Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
2Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
Живот99 работи што можат да ве направат среќни - изборот е ваш !Спосокот е долг и секој може да избере што од предложените 99 нешта ќе примени. Иако е тешко да се одреди што ги прави луѓето среќни, научно е докажано дека овие нешта придонесуваат за подобро расположение. Можеби некои од предлозите изгледаат контрадикторни, но тоа е затоа што списокот е правен за секој во него да најде по нешто за себе - пишува „Business insider“. 1. Нацртајте нездрава храна, колачи и пица. 2. Средете ја својата спална соба. 3. Напишете ги своите грижи на лист и залепете го ковертот. 4. Имајте повеќе секс. 5 Имајте секс само со еден партнер, тоа дава повеќе среќа. 6. Волонтирајте за религиски групи 7. Играјте си со миленичето 8.Скијајте, играјте шах 9. Смејте се повеќе 10. Ако не можете природно, насмевнете се вештачки, и тоа делува! 11. Фокусирајте се на она што го правите во моментов 12.Гушкајте повеќе! 13. Вежбајте 14.Слушајте музика 15.Пишувајте пораки на благодарност 16.Одете на јога 17. Смејте се гласно 18. Придружете се на некое здружение 19.Визуализирајте ја за себе најдобрата иднина 20. Вклучете повеќе сина боја во опкружувањето 21.Медитирајте 22.Држете се за раце 23.Гледајте го Титаник 24.Решете крстозбор за помалку од 10 минути 25. Мириснете ѓубре! 26.Испијте кафе 27. Престанете да јадете нездрава храна 28.Одете на 30 минутни прошетки 29. Испланирајте убав одмор 30. Уживајте во одморот! 31. Зевајте! 32. Одете на масажа 33. Излезете од дома 34.Јадете шкампи 35. Читајте забавна литература 36. Престанете да го проверувате телефонот 37.Гледајте смешно шоу 38.Не мислете на пеколот 39. Дајте му комплимент на партнерот 40. Изберете скијање наместо сноубординг 41. Одете на шопинг! 42. Помирисајте свежо печен леб Развивајте подобри дневни навики 43. Ноќе спијте убаво 44. Будете се порано 45. Наместете го креветот секое утро 46. Јадете појадок 47. Јадете што повеќе овошје и зеленчук 48. Ручајте на плажа 49. Потрошете го ручекот со вежбање 50. Лимитирајте го времето на фејсбук 51. Секој ден запишете три добри работи што ви се случиле 52. Најдете 20 минути во денот за вежбање 53. Документирајте ги дневните достигнување 54. Ограничете го времето пред ТВ 55. Седете со исправен грб Донесете подолгорочни одлуки 56. Бидете оптимист и реалист во исто време 57. Омажете се (оженете се) 58. Заработувајте колку што ви е потребно, не повеќе 59. Не ги „гушете“ своите деца 60.Бидете „супер-мајка“ 61. Имајте едно дете 62. Хранете го своето бебе со доење 63. Ако сте домаќинка - побарајте работа 64. Имајте најмалку 10 добри пријатели 65. Контролирајте ги амбициите 66. Задржете ја позицијата на моќ во пријателствата, на работа, во врската 67. Негувајте го односот со својата мајка 68. Бидете задоволни со тоа што го имате 69. Помалку оговарајте, водете посуштински разговори 70. Запаметете ги добрите искуства, лошите заборавете ги 71.Потрошете пари за повеќе помали задоволства отколку за помалку поголеми 72. Трошете повеќе на доживувања отколку на предмети 73. Задржете силна врска барем со еден од родителите 74. Најдете време за забава 75. Опкружете се со среќни луѓе 76. Трошете повеќе на другите отколку на себе 77. Усовршете нова вештина 78. Не се споредувајте со другите 79. закочете со посветеноста на работата 80. Земете си милениче 81. Фотографирајте 82. Спортувајте 83. Секогаш изгледајте најдобро што можете 84.Мислете на добрите времиња 85. На лошите времиња гледајте со розови наочари 86. Оговарајте по малку 87. Не се обидувајте преконцентрирано да бидете посреќни 89. Завршете работа по дома, поправете нешто 90. Имајте позитивно чувство за иднината 91. Одете на колеџ во Калифорнија Среќата поврзана со условите и локацијата 92. Зависи од тоа дали сте екстровертни 93.Дали сте повисоки 94. Дали сте едно дете без браќа и сестри 95. Дали сте образовани 96. Возрасни 97. Дали живеете во Австралија 98. Норвешка или 99. Во Шведска или Данска. / извор: businessinsider.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветХакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измамаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации,.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации, вклучително и во врска со истрагата за руското мешање во американските избори и наводните изборни измами. „Секогаш сакам да гледам на работите од позитивната страна“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, коментирајќи го вториот голем сајбер-напад врз ФБИ во изминатите два месеца. Хакери упаднаа во чувствителна база на податоци на ФБИ Според информации што две лица запознаени со случајот ги потврдија за телевизијата „MS NOW“, хакерите пристапиле до Националниот центар за криминално разузнавање (NCIC) – една од клучните бази на податоци на ФБИ. Базата содржи податоци за отпечатоци од прсти, лица по кои се трага, сторители на насилни кривични дела и исчезнати лица. Пристап до овие информации имаат само органите за спроведување на законот, но податоците не се класифицирани како тајни. Сè уште не е познато колкаво количество податоци успеале да преземат напаѓачите. Од ФБИ не одговорија на барањето за коментар, а веста за нападот прв ја објави Си-Ен-Ен (CNN). За време на телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп призна дека хакерскиот напад не е добра вест, но истовремено изрази надеж дека тој би можел да открие информации што претходно не биле достапни за јавноста. „Ќе кажам дека тоа не е добро. Не ми се допаѓа. Но, можеби ќе дознаеме работи што инаку никогаш не би ги дознале, бидејќи, знаете, ја имавте целата таа измама ’Русија, Русија, Русија‘“, рече Трамп. „Можеби ќе дознаеме нешто за изборните измами – сите тие изборни измами што се случија“, додаде американскиот претседател, без да понуди какви било докази со кои би го поврзал овој упад со своите тврдења. Трамп со години ги оспорува наодите од истрагите за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој, исто така, продолжува да изнесува неосновани тврдења за распространети измами на изборите во САД. Ова е втор значаен безбедносен инцидент поврзан со ФБИ во последните два месеца. Во септември, хакерска група позната како „Шајнихантерс“ (ShinyHunters) упадна во системи што содржат податоци за вработените во оваа американска федерална агенција. Тогаш, напаѓачите дојдоа до чувствителни информации за речиси сите вработени во ФБИ, како и за бројни службеници од локалните органи за спроведување на законот, кои учествувале во заеднички истражни тимови.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФормулаТриумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки. Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона. Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него. Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен. Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри. Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир КапијаОд редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката. По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување. Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33