7 – годишно дете заработи рекордни 22 милиони долари на Јутјуб (ВИДЕО) - Канал 5

7 – годишно дете заработи рекордни 22 милиони долари на Јутјуб (ВИДЕО)

Форбс објави листа на најплатени Јутјуб ѕвезди. На прво место е седум годишно дете.

7 – годишно дете заработи рекордни 22 милиони долари на Јутјуб (ВИДЕО)

Проценките на Форбс за заработка на Јутјуб се направени во периодото од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година. Проценките на заработка се базирани на податоците од компаниите Captiv8, SocialBlade и Pollstar, како и врз основа на разговори со инсајдери во оваа индустрија.

Ѕвездите на Јутјуб успеале да склучат милионски договори за рекламирање на познати брендови , откако нивните видеа достигнале милионски гледања.

На врвот на десетте што најмногу заработиле е едно 7 годишно дете. На десеттото место е Логан Пол со заработувачка од 14,5 милиони долари , кој бил исфрлен од Јутјуб во јануари годинава , откако објавил видео на човек во Јапонија како се беси.

На деветто место со заработувачка од 15,5 милиони долари е шведскиот гејмер Феликс Кјелберг, кој има 72,5 милиони следбеници на Јутјуб , и покрај тоа што испраќал антисемитски пораки.

Ирецот Шин Мек Лафлин заработил 16 милиони , најмногу поради неговите живописни описи на видеоигрите и се најде на осмото место. Духовитиот канадски гејмер Еван Фонг заработи 17 милиони од играње популарни видео игри, кои ги коментира на Јутјуб.

На шесто место е гејемрот од Хаваи , Маркиплер со заработени 17,5 милиони долари. Тој по цел ден е на својот Плеј Стејшн 4 , но има време и за склопување милионски договори со познати брендови во САД.

YouTube video

Со 18 милиони долари на петтото место е Џефри Стар , ѕвезда за шминкање , која има и истоимен бренд за козметика. Нејзината компанија вреди 100 милиони долари.

YouTube video

На четврто место со 18,5 милиони долари заработувачка е Британецот Даниел Мидлтон , кој веќе шест години е на врвот со милионски заработувачки . Има 20,7 милиони следбеници на Јутјуб.

YouTube video

На трето место е петчлената група Дјуд Перфект, специјализирани за комплицирани трикови , како што е фрлање на пинг – понг топче или паѓање на Орео бисквите како домина , кое имало 180 милиони прегледи.

YouTube video

На второ место е помладиот брат на Логан , Џејк Пол. Неговиот брат е на десетто место , а Џејк заработил 21,5 милиони од Јутјуб со 3,5 милијарди прегледи на рап песни и смешни трикови.

YouTube video

Со заработка од цели 22 милиони долари се најде седумгодишниот Рајан. Тој , како и сите деца на негова возраст сака лего коцки, возови и автомобили , а неговите оценки за играчки ги следат 17 милиони следбеници на Јутјуб.

YouTube video

Последниот деловен потег на малиот Рајан е лансирање колекционерска збирка на играчки, кои се пордаваат во трговскиот ланец Волмарт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

За време на викендов времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. А во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. 

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

-Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер