Шоу биз90- годишната Џоан Колинс ги воодушеви сите на доделувањето на „Еми“ наградите (ФОТО)Џоан Колинс со својот изглед ги воодушеви присутните на доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес.90-годишната британска актерка дојде во светло син фустан украсен со светки, со кој комбинираше дијамантски обетки и црвен кармин. Нејзините фотографии се проширија на Твитер, каде многумина коментираа дека им е неверојатно Џоан да има 90 години. "Посакувам сите да знаат дека Џоан Колинс буквално има 90 години. Таа е дива", "Не разбирам како Џоан Колинс има 90 години. Кралица", "Таа има 90! Добро, што е ова?", Никогаш не се сомневав дека ќе се појави и ќе изгледа прекрасно како и секогаш“, „Има многу да се каже за овогодинешните Еми награди, но - Џоан Колинс. Дама. Кралица“, „Искрено, не очекував да дојде, но Мило ми е.Изгледа неверојатно“, се дел од коментарите на една социјална мрежа. Актерката на доделувањето пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Перси Гибсон, 32 години помлад од неа, со кого се омажи во 2002 година. Кон крајот на минатата година, актерката зборуваше за Fox News за нивната разлика во годините. „Пред сè, бевме одлични пријатели пред да се венчаме. Работевме заедно на претстава. Уживавме еден со друг. Се дружевме. И продолживме да се дружиме во годините што доаѓаат. Пишувавме љубовни писма - тоа беше постепено. И сфативме дека сме на иста бранова должина“, рече Колинс. „Тој е навистина убав, љубезен, приземен човек. Многу од мажите со кои сум била, а нема да прецизирам со кои, беа или невротични, малку неурамнотежени или навлегоа во разни проблеми.“, додаде таа. Многумина претходно ја истакнуваа нивната разлика во години, но за неа тоа е „само бројка“ и истакна дека „никогаш не е доцна“ да се најде љубов во животот. „Така се чувствуваме и двајцата“, рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВоен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24. Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија. Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.Тагови: хеликоптер Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега. Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9). Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.Тагови: билијард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на УкраинаГрадоначалникот Митко Јанчев денес го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина, доделено со указ на претседателот Володимир Зеленски.Во своето обраќање истакна дека ова одликување го доживува како признание не само за него лично, туку и за целиот град, за неговите соработници, Советот на Општината, институциите, хуманитарните организации и за сите граѓани кои несебично се вклучија во помошта за украинскиот народ. Тој нагласи дека од самиот почеток на воените случувања во Украина, градот покажа дека хуманоста, солидарноста и меѓусебната поддршка немаат граници, а денешното признание е потврда дека ваквите дела оставаат трајна вредност и придонесуваат за зајакнување на пријателството меѓу двата народа. Посебен и емотивен момент на настанот беше кога децата од Украина, кои бесплатно престојуваат на детското одморалиште Михајлово, му подарија рози на градоначалникот во знак на благодарност за грижата, поддршката и топлото гостопримство што им го овозможи градот. Градоначалникот упати искрена благодарност до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за укажаната чест, како и до Амбасадата на Украина за довербата и континуираната соработка. Посебна благодарност изрази и до своето семејство за безрезервната поддршка, љубов и разбирање. Тој порача дека најголемите признанија не се оние што се носат на градите, туку оние што се заслужуваат преку дела, изразувајќи уверување дека пријателските односи меѓу Македонија и Украина ќе продолжат да се градат врз темелите на заемното почитување, солидарноста и мирот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter