600 евра казна – Нема веќе шетање низ Будва по костуми за капење

По примерот на храватските градови Дубровник и Сплит , црногорското летувалиште Будва воведе забрана за шетање низ градот во костуми за капење.

Со 600 евра ќе се казнуваат сите , кои низ градот ќе се шетаат по костуми за капење. Се планира со 500 евра да се казнуваат сите кои се шетаат без маица , со 600 евра оние кои се шетаат по костуми за капење, а оние кои јадат на јавно место ќе се казнуваат со по 700 евра.

Надлежните градски служби апелираат до граѓаните на Будва да помогнат во спроведувањето на оваа Одлука за комуналниот ред.

Градските власти на Будва најавуваат и дополнителни однесувања на туристите што ќе бидат казнувани , како што е паркирањето , сушењето на алишта , фрлање отпад , гласна музика ...

Слични вакви забрани и казни се воведени во хрватските летувалишта Хвар, Дубровник и Сплит.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер