Живот99 - годишна бабичка секој ден шие и испраќа по еден фустан за девојчињата во Африка 99 – годишната Лилиен вебер од Ајова, САД, последните неколку години од животот ги минува шиејќи по еден фустан за хуманитарната христијанска организација „Little Dess For Africa“, која доставува фустанчиња за малите девојчиња од Африка, но и од други загрозени региони.Нејзината цел е да направи илјада фустани додека не наполни 100 години, на 6. мај 2015 година. Досега има сошиено 840. „Кога ќе стигнам до 1000 ако можам ќе продолжам да шијам и понатаму“, вели таа. Иако вели дека може да сошие и по два фустана на ден, таа шие само по еден, а секој фустан што ќе го направи е единствен. Таа се надева дека секое девојче што ќе добие фустанче од неа го носи гордо овој подарок. Лилиен фустаните ги шие по шема, но секогаш додава нешто свое во нив. Таа добила и фотографија на која задоволни деца и покажуваат благодарност, така што позираат во нејзините фустани, држејќи лист на кој пишува „Ти благодараме“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаПетрушевски: Речиси двојно помалку пожари како резултат на работата и инвестициите на оваа ВладаВо 2024-та година имало 132 пожари, опожарена површина 95.000 хектари, просечна површина по пожар 721 хектар. Во 2025-та година имаме намалување на 82 пожари, 31.228 хектари опожарена површина и просечна површина по пожар 382 хектари. Ќе се сложите, драстично намалување. Во 2026-та година тековната, досега, истиот систем EFFIS има евидентирано 69 пожари, опожарена површина 25.000 хектари, просечна површина по пожар 366 хектари. Секаде намалување во секој параметар. И она што е уште поважно е дека имаме драстичен тренд на намалување од она кое што било во време на претходната влада на СДС и ДУИ, со ова кое што денеска го работи оваа Влада. А зошто тоа е така? Овие бројки овие статистички показатели не паѓаат од небо и не се случуваат случајно, тие се производ на работа на планирања на инвестиции. Ќе ве потсетам, дека откако дојде оваа Влада, иако претходната ги заглави, air тракторите, сега беа ставени во функција. Потоа, исто така, се сеќавате дека оваа Влада изврши пренамена на воени и полициски возила, коишто имаат вградени резервоари за вода и коишто имаат пумпи под висок притисок, успешно се справуваа со дел од пожарите особено во делот на шумските пожари. Се вклучија армиските и полициските хеликоптери, се ангажираа нормално армиските припадници, меѓутоа се ангажираа и 300 доброволци, коишто се во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување, за да помогнат во справувањето со оваа непогода, нови инвестиции, опрема, превентивни мерки, како што беа забрана за движење во шумите, контрола на депонии и други потенцијални извори на пожари и инструкции до општините преку ЗЕЛС за проверка на ризични области. Се сложувам дека треба уште повеќе да се инвестира, се сложувам дека е проблем за којшто не смее да се штеди, меѓутоа, тие бројки коишто кажуваат дека е драстично подобрено се резултат на работа, на инвестиции и на залагања не оваа Влада, објави на ФБ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)Мал приватен авион, Piper PA-46 Malibu, се урна на прометен автопат во мексиканскиот град Аподака откако, според извештаите, ја изгубил моќноста на моторот при полетувањето, а потоа се запалил.Сите шест лица во авионот ја преживеале несреќата. Несреќата се случила на 18 ноември, откако авионот полетал од Северниот меѓународен аеродром. Потоа авионот прелетал преку заштитната ограда на аеродромот и завршил на автопатот Монтереј-Нуево Ларедо, каде што се запалил. Во авионот имало шест лица, двајца членови на екипажот и четири патници. Според првичните информации, сите преживеале, но се здобиле со полесни повреди и модринки. Во несреќата немало жртви. ALL THE OCCUPANTS ARE SAFE: PIPER PA-46 MALIBU CRASHES ON BUSY HIGHWAY The accident occurred on November 18, 2026, when a Piper PA-46 Malibu, registration XB-MKC, reportedly lost power during takeoff from Aeropuerto Internacional del Norte. The aircraft left the airport perimeter, crossed the perimeter fence and came down on the busy Monterrey–Nuevo Laredo highway, where it caught fire following the impact. Aircraft and flight details: Aircraft: Piper PA-46 Malibu Registration: XB-MKC Operator: Casago, S.A. de C.V. Departure: Aeropuerto Internacional del Norte, Apodaca Destination: Aeródromo Dr. Jorge Jiménez Cantú, Atizapán, State of Mexico Occupants: Six (two crew members and four passengers) Date: November 18, 2026 Remarkably, all six occupants survived the accident. They reportedly sustained minor injuries and bruises, with no fatalities or serious injuries reported. Emergency services responded quickly and brought the resulting fire under control. Although the reported loss of power is considered a preliminary explanation, the definitive cause of the accident remains subject to investigation by Mexican aviation authorities. An incident with a fortunate outcome: six lives spared in an accident that could have ended very differently. #AviationAccident #MexicoAviation #Apodaca #AviationSafety #AircraftIncident — FL360aero (@fl360aero) November 20, 2026 Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот, додека надлежните органи започнале истрага за да ги утврдат околностите на несреќата. Се вели дека прелиминарната причина е губење на моќноста на моторот при полетувањето, но конечните резултати ќе бидат познати откако воздухопловните власти во Мексико ќе ја завршат истрагата.Тагови: авион Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПроизводството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата„Stellantis“ објави дека ќе го продолжи производството на електричните и хибридните модели на „Fiat 500“ во Торино, по петнеделен прекин на работата во одделот за каросерија поради недостиг на компоненти.Во целиот производствен комплекс „Мирафиори“ во Торино се вработени околу 1.400 работници, а повремените прекини во производството влијаеја и на други оддели, пренесува „ANSA“. Синдикатите „FIM-CISL“ и „UILM“ претходно предупредија дека зачестените прекини во производството поттикнуваат растечко незадоволство и несигурност кај вработените, кои со месеци се соочуваат со прекини во работата и неизвесност во однос на иднината на фабриката. Оваа година, „Stellantis“ најави намалување на бројот на вработени за 175 лица во Мадрид, додека во фабриката во Тихи, Полска, се планира укинување на 740 работни места по укинувањето на третата смена. Во Италија е најавено намалување на бројот на вработени за 485 лица, главно преку доброволно заминување и предвремено пензионирање. Извршниот директор на „Stellantis“, Антонио Филоса, предупреди дека производителите на автомобили и нивните добавувачи ќе се соочат со значителен пораст на трошоците за суровини и електронски компоненти – вклучувајќи мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници – во текот на 2027 година, а веројатно и во 2028 година. Говорејќи на годишното собрание на италијанското здружение на производители на автоделови, „Anfia“, во Милано, Филоса изјави дека инфлаторните притисоци во овие категории ќе претставуваат трошок за „Stellantis“ во износ од милијарди евра, пренесе Ројтерс. Според Филоса, компаниите и добавувачите ќе мора да одговорат на овие притисоци преку зголемување на својата конкурентност. Сепак, ќе биде потребна и поддршка од италијанската влада и од Европската унија. Извор: Б92Тагови: Fiat 500 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook