеродромската станица и членови на одделот CITES, кои ја фатиле и обезбедиле змијата, објавува порталот TGcom24. Според првичните наоди, станува збор за вид Macroprotodon cucullatus, познат како „змија со качулка“, мал влекач карактеристичен за фауната на Лампедуза. Името „змија со качулка“ (или лажна мазна змија) го добила поради карактеристичната темна дамка на задниот дел од главата што наликува на качулка. Карабињерите истражуваат како змијата се качила во авионот и кој ја донел и транспортирал. Животното е предадено на херпетолог на Универзитетот во Палермо, кој ќе ја провери неговата здравствена состојба, по што треба да се врати во неговото природно живеалиште. Лампедуза е единственото место во Европа каде што е регистрирана популација од овој вид. „Змијата со качулка“, која обично расте помеѓу 50 и 70 сантиметри, се храни со гуштери и други помали змии. Таа е отровна, но нејзиниот отров се смета за речиси безопасен за луѓето. Првенствено живее во областите на Северна Африка, како што се Тунис и Либија, а Лампедуза е единственото место во Италија и цела Европа каде што живее овој вид. Островот Лампедуза геолошки припаѓа на африканската континентална плоча, поради што ја дели флората и фауната со овој континент.Тагови: змија сицилија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЈотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршкаБугарската претседателка побара поткрепа од словачкиот премиер „за Скопје да ја следи европската политика за пристапување“.Бугарската претседателка Илијана Јотова и словачкиот премиер Роберт Фицо на денешната средба во Софија го разгледале и проширувањето на Европската унија, при што шефицата на бугарската држава му се пожалила од Македонија и побарала поддршка од гостинот. „Знаете дека имаме некои проблеми со Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Бараме ваша поддршка за Скопје да ја следи европската политика за пристапување. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските преземени од Македонија во 2022 година“, изјави Јотова. „Двајцата беа категорични дека процесот на пристапување мора да биде според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидати за членство“, стои во соопштението од кабинетот на претседателката на Бугарија.Тагови: Јотова Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МетеоТопло време и до крајот на наредната недела со температура до 37 степени До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 24 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Берово, Претор, Охрид, 31 Маврови Анови, 32 Крива Паланка, Прилеп, 33 Виница, Битола, 35 Тетово, Кавадарци, Струмица, Штип, 36 Демир Капија, Гевгелија, 37 Скопје Петровец, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11