85 жени ќе се натпреваруваат за Мис Универзум- меѓу нив две трансродни и една плус сајз (ФОТО) - Канал 5

85 жени ќе се натпреваруваат за Мис Универзум- меѓу нив две трансродни и една плус сајз (ФОТО)

Во Ел Салвадор започна повеќедневниот натпревар за титулата Мис Универзум 2023.

85 жени ќе се натпреваруваат за Мис Универзум- меѓу нив две трансродни и една плус сајз (ФОТО)

85 натпреварувачки ја претставија својата земја во првиот ден од преднатпреварувањето. Девојките првата вечер прошетаа во костими за капење, освен Мис Пакистан, која прошета во буркини. Меѓу нив беа првите трансродови кандидатки во историјата кои стигнаа до финалето: Мис Португалија, стјуардеса по име Марина Мачете и Рики Коле, која е првата трансродова Мис на Холандија. Пред публиката беше претставена и Мис Непал, која влезе во историјата како прва кандидатка со плус големина.

Финалето ќе се одржи оваа сабота.

За потсетување, организацијата JKN Global Group, која стои зад изборите, поднесе барање за стечај само неколку дена пред настанот, пишува NY Post. Тоа е објавено не долго откако се појавија бројни контроверзии поради вклучувањето на трансродовите кандидати.

Тајландската милионерка и активистка Ен Јакрајутатип од JKN Global Group ја купила организацијата која организира избори за 20 милиони долари во 2022 година. Но, само една година подоцна се случиле првите финансиски проблеми, па сега прогласија стечај.

Сепак, организацијата Мис Универзум објави дека, без оглед на моменталната финансиска состојба, потврдува дека Мис Универзум 2023 ќе се одржи во Ел Салвадор на 18 ноември 2023 година, „каде врвното искуство на обожавателите ќе остане врвен приоритет“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. 

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. јули 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 28. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите . Размислете и постапете како што ви вели срцето.

Кариера

Ќе работите на стара задача што не е довршена.Ќе најдете начин да уживате во тоа.

Здравје и совет

Издржете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања околу доминација во личните односи. Воздржете се од тоа.

Кариера

Не се сомневајте во себеси.Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент на заедничкото секојдневие.

Кариера

Следуваат нови услови за работа на работното место Главно ќе ви одат на рака , па прифатете ги.

Здравје и совет

Можна е посета на козметичар.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Повеќето денеска ќе уживаат во својата голема способност да допрат до најсуптилните вибрации на чувствата.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип , денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат.

Здравје и совет

Слушајте ја интуицијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа.

Кариера

Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата каде што работите.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои од саканите очекуваа да им дадат сигурност , денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни.

Кариера

Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи.

Здравје и совет

Внимавајте на повреди.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Партнерот ќе покаже големо количество емоции ,што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете.

Кариера

На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа.Добро проучете ги деталите , па потоа донесете одлука.

Здравје и совет

Ќе има пријатни средби.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно.Ќе биде весело со доста искрени емоции.

Кариера

Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате.

Кариера

Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни нивните партнери.

Кариера

Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска .Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете.

Здравје и совет

Немате грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе почувствувате плима од емоции како расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат финансиите.Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот.

Здравје и совет

Мала пречувствителност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува.

Кариера

Ќе се повикате на резултатите од претходната работа , кои не се за потценување.

Здравје и совет

Прифатете ги добрите намери на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јованка Тренчевска во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостинка ќе биде Јованка Тренчевска

 Јованка Тренчевска во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер