Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки
2Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
1Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
3Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
Веб ТВ72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска трескаЗападно нилската треска продолжува да зема данок во животи. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на АВМУ на наводите изнесени од ММА и МРТАгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија. Агенцијата постапува исклучиво во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Постапувањето на Агенцијата во конкретниот случај се заснова на релевантна доставена документација, како и на информации и податоци добиени од надлежни институции во Македонија и од релевантни странски субјекти. Врз основа на расположливата документација и добиените информации, предметните програмски сервиси се третираат како странски програмски сервиси кои се реемитуваат, а не како домашни телевизиски сервиси што емитуваат програма на територијата на државата, имајќи предвид дека нивниот изворен сигнал не се емитува на територијата на Македонија. Агенцијата особено ги отфрла инсинуациите дека со своето постапување овозможува заобиколување на законските обврски или дека постои каква било незаконитост во постапувањето на Агенцијата и нејзините службени лица. Доколку ММА и МРТ располагаат со наводни докази за незаконско постапување на Агенцијата ги повикуваме истите да ги достават до надлежните институции. Во меѓувреме, посочуваме дека е недозволиво исклучиво поради сопствени интереси да се шират неосновани квалификации и инсинуации кои создаваат впечаток за незаконито или произволно постапување на регулаторот. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКарпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименкиСоветот на Општина Карпош денеска заседаваше по 17-ти пат при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по 26 точки кои се најдоа на дневниот ред.Во таа насока беше поддржана Предлог – Одлуката според која локалната самоуправа доби согласност од Советот, да аплицира на Јавниот конкурс за проекти. Имено, Општина Карпош преку Центарот за развој на Скопски плански регион ќе учествува на конкурсот кој го распиша Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а истиот се однесува за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки. Доколку биде позитивно разгледана апликацијата, Општината ќе набави машини за рециклирање кои ќе ги лоцира во пет поголеми основни училишта на своја територија, кои работат во две смени. Според договореното, Пакомак ќе ги одржува и сервисира машините, а исто така ќе го презема отпадот и ќе врши едукација на учениците за правилна селекција и рециклирање на отпадот. Целосната вредност на проектот изнесува 6.712.725 денари со ддв. Општина Карпош би го кофинансирала проектот со 1.200.000 денари, а МЖСПП треба да ги обезбеди останатите средства во висина од 5.512.725 денари. Поддршка од Советот доби и Одлуката за прифаќање на донација од фирмата Лапласт – М ДООЕЛ од Скопје. Станува збор за донација за опремување на детско игралиште со соодветни реквизити. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 428.000 денари. Со истата динамика, советниците ја изгласаа Одлуката за прифаќање на донација од Здружението на граѓани за унапредувањена екстремните спортови ,,ЕКСТРИМ СПОРТС СКОПЈЕ“. Во случајов, донацијата ќе биде наменета за демонтирање на руинираните дрвени елементи и ревитализација на скејт - паркот во Општина Карпош, со долготрајни елементи од полиран бетон. Вкупната вредност на оваа донацијата изнесува 74.000 денари. Во рамки на денешната седница беше прифатена и разгледувана дополнителна точка која се најде на дневениот ред. Поточно, советниците ја изгласаа Одлуката за доделување на еднократен паричен надоместок за вработените во општинската администрација на Општина Карпош, за нивниот ангажман во теренското расчистување и отстранувањето на последиците предизвикани од невремето, што се случи на 21 јули 2026 година, на територија на локалната самоуправа. Мнозинството советници ја изгласаа Одлуката за давање на согласност за користење на името „КАРПОШ“, во постапка за основање на правен субјект. Станува збор за називот на фирмата за сервис, ремонт и монтажа на лифтови, ДАКА КАРПОШ МСС ДОО Скопје. Поддршка од Советот доби и Предлог – Решението за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година, во Општина Карпош. Изгласано беше и Предлог – Решението за изменување и дополнување на Решението за именување на член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“. Советниците обезбедија потребно мнозинство и за Предлог – Решението, за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места, во детската градинка „Мајски Цвет“. Усвоени беа Годишните Извештаи за работата на сите општински детски градинки на територија на Карпош за 2025/2026 година. Оттука беа усвоени и Годишните Програми за работата на детските градинки за 2026/2027 година. Советниците дадоа „зелено светло“ и за Годишните Програми за работата на десетте основни училишта во Карпош за 2026/2027 година. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
ЕвропаХорор во училиште во Берлин: Две млади лица се убиени во напад со нож Во приватното училиште „Докемус“ во Госен-Ној Цитау, во германската покраина Бранденбург, Германија, е во тек голема полициска операција, откако беше пријавено насилно злосторство.Во приватното училиште „Докемус“ во Госен-Ној Цитау, во германската покраина Бранденбург, Германија, е во тек голема полициска операција, откако беше пријавено насилно злосторство во кое, според Германската новинска агенција (ДПА), беа убиени две лица. Инцидентот се случил рано попладне на училишниот кампус, кој се наоѓа веднаш на границата меѓу Бранденбург и Берлин. Според весникот „Меркише Алгемајне“, службите за итни случаи биле известени околу 13:45 часот, а полицијата претходно добила неколку повици за помош. Според досегашните информации, меѓу жртвите е и средношколка (18), додека другата жртва е маж (30). Според медиумските извештаи, мажот наводно се обидел да го запре напаѓачот, но бил смртно повреден. Некои германски медиуми објавуваат дека осомничениот е маж (19), кој наводно ја нападнал својата поранешна девојка со нож. Сепак, околностите на инцидентот сè уште не се целосно разјаснети. Голем број полицајци, пожарникари и служби за итни случаи се на местото на настанот, а според извештаите на медиумите, побаран е и хеликоптер за спасување. Истрагата е во тек, бидејќи полицијата утврдува што точно се случило во училишниот комплекс и што довело до крвавиот инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook