61-годишниот Стојан живее во неизвесност–лек за ретката срцева болест има, но кога ќе го добие? - Канал 5

61-годишниот Стојан живее во неизвесност–лек за ретката срцева болест има, но кога ќе го добие?

По три години медицински испитувања по клиниките Стојан Наков ја добил дијагнозата Амилодиоза или ретка болест на срцето која е генетска, но ги опфаќа и другите органи во телото. 

61-годишниот Стојан живее во неизвесност–лек за ретката срцева болест има, но кога ќе го добие?

61 годишниот Наков секој ден е во исчекување за лекот што треба да му го продолжи животот. Станува збор за Тафамидис лек кој дневно чини 430 евра. Стојан чека добра вест од комисијата да му кажат дали ќе го прими животно значајниот лек или не. Засега го немаат повикано.

„Не можам да качаувам скали кога ќе станам имам вртоглавици, навистина не можам. Го молам министерството за здравство за овој лек. Ќе ми го продолжи животот“, вели Стојан Наков .

Стојан не може да без помош, неговата ќерка вели дека во целиот систем не се проблем докторите. Таа вели дека докторката од кардиологија го дала максимумот за нејзниот татко, проблем е администрацијата. Куп хартија со дијагноза потврдена а од комисиите секогаш имаат нови шифри и нови барања. Со оваа дијагноза тој само треба да оди на контрола за болеста дијагнозата и состојбата не се менуваат вели Елена. Проблем од продолжување на боледување од работа до конкурирање на лек.

„Куп хартија куп прегледи а не можеме ништо да добиеме никој не кажува веднаш што треба, а бараат нон стоп нови документи“, раскажува Елена, ќерка на Стојан Наков.

Од министерството за здравство за Канал 5 објаснуваат дека досега со овој лек се опфатени 18 пациенти. Со последниот тендер во 2023 година било набавена терапија за 12 пациенти. Двајца пациенти кои беа дијгностицирани по објаување на тендерот беа веднаш вклучени.

„Со вклучувањето на двајцата пациенти планираните количини лек предвремено се исцрпија... На 22.01.2024 на последната комисија за ретки болести, регистрирани се 2 нови пациенти од Клиниката за кардиологија, при што по предлог на докторите на клиниката по приоритет и тежина на клиничка слика. Едниот пациент е веднаш вклучен на терапија, а за другиот планирани се количини со новиот тендер. Во моментот само 1 пациент е на листа на чекање регистриран на 22.01.2024 година“, се вели во писменото соопштение до Канал 5.

Наков е единствениот што е на листата и го чека новиот тендер, засега никој не му одговорил кога ќе биде новиот тендер. Тој работел 38 години има уште три години до пензија и верува дека по тешкиот работен век ќе има заслужена пензија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер