A1 Македонија со атрактивна новогодишна понуда - Канал 5

A1 Македонија со атрактивна новогодишна понуда

А1 Македонија ја започнува новогодишната еуфорија и празнични денови и воведува атрактивна понуда со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат 2025 година со многу поволности .

A1 Македонија со атрактивна новогодишна понуда

А1 Македонија ја започнува новогодишната еуфорија и празнични денови и воведува атрактивна понуда со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат 2025 година со многу поволности за неограничена комуникација, уште повеќе содржини, голем избор ТВ уреди и мобилни уреди по најповолни цени.

“Како и секогаш, и овој пат, креиравме една од највпечатливите и најповолни понуди, дизајнирана да ги задоволи потребите на нашите корисници за уште повеќе комуникација, поврзаност и пристап до посакуваните содржини и уреди. Нашата цел е да ги разубавиме празничните моменти за корисниците, да внесеме свежина и позитивна енергија овозможувајќи им непречена комуникација и поврзување со најблиските. Затоа велиме, сите заедно, поврзани да блеснеме уште посилно и новата година да ја направиме уште повесела.”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор во А1 Македонија.

Новогодишното изненадување од А1 доаѓа со тарифните модели А1 Combo со супериорен оптички интернет и телевизијата A1 Xplore TV која нуди опција за избор на канали, многубројни функционалности за корисникот како што е телевизија на сите уреди каде и да се, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика. А1 Македонија го прави овој период посебен со специјален подарок - до 6 месеци без претплата на водечките светски стриминг услуги Netflix и Max и воедно, корисниците добиваат можност да изберат некој од најпопуларните и најнапредни модели iPhone или Samsung смарт телефони.

Празничната понуда компанијата ја лансира со кампања која ги вклучува емоциите и спомените од еден од најголемите македонски хитови познат за сите генерации со кој А1 ја пренесува пораката за споделување, нагласувајќи дека секој миг може да се трансформира во нешто многу поголемо создавајќи уникатна и незаборавна празнична атмосфера за сите.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.a1.mk, соопштуваат од компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луди цени на билетите за НБА финалето!!:

Колку чини да се седи до претседателот Доналд Трамп?

Луди цени на билетите за НБА финалето!!:

Интересот за финалето на НБА во Њујорк достигна невидени размери, што најдобро го потврдуваат цените на билетите за натпреварите во познатата „Медисон Сквер Гарден“ меѓу Никси и Сан Антонио Спарс.

Според податоците на платформата „TickPick“, најевтиниот билет за третиот натпревар од финалната серија помеѓу Никс и Сан Антонио чини 11.461 долари, што е нов рекорд кога станува збор за натпреварите од финалето на НБА.

За седишта веднаш до теренот, кои традиционално ги привлекуваат најголемите ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот, треба да издвоите дури 104.435 долари. Се очекува интересот дополнително да се зголеми пред четвртиот натпревар од серијата, па цените уште од сега се веќе високи.

Најприфатливите билети се продаваат за 13.065 долари, и покрај фактот дека ова се седиштата на лоша позиција во Медисон.

Плејоф натпреварите на Никс со години се омилено место за собирање на познати личности, па овој пат се очекува да пристигнат лојални навивачи на клубот како што се режисерот Спајк Ли и актерите Бен Стилер и Тимоти Шаламет.

Од особен интерес се најавите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да присуствува на натпреварот, што би претставувало преседан во историјата на НБА, бидејќи ниту еден американски претседател не присуствувал на финален натпревар за време на неговиот мандат.

Се очекува на трибините да биде и градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, познат како голем навивач на Никс, кој веќе јавно го поддржува својот тим. По два натпревари во Сан Антонио, Никс водат во серијата со 2:0 и се на чекор од нивната прва шампионска титула од 1973 година.

Последен пат играа во финалето на НБА во 1999 година, кога Спарс победија со 4:1. Третиот натпревар од финалната серија е закажан за понеделник во Медисон Сквер Гарден, каде што Њујорк ќе биде домаќин на натпреварот што ќе го одлучи шампионот на НБА за прв пат по 27 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјани уште едно лето без аква парк

И ова лето скопјани и посетителите на главниот град ќе останат без единствениот аква парк во земјава. 

Скопјани уште едно лето без аква парк

Оваа летна дестинација за разладување нема да ги отвори вратите ниту оваа сезона, бидејќи за негова реконструкција се потребни околу еден милион евра, средства кои не се обезбедени.

Наместо освежување на тобоганите и базените, посетителите и ова лето ќе ги затекнат затворени капиите на комплексот кој со години беше едно од најпосетените места за рекреација во текот на летните горештини. Од раководството на Спортскиот центар велат дека објектот бил наследен во исклучително лоша состојба.

Аква паркот е затворен уште од 2024 година и оттогаш не генерира никакви приходи. Во ревизорскиот извештај за работењето на спортскиот центар се наведува дека одлуката за негово затворање била донесена поради економска неисплатливост, но и поради истечениот гарантен рок на голем дел од опремата и реквизитите.

Инаку аква паркот беше пуштен во употреба во 2015 година како еден од најголемите и најопремените во регионот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот

СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка.

Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот

Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-иот конгрес, на кој партијата ги дефинира идните политички насоки и приоритети на партијата.

Во фокусот е усвојувањето на нова идеолошка платформа и програмска рамка.

Конгресот во Скопје го следи Јана Јосифоска.

Јана, што се очекува да произлезе од собирот на социјалдемократите како финален документ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер