АА: Унгарскиот кредит – дискриминација со државен печат - Канал 5

АА: Унгарскиот кредит – дискриминација со државен печат

Во јули минатата година, Владата потпиша договор за кредит од 500 милиони евра со Унгарија, договор што беше претставен како спас за домашната економија. 

АА: Унгарскиот кредит – дискриминација со државен печат

Беше ветена поддршка за малите и средни претпријатија, регионален развој и еднаквост во распределбата на средствата. Денес, една година подоцна, граѓаните ја гледаат горката вистина: нема никаква транспарентност и отчетност, а придобивките се само за блиските до власта и само за македонскиот бизнис.

Од 250-те милиони евра наменети за инвестиции, досега се доделени 125 милиони, но даночните обврзници не знаат каде отишле овие средства. Нема никаков список на корисници, ниту едно име, само апстрактни бројки и празни зборови. И додека владата зборува за „развој“, албанските компании остануваат исклучени. Албанските компании немаат искористено ниту 10% од овие средства.

Ова е дискриминација со државен печат. Планирана неправда, премолчена од институциите и оправдана со владина пропаганда.

Како Алијанса за Албанците, не можеме да останеме рамнодушни пред оваа политика на исклучување и враќање на практиките од минатото.

Она што го гледаме денес е стар модел на дискриминација, но со нови лица. Влада што го користи унгарскиот кредит за да ги зајакне клиентелизмот и политичката зависност, додека Албанците ги смета за излишни.

Затоа бараме:

* Итно објавување на целосниот список на корисници;

* Јасно појаснување на критериумите за распределба на средствата и финансираните проекти;

* Независна и јавна ревизија на целиот процес.

Владата не може да продолжи да си поигрува со достоинството на граѓаните и да продава пропаганда со парите позајмени во наше име. Ако немате што да криете, тогаш објавете ги списоците транспарентно.

Ова не е само економска криза, ова е институционализирана неправда. Еден долг што Албанците не го зедоа, но ќе го платат. И ако денес молчиме, утре со нашето молчење ќе бидеме соучесници, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер