8,8 тони канабис на пат кон Србија – отворање истрага против шест лица - Канал 5

8,8 тони канабис на пат кон Србија – отворање истрага против шест лица

8,8 тони канабис спакувани во 200 кутии повеќе од две недели биле подготвувани да заминат за Србија.

8,8 тони канабис на пат кон Србија – отворање истрага против шест лица

8,8 тони канабис спакувани во 200 кутии повеќе од две недели биле подготвувани да заминат за Србија. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица, осомничени за Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин и марихуана поврзани со дрогата што беше запленета во блзиина на Крушевац, од кои двајца се уапсени во Србија, а четворица кај нас, и ним веќе им е одреден притвор.

Првоомничен е Иван Драгниќ, еден од сопствениците на фирмата за канабис Алфафарм од Скопје. Тој марихуната ја набавил од фирми во струмичко и на своите вработени во декември лани им наредил да ја спакуваат, а отккао ја завршиле работата, им дал колективен одмор.

Операцијата за транспорт до Србија почнала на 13 јануари, кога во поладневните часови, двјацата ортаци на Драгниќ, од кои едниот уапсен во Србија а другиот кај нас, со камиони и автомобили марихуната ја префрлиле од објектот на фирмата во Охис до локалција во блзиина на Свети Николе.

Таму, дрогата потоа била префрлена во камион кој претходно бил натоварен со царинета стока.

„Во атарот на селото Сарамзалино, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од еден камион, во друг. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор, со камионот се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата, заедно со уште тројца осомничени кои биле во автомобил.“

Потоа, откако влегле во Србија, веќе утрото на 14 јануари во 3 часот по полноќ пристигнале до куќата во која марихуаната била растоварена, а потоа и откриена од страна на српската полиција на крајот на месецот..

Криивичната пријава ја најави синоќа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, синоќа во гостување во тв 21.

„Тошковски, нагласи дека фокусот на истрагата не е на излезот од Македонија, туку на тоа како дрогата влегла на територијата на соседната држава.“

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера на Канал 5, кажа дека истрагата води до лица блиски до опозицискиот блок, но и до поранешни политичари.

Премиерот нагласи и дека случајот ќе биде целосно расчистен и поткрепен со докази, отфрлајќи ги обвинувањата за политички реваншизам.

„ Јас нема да зборувам но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња... Ќе бидат одговорни за многу работи.“

Од друга страна, од СДСМ обвинуваат дека без поддршка, знаење и логистика на највисоките структури во власта не можело да поминат 5 тони дорга, со толку многу камиони преку македонската граница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер