600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија - Канал 5

600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија

„600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија – потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD)“.

600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија денес се одржа свечената церемонија на потпишување на Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа.

Настанот се одржа во присуство на Н.Е. г-ѓа Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини; Н.Е. г-дин Кристоф Ле Ригољер, амбасадор на Франција во Република Македонија; г-дин Бурим Љатифи, Генерален директор на МЕПСО; г-ѓа Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International; г-дин Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, како и гости од енергетскиот сектор.

Овој грант во вредност од 600.000 евра овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на системот и подготовка на МЕПСО за растечкиот удел на обновливи извори и интеграцијата на регионалниот пазар.

Проектот е фокусиран на четири клучни области: изработка на студии за адекватност на системот со користење на пазарниот симулатор ANTARES, димензионирање на системските резерви, воспоставување методологија за пресметка на преносни загуби и изработка на студија за изводливост, како и подготовка на концептуален дизајн за дигитализација на трафостаница.

Во рамките на проектот, експерти од RTE International – подружница на францускиот оператор на преносниот систем RTE – веќе одржаа обуки за инженерите на МЕПСО за користење на симулаторот ANTARES, со што се унапредуваат нивните технички и аналитички капацитети за поефикасно управување со системот во сè подинамичен електроенергетски пазар.

Во своето обраќање, министерката Сања Божиновска ја нагласи важноста на ова партнерство за изградба на современ и отпорен енергетски систем:

„Денес го потврдуваме партнерството што го зајакнува нашиот пат кон модерен, сигурен и достапен енергетски систем. Техничката помош од Француската агенција за развој ќе му овозможи на МЕПСО да ја забрза модернизацијата и дигитализацијата на мрежата, да го подобри планирањето и работењето и поефикасно да ја управува променливоста што произлегува од поголемото учество на обновливите извори и динамиката на пазарот. Оваа поддршка е значајна за граѓаните и стопанството. Понапредна и попаметна мрежа значи помалку прекини, подобро искористување на чиста енергија, посилни регионални врски и поголема отпорност на системот – без разлика дали станува збор за временски услови, флуктуации на побарувачката или пазарна нестабилност.“

Генералниот директор на МЕПСО, г-дин Бурим Љатифи, го истакна посветеното ангажирање на компанијата кон техничка извонредност и дисциплина во реализацијата:

„Со потпишувањето на овој грант-договор ги зајакнуваме нашите стратешки партнерства и го градиме техничкиот капацитет потребен за современа преносна мрежа. Пилот-проектот за дигитализација, фокусиран на развој на целосно дигитална трафостаница со напредни системи за заштита, управување и надзор, претставува конкретен чекор кон трансформација на МЕПСО во попаметен, поефикасен и ориентиран кон иднината оператор на преносниот систем.“

Г-ѓа Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International, изјави:

„Овој проект претставува значаен чекор напред за енергетскиот сектор на Македонија – обединувајќи ја националната амбиција, регионалната соработка и европското партнерство. Во соработка со МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), придонесуваме за зајакнување на енергетската безбедност, конкурентноста и подготвеноста на земјата за енергетската транзиција. Договорот обединува напредно моделирање на електроенергетскиот систем, иновативно предвидување на резервите со користење на вештачка интелигенција и пилот-проект за дигитализација на трафостаница од 110 kV – одлучувачки чекор кон поотпорна, потранспарентна и поконкурентна електроенергетска мрежа.“

Амбасадорот на Франција, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, нагласи дека овој договор претставува уште еден чекор напред во продлабочувањето на партнерството меѓу Франција и Македонија. Тој истакна дека оваа соработка ја одразува заедничката посветеност на двете земји кон одржлив раст, иновации и енергетска отпорност. Амбасадорот додаде дека Франција, преку AFD и RTE International, со гордост ја поддржува Македонија во напорите за јакнење на енергетската стабилност и создавање позелена и подигитализирана иднина.

Г-дин Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, подвлече дека овој нов договор ја илустрира континуираната посветеност на AFD кон модернизација на преносната мрежа во Македонија. Тој додаде дека оваа соработка е дел од посилната заложба на AFD за поддршка на македонските партнери, и со задоволство ја искористи оваа прилика да го најави отворањето на локалната канцеларија на AFD во Скопје, која ќе ја претставува г-ѓа Мелани Малинво.

Проектот ќе продолжи со нови активности за градење капацитети и техничка поддршка, со што ќе се овозможи примена на напредни технологии и аналитички модели за управување со преносниот електроенергетски систем на Македонија.

За AFD:

Групацијата AFD придонесува за спроведување на француските политики за одржлив развој и меѓународна солидарност. Во нејзини рамки функционираат Agence Française de Développement (AFD) – која го финансира јавниот сектор, невладините организации, истражувањата и обуките; нејзината подружница Proparco, насочена кон приватниот сектор; и Expertise France, агенцијата за техничка соработка.

Групацијата AFD финансира, поддржува и забрзува неопходни транзиции кон поправеден и поотпорен свет. Активна во регионот на Западен Балкан од 2019 година, AFD има мандат да им помогне на земјите од регионот во приближувањето кон стандардите на ЕУ и спроведувањето на Парискиот договор за климатски промени, со цел инклузивен и нискојаглероден економски развој. Од тогаш, AFD има ангажман од над 1,5 милијарди евра во регионот на Западен Балкан, преку 39 активни проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравите

Повеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. 

Крива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравите

Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните.

„Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест.

„Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи.

По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот.

Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени.

Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили?

„Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“.

Од четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили?

Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои.

Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување.

Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП.

Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца.

Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација.

Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот.

„Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада .

Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање.

Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам.

Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски.

За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието.

Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер