AA: Прво да се донесе Законот, потоа да се испрати до Венецијанската комисија - Канал 5

AA: Прво да се донесе Законот, потоа да се испрати до Венецијанската комисија

Алијансата за Албанците со загриженост го следи долготрајниот процес за изготвување и усвојување на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции. 

AA: Прво да се донесе Законот, потоа да се испрати до Венецијанската комисија

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека законот прво ќе помине низ Владата, а потоа ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, пред да се изгласа во Собранието, предизвикува длабока загриженост за намерните одложувања и тактиките на блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините владини партнери од коалицијата ВЛЕН, кои или не ја разбираат важноста на ова прашање, или се заслепени од жедта за моќ.

Искуството со Законот за употреба на јазиците го покажува реалниот ризик од долги одложувања. Овој закон беше испратен до Венецијанската комисија на 22 јануари 2019 година, а пријателското мислење беше вратено дури на 4 мај 2025 година - по цели шест години чекање.

Покрај тоа, за разлика од законот што беше усвоен во Собранието, а потоа подложен на меѓународна евалуација, во сегашниот случај, Владата се обидува да го испрати Законот за правична и соодветна застапеност до Венецијанската комисија без парламентарно одобрување. Ова е опасна практика што може да создаде правен вакуум, во време кога на земјата ѝ се потребни јасни гаранции за правична застапеност на сите заедници.

По одлуката на Уставниот суд да се укине балансерот, земјата се наоѓа во правен вакуум кој сериозно се злоупотребува. Сегашните практики за вработување - каде што во многу конкурси резултатот е 20 спрема 0 на штета на албанските граѓани - се јасен показател за кршење на начелата на Охридскиот договор и сериозно ја загрозуваат меѓуетничката хармонија.

Алијансата за Албанците силно настојува Законот за правична и соодветна застапеност прво да биде усвоен во Собранието, а дури потоа да биде испратен на мислење до Венецијанската комисија. Само на овој начин може да се избегнат бесконечните одложувања, да се заштити граѓанската еднаквост и да се спречи политичка злоупотреба на вработувањата во државната администрација.

Алијанса за Албанците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи растод 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Реалниот раст на просечната нето плата, изнесувал 5,2%.

На врвот на листата на исплатени плати се наоѓа и натаму ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното од листата се е сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари, со што највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската просечна плата за над 50 илади денари

Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека по години негрижа, темелно е исчистен подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.

Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

- Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука. Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек. Затоа, апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците. Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици. Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)

Околу 450 лица се евакуирани поради поплави во департманот Па де Кале во северна Франција, каде што обилните дождови предизвикаа излевање на реките и поплавување на неколку села, соопштија денес официјални лица.

Вонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)

Надлежните служби активираа план за вонредни состојби, а околу 130 училишта се затворени како мерка на претпазливост, објави префектурата на департманот Па де Кале, според телевизијата BFM.

Од почетокот на бурата се регистрирани 302 интервенции, од кои 87 во текот на ноќта, додека 207 се извршени во претходните 24 часа.

Четири лица мораа да бидат сместени во специјални приемни објекти, се вели во соопштението на префектурата.

Француската метеоролошка служба го стави департманот Па де Кале под портокалова временска тревога поради обилните дождови и ризикот од поплави, која е на сила од вторник до денес во 14 часот.

Поради влошувањето на ситуацијата, префектот вчера го активираше планот ORSEC, кој ги организира активностите на службите за итни случаи под негова надлежност во вонредни околности.

300 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост од невреме во градовите Монтре-сур-Мер и Невил-су-Монтре, додека уште 17 лица беа евакуирани во други делови од департманот, а 74 лица, вклучувајќи 35 ученици, беа преместени на безбедни локации.

Спасувачките екипи, исто така, спроведоа пет операции за спасување.

Според префектурата, засега нема жртви.

На терен се распоредени повеќе од 200 пожарникари, 92 жандарми и 41 полицаец.

Обилните дождови и површинските води погодија околу 100 општини, а ситуацијата е особено тешка во околу 30 населени места, каде што куќите се поплавени, а пристапот до некои области е многу тежок.

Вкупниот број на оштетени станбени згради сè уште не е утврден.

Во градот Брексан-Енок, учениците од основно училиште беа евакуирани, а 16 од нив беа однесени на горниот кат од градското собрание, каде што им беше дадена вода и ужина, изјави градоначалникот Ив Себер.

Потоа децата биле транспортирани со трактор и приколка до сала за забави во соседниот град, каде што нивните родители ги зедоа.

Две реки во департманот, вклучувајќи ја и крајбрежната река Канче, се ставени на портокалова тревога поради можност за поплавување, додека други се под жолта тревога.

Префектурата издаде посебно предупредување за реката Канче, чие ниво на вода достигна ниво на кое е загрозено од поплавување.

Ограничувања во сообраќајот и алтернативни правци се воведени на околу 40 регионални патишта поради поплавите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер