81- годишниот татко на Меган Маркл е во врска со 35 години помлада медицинска сестра од Филипини: Уживам во животот (ВИДЕО) - Канал 5

81- годишниот татко на Меган Маркл е во врска со 35 години помлада медицинска сестра од Филипини: Уживам во животот (ВИДЕО)

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, откри дека повторно ја пронашол среќата во љубовта и, како што вели, е „благословен и пресреќен“. 

81- годишниот татко на Меган Маркл е во врска со 35 години помлада медицинска сестра од Филипини: Уживам во животот (ВИДЕО)

81-годишниот Томас е во врска со многу помладата медицинска сестра, Рио Канедо (46), кого го запознал на Филипините, каде што се опоравувал од тешка операција.

Се запознале во болницата

Маркл изјави за Сан дека не очекувал повторно да најде радост на негови години. „Никогаш не сонував дека повторно ќе бидам среќен. Со години се чувствував запоставен и тажен, но сега повторно уживам во животот“, рече тој.

Додаде дека неговата нова партнерка многу му значи: „По сè низ што поминав, вистински благослов е да најдам некој толку посебен кој се грижи за мене“. Двојката се запознала во Себу Сити, каде што Томас се преселил со својот син Том Џуниор на почетокот на минатата година.

Нивната приказна се одвивала додека Томас се опоравувал од ампутација на ногата. Рио Канедо работи како медицинска сестра и токму за време на неговото закрепнување се развила блискост меѓу нив. Денес, тој вели дека со неа се чувствува безбедно и згрижено, и дека неговиот живот добил сосема ново значење.

„Не ми е гајле за негативните коментари“

Свесен за разликата во годините, Маркл вели дека не е оптоварен со мислењата на другите луѓе. „Знам дека некои ќе кажат грди работи, но не ми е гајле“, рече тој. „Сакам да зборувам за ова затоа што никогаш не помислив дека повторно ќе бидам среќен“.

Додаде дека сака да им испрати порака на другите: „Никогаш не е предоцна да се најде мир и љубов. Има многу негативност во светот, и ако мојата приказна му дава надеж на некого, тоа е доволно за мене“.

Нов живот на Филипините по тешките здравствени проблеми

На почетокот на декември, Томас заврши на интензивна нега по итна операција, а неговиот син потоа потврди дека се разболел дома. По мозочниот удар, тој решил да го промени својот живот и да се пресели на Филипините. „Сакав да одам некаде каде што луѓето се љубезни. Животот тука е порелаксиран“, објасни тој.

Тој исто така откри дека моментално се бори со пневмонија, но нагласува дека неговата партнерка му помага во сè. Таа се грижи за неговата исхрана, го охрабрува да усвои поздрави навики и се грижи редовно да зема терапија.

YouTube video

Лошите односи со Меган останаа во минатото

Иако Меган Маркл наводно контактирала со својот татко за време на неговите здравствени проблеми, Томас вели дека повеќе не се стресира за нивната врска. „Едвај гледам вести. Тука луѓето се грижат едни за други“, рече тој, пофалувајќи го начинот на живот на Филипините. „Бев тажен толку долго поради Меган, но сега можам повторно да се смеам. Животот е прекрасен.“

За потсетување, Меган и нејзиниот татко не биле во контакт уште од пред нејзината свадба со принцот Хари. Потоа Томас го откажа своето доаѓање поради здравствени проблеми, откако призна дека учествувал во наместени папарацо фотографии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер