95-годишен Индиец никогаш не се шишал, сега ја покажа косата (ВИДЕО)

Индиец на  95-годишна возраст од државата Карнатака тврди дека никогаш во животот не се шишал, а сега мора да ја завитка косата подолга од 7 метри на главата за да може воопшто да се движи.

За време на карантинот, многумина се жалеа дека не биле на бербер со недели, но Индиецот тврди дека тој не ја скратил косата скоро еден век. Додапалија, кому многумина му се поклонуваат во неговиот роден град Молакалмур како божество, мора да ја завитка косата во џиновска топка на главата и да ја зацврсти со крпа за да може да се движи.

Според видеото, самиот Додапалија верува дека тој е човечко божество и никогаш не ја исекол косата од страв дека ќе го изгуби тој статус. Иако долгата и тешка коса очигледно е повеќе пречка отколку благослов, особено на негова возраст, тој повеќе би сакал луѓето да му помогнат да си ја врзува косата наместо да ја исече, пренесува Oddity Central.

Во краткиот клип, се гледа слабиот Додадалија, додека неколку луѓе се обидуваат да му ја одврзат косата од главата, за да се сликаат.

Средба Заев - Ахмети во Собранието

Пред околку два часа во Собранието почна средбата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.

Овие разговори доаѓаат непосредно откако Заев обвини дека му се прави притисок со тоа што ДУИ повторно организира средба само со претставниците на албанскиот политички блок.

Пред Собранието е колешката Сања Трајковска Ставров.

Грција на границите воведува нови , заострени мерки

На посетителите што доаѓаат во Грција од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка ќе им треба  тест дека се негативни на корона вирусот, објави денеска грчката влада.

Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на заболени со коронавирус во земјата и ќе стапи на сила на 17 август.

Тестот не може да биде постар од 72 часа пред некој да влезе во земјата, објави Ројтерс.

Најголемиот број на заразени лица со Ковид-19 се регистрирани вчера во Грција, 203 случаи, од почетокот на епидемијата, со што се зголеми вкупниот број заразени на 5.623.

Грчката влада соопшти дека потврдата сотестот ќе биде потребен за сите посетители кои влегуваат во Грција преку нејзините копнени граници, вклучително и за грчките државјани кои се враќаат дома.

Владата забрани јавни собири, вклучително и претстави и концерти каде публиката не седи.

Владата објави и дека рестораните и баровите во Крит, Солун, Халкидики, Миконос, Парос, Санторини, Антипарос, Закинтос и Кос не можат да работат помеѓу полноќ и 07,00 часот наутро.

Нејмар вреди колку целиот тим против кого ќе игра во Лигата на шампиони

Четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и ПСЖ ќе има најголема диспропорција кога станува збор за парите потрошени на платите и вредноста на играчите.

Анализирајќи ги платите на играчите, „Ла Газета дело Спорт“ заклучи дека Нејмар заработува исто толку годишно колку и целиот тим на Аталанта. Имено, бразилскиот напаѓач има годишна плата од 36 милиони евра, додека за Аталанта најмногу платените Папу Гомез, Јосип Илишиќ и Дуван Запата, заработуваат 1,2 милиони евра по сезона.

Исто така, постои огромна разлика во трансферите на играчите. ПСЖ го донесе Нејмар летото 2017 година со рекордна исплата на Барселона во историјата на фудбалот во износ од 222 милиони евра, додека во јули 2018 година го доведоа Килијан Мбапе од Монако за 135 милиони евра.

Од друга страна, најскапото засилување на Аталанта е колумбискиот напаѓач Луис Муриел, за кого и плати на Севиља 20 милиони евра обештетување (јуни 2019), а на второто место е хрватскиот играч од средниот ред Марио Пасалиќ, чиј договор го купија од Челси ова лето за 15 милиони евра. Најдобриот играч на клубот, аргентинскиот играч од средниот ред Папу Гомез, ги чинеше само 4,5 милиони евра, онолку колку што во 2014 година платиле на украинскиот Металист од Харков.

притисни ентер