Аби, девојчето со розево раче, направено на 3D принтер! - Канал 5

Аби, девојчето со розево раче, направено на 3D принтер!

Четири годишната Аби Џилијанс е родена само со палец на левата рака. Таа доби розева протетичка дланка направена со пионерската технологија на 3D принтер, и сега може да ги чешла своите кукли, да вози велосипед - да ги користи и двете раце!

Аби, девојчето со розево раче, направено на 3D принтер!
Нејзината мајка Џули Џилијанс од Тависток, Девон, пред 3 месеци почнала кампања да добие локален пристап до 3D принтер. Сега вели дека розевата дланка претставува револуција за животот на нејзината ќерка.

- Кога дојдовме дома прво што направи е - ја зема својата барбика за да ја чешла со двете раце. Тоа одсекогаш сакаше да го направи. Таа многу сака да ги чешла и облекува своите кукли, но најчесто наместо ена тоа го правев јас. сега може сама - вели 47 годишната Џули.

- Ова е многу важно за Аби. Таа сега е насмеана од уво до уво. Не можам да објаснам колку ни значи. Решителноста на нејзиното лице е прекрасна, таа сака да ја користи дланката, упорна е да научи тоа уште подобро да го прави - вели нејзината мајка.







Аби на 18 месеци имала една операција со која е направен обид да добие малку поголема лева дланка, но нејзините родители повеќе нема да дозволат друг оперативен зафат.

- Технологијата е фантастична. Колку повеќе ја користи раката, толку повеќе ја зацврстува мускулатурата која сега не и е еднакво развиена. Со време мускулите и на таа рака ќе и се зајакнат. Не е перманентно решение но барем може да ги користи двете дланки. Друга операција не доаѓа предвид! - вели Џули.

New lease: Julie Jillians says the pink hand has changed Abbi's life and the four-year-old has been testing out the new kit by picking things up and putting them down all over the house


Ваквиот начин на создавање на протези е револуционерно решение за многу луѓе со сличен проблем. Чини само 60 долари и како расте Аби - така ќе добива нови протетички дланки. Нејзината мајка започнала хуманитарна акција и веќе успеала да собере 4 000 фунти за нивното место да се снабди со 3D принтер кој ќе им помогне на децата со сличен проблем како Аби.

Во видеото погледнете уште една приказна за 12 годишниот Леон од САД кој доби дланка направена на истиот начин.

YouTube video



/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем.

Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа.

За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура.

Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина.

Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Џет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул.

Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*.

Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв.

Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур.

Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето.

Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Не сме нападнати“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.

Рубио: „Не сме нападнати“

„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си.

Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа.

Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД.

Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер