Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
2Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
КошаркаАБА го потврди вклучувањето на кошаркарскиот клуб Дубаи Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона официјално ќе биде член на АБА лигата, потврди раководството на регионалното натпреварување.Од АБА лигата изјавија дека потпишан е повеќегодишен договор со Дубаи. „На тој начин се дефинираат сите клучни елементи на идната спортска и деловна соработка, почнувајќи од учеството на Дубаи во АБА лигата од сезоната 2024/25“, се наведува во соопштението. Директорот на Лигата, Дубравко Кметовиќ, изјави дека приклучувањето на Дубаи во АБА лигата на многу начини е специфичен спортски и деловен проект. Тој додаде дека клубовите ова го препознале како идеална можност да постигнат две цели – да го зголемат квалитетот на натпреварувањето и да ја отворат вратата за нов пазар. „Со нетрпение очекуваме да бидеме домаќини на АБА лигата овде во Дубаи, во Кока-Кола арената, каде што љубителите на кошарката ќе можат да уживаат во врвно искуство. Им благодарам на раководството на АБА лигата и на клубовите од сè срце за нивната соработка и посветеност да ја донесеме АБА лигата во нашиот град“, изјави претседателот на Дубаи, Абдула Сеид Ал Набодах.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФерати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот патМинистерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија. Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање. На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија. Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедницитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачимеМакедонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски. Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаДесет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животиОва е тогашната слика од скопските села Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново кои беа најпогодени од катастрофалните поплави кои се случија на Скопската котлина на денешен ден пред 10 години. Невреме кое однесе 22 животи, a како потсетник за страотната елементарна непогода, на веб сајтот на исчезнати лица на МВР – се уште стои сликата на Фејзула Елиф, едногодишно бебе кое исчезна во поплавата и оттогаш се губи нејзината трага. Незапаметеното невреме остави и десетици семејства без покрив над главата а настанатата материјална штета беше проценета над 30 милиони евра. -Огромното количество на вода кое наврнало врз Скопската котлина се оценува како главен фактор во катастрофалната поплава, сепак инфраструктурните пропусти како и нерегулираната сеча на Скопска Црна Гора во голем дел придонеле тоа количество на вода да се слее во населените места. 10 години од поплавите, дали грешките се исправени кои ќе превенираат таква катастрофа да се случи во иднина? Од општина Гази Баба како најпогодена во поплавите, велат дека во изминативе 10 години работеле на проекти кои го подобриле системот за заштита од поплави и намалување на ризиците од идни елементарни непогоди. Сепак, камерата на Канал 5 забележа голи падини и обраснати одводни канали полни со отпад во едно од тогаш најоштетените места – селото Стајковци. -Меѓу најзначајните реализирани активности се: изградба и целосна реконструкција на одводниот канал на улица „Антон Велковски“ во Стајковци; Изградба и целосна реконструкција на одводниот канал во Сингелиќ; Редовно чистење на природните брани и водотеци на падините на Скопска Црна Гора, со цел непречено одведување на атмосферските води и превенција од поплави.- Општина Гази Баба Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека после поплавата, капацитетите за справување со вакви елементарни непогоди значително се подобриле. -ДЗС после 10 години од поплавата ги зајакна своите капацитети. Извршени се безброј обуки на тимовите за спасување на вода, материјално-техничките ресурси на Дирекцијата се десеткратно подобрени. Во моментов, ДЗС располага со преку 500-тина пумпи, со бебзрој вреќи и бариери. Можеме да кажеме дека од денешен поглед, ДЗС е спремна за слични несреќи. - Димче Митевски, раководител на сектор за оператива и логистика при ДЗС Од општина Гази Баба соопштуваат дека утре во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе се оддржи комеморативен настан преку кој ќе се оддаде почит на жртвите, и како што велат, ќе се потсети на важноста од континуираното вложување во превенција и заштита од природни непогоди. Тагови: ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook