Живот7 годишно девојче и нејзиниот помал брат - ретката болест ги прави да изгледаат стариАнјали Кумари од Индија има 7 години а нејзиниот брат Кешав само 18 месеци. Децата боледуваат од ретка и тешка болест на кожата која им е збрчкана, а лицата отечени. Оваа тешка ретка болест погаѓа по едно дете на 4 милиони раѓања, и со себе ги носи сите други симптоми на староста - болки и слаб вид, што го прави животот на децата тежок. Нивните родители се очајни да пронајдат лек за братот и сестрата, но лек за состојбата „прогериа“ сеуште нема. Лекарите велат дека животниот век на децата нема да биде подолг од 13 години.Родителите на Анјали и Кумар, како и нивната постара 11 годишна сестра Шилпи, ја немаат оваа болест. - Сонувам за лек за моите деца - вели нивниот татко, 40 годишниот Сатруган. Но тој и неговата сопруга, 35 годишната Ринки Деви, не добиваат охрабрување од лекарите. Тие велат дека се работи за форма на прогериа за која нема лек. Кога Ринки ја родила првата ќерка и се било во најдобар ред, решиле да го прошират семејството. Се родила Анјали, но на 6 месеци добила пневмонија. Нејзината мајка смета дека по болеста детето се променило. - Откако оздраве од пневмонијата влажноста на нејзиното тело се губеше, нејзината кожа се исуши и се опушти. веднаш отидовме на лекар но ни рекоа дека нема лек и дека нејзиниот живот е во рацете на Бога. Ми рекоа дека ќе ми јават ако дознаат за лек, но не се јавија. А од тој момент мојата ќерка Анјали старееше многу бргу - вели Ринки. По пет години добила уште едно дете, синот Кешав, и бргу по раѓањето забележале дека ја има истата болест како сестра му. - Него не го однесовме на лекар бидјеќи знаеме дека е исто како сетсра му. Ние сме сиромашни а посетите на лекарот се скапи - вели таткото Сатруган. Кешав е премногу мал да сфати дека е различен од другите, но Анјали која оди на училиште е премногу свесна. Таа веќе ги има и симптомите кои доаѓаат со длабока старост - ја болат коските, не гледа добро, и има намален имунитет поради што лесно се разболува. - Знам дека сум поинаква од другите деца на моја возраст. Имам поинакво лице, тело, се поинакво. Имам отечено лице. Луѓето гледаат во мене и ми дофрлаат лоши коментари. Децата на училиште ме нарекуваат баба, стара жена, мајмун, и тоа ме нервира. Сакам со мене да се однесуваат како со нормално дете и да ме прифатат. Би сакал да бидам убава како сестра ми. Моите родители велат дека еден ден ќе бидам добра, но јас сум тажна бидејќи тие се мачат и се срамат поради мене. јас сакам да најдам лек, да живеам долг живот без болки - вели девојчето. Постарата сестра на Анјали и Кешав, Шилпи, е нивен заштитник. - Мразам кога ги задеваат. Но што можам да им кажам на тие злобни деца? Јас секогаш ќе бидам тука за својот брат и сетсра. сакам да добијат образование и да не бидат зависни од никој. Ќе ги научам да бидат силни - вели Шилпи. Анјали има болки во нозете, а единствени лекови кои нејзиното семејство може да си ги дозволи се хомеопатските. Но не помагаат. За родителите кои ги гледаат своите деца како стареат побргу од нив, нема утеха. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter