3Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
Македонија62-годишник кумановец со шизофренија со години ги тепа членовите на семејството – надлежните не го хоспитализираатСемејство од Куманово со години трпи физичко и психичко насилство од нивен роднина кој живее во истата семејна куќа. Тие досега имаат 50 пријави во полицијата за насилство и до брзата помош во Куманово, но никогаш 62 годишниот маж со потврдена дијагноза шизофренија, не бил однесен во психијатриска установа. Тој деноноќно им се заканувал дека ќе ги повреди и убие роднините и нивните малоленти ќерки. За Канал 5 член од фамилијата раскажува дека сите биле физички малетретирани. Последниот инциднет се случил во саботата, кога ја претепал неговата 86 годишна мајка. Фамилијата најмногу е исплашена за малолетните деца, кои освен што се преплашени дека роднината ја претепал нивната мајка пред нив, туку тој почнал пред децата да се однесува недолично однесување со вулгарни зборови, но и со полово вознемирување, за што исто има пријава до полиција. Од кумановската полиција за Канал 5 одговирија само во 2026 година три пати било интервенирано заедно со брза помош заради пријава во врска со сега 62 годишниот. „Во 2024 година поднесена е кривична пријава за „Силување на дете кое не наполнило 14 години, за тогаш 61 годишниот кумановец“. Од обвинителството за Канал 5 објаснуваат дека не биле доволно обезбедени докази за основаност за соменение за сторено кривично дело и со оглед на тоа надлежниот јавен обивнител донел решение за отфрлање на кривичната пријава. За решенеито е известена подносителот на пријавата, за која не вложила жалба. Тагови: СВР Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаГаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и СловачкаПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји. Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка. Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младитеДенеска (07.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Велес, во Скопје, како и во селата Караслари, Црквино и Кочилари, велешко, реализираа превентивни активности за спречување на пожариНа граѓаните им беше потенцирана потребата за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, напоменувајќи им дека е потребна поголема внимателност во текот на летниот период, континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на регионалниот пат Велес – село Извор, спроведоа сообраќајна превентивна активност, при што на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино пак, во Тетово и Неготино реализираа превентивни активности насочени кон пешаците, со цел да им се укаже на пешаците дека и тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови, кога се движат на неосветлени локации. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивната активност беше поделен и печатен едукативен материјал. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ПС Свети Николе, Пробиштип и Берово реализираа превентивни активности „Соседски патроли – Заедно за побезбедна заедница“. Активностите беа спроведени на повеќе локации каде што во вечерните часови најчесто се собираат млади лица, како паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Беа реализирани непосредни разговори со младите и со присутните граѓани, при што беше потенцирана важноста од почитување на законските прописи, одговорното однесување на јавни места, зачувувањето на јавниот ред и мир, како и заштитата на јавниот имот и урбаната опрема. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од меѓуврсничко насилство, злоупотребата на алкохол и психоактивни супстанции, како и на препознавањето и избегнувањето на други ризични облици на однесување.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook