ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
Здравје76 пациенти се лекуваат во болниците во странство, Муцунски и Таравари во СолунДосега 76 повредени од несреќата во Кочани се лекуваат во странските специјализирани центри. Откако синоќа од македонските болници беа испратени неколку пациенти во соседството, министрите за здравство и надворешни работи Таравари и Муцунски отпатуваа во Солун во посета на двете болници кадешто се хоспитализирани млади од 19 до 26 години чија состојба засега е стабилна. Таму ги придружуваше грчкиот заменик-министер за надворешни работи Хацивасилиу, а во изјава за грчките медиуми кажаа дека лекарите максимално се грижат за нив а останува и постојаната поддршка за нивните семејства. „ Еден од првите разговори кои ги имав тоа утро беше со мојот грчки колега, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис. Веднаш ми изразија сочувство, но не само со зборови, туку и со практична помош. Она што го видовме и посведочивме утрово е одлична медицинска помош. Ќе го цитирам главниот доктор кој се грижи за пациентите, кој ни рече „вашите деца се и наши деца“.Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија. „ Грчката влада и нашата држава се солидаризираат со граѓаните на Македонија. / Благодарение на координацијата- министерствата за надворешни, здравство и цивилна заштита, пациентите беа трансферирани веднаш. Тројца од нив во болницата Папаниколау, двајца во воената болница и синоќа уште тројца повредени беа префрлени во болницата во Атина. “Тасос Хацивасилиу – заменик министер за надворешни работи на Грција. Од Солун, Муцунски и Таравари, според најавите ќе заминат во Софија... Во соседна Бугарија се лекуваат 14 пациенти, а бугарскиот претседател Радев изрази подготвеност да преземат уште повредени лица доколку има потреба. „ Нашата надеж е брзо закрепнување на повредените во пожарот во Кочани. Сакам да се заблагодарам на бугарските медицински екипи и воениот персонал за брзата реакција и професионалноста во транспортот на повредените и за укажаната специјализирана медицинска нега. Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага со се што е потребно. “Румен Радев – претседател на Бугарија. Во Србија има најмногу пациенти... Од синоќа бројката се зголеми на 29 лица распределени во четири центри- во воената болница и клиничкиот центар Ниш, Воената медицинска академија во Белград и Угрентниот центар. Две млади лица од вчера се испратени и во хрватската клиника за трауматологија во Загреб. „ Синоќа во попладневните часови примивме осум пациенти повредени во пожарот во Македонија. Сите пациенти се со тешки телесни повреди кои се опасни по живот. Од нив тројца се на респиратор, односно им е потребна механичка вентилација. Површината која е зафатена од изгореници е движи до 25 проценти. “Др. Милан Стојичиќ – Ургентен центар Белград. „ Едно лице има помали изгореници од приближно 10 проценти, без респираторни повреди и нема потреба од интензивно лекување. Другото лице исто така има изгореници од 10-15 проценти и има повреда при вдишување која бара интензивни мерки за лекување. Во моментов и двајцата се во животозагрозувачка состојба додека дополнително да ги дијагностицираме и видиме за што се работи. “Др. Тихана Магдиќ Рурковиќ – Клиника за трауматологија Загреб. Освен што прават максимални напори за подобрување на состојбата на повредените од трагичната вечер во Кочани, соседството тагува заедно со Македонија за згаснатите животи. Денеска е ден на жалост во Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина, кадешто редици граѓани пред амбасадите палат свеќи во знак на почит, а сите знамиња низ овие држави се на половина копје.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСуперјахтата на Путин забележана кај ДанскаКонвој од три руски бродови пловеше покрај Данска претходно оваа недела, вклучувајќи ја и суперјахтата Грејсфул, за која се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.Суперјахтата влезе во данските територијални води во недела навечер и помина во близина на островот Анхолт во понеделник наутро, објави данскиот медиум „DR“. Грејсфул наводно била придружувана од разурнувач и патролен брод. Преминувањето привлече внимание затоа што, според „DR“, суперјахтата Грејсфул го исклучила својот „AIS“ предавател на 30 август 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина. Ein ungewöhnlicher russischer Schiffskonvoi sorgt derzeit vor der dänischen Küste für enorme Aufmerksamkeit. Mittendrin befindet sich die Luxusjacht "Graceful", die als persönliche Jacht von Kreml-Chef Wladimir Putin gilt. https://t.co/bSNymOcAok — oe24.at (@oe24at) June 29, 2026 Оттогаш, бродот е практично „под радарот“, иако оттогаш е забележан во близина на Санкт Петербург. Откако конвојот беше забележан во близина на Данска, тој беше под постојан надзор. „Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, кои минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи соодветни можности“, соопшти Данската одбранбена команда. Според претходните извештаи на списанието „Форбс“, суперјахтата „Грејсфул“ е долга околу 80 метри и се проценува дека вреди околу 100 милиони евра. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Данска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило12 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, a двајца под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter