6 здравствени грешки што ги правите на топло време: Доктор предупредува – ова сигурно го правите погрешно - Канал 5

6 здравствени грешки што ги правите на топло време: Доктор предупредува – ова сигурно го правите погрешно

Како што почнаа високите температури, а ќе стануваат сè повисоки, добро е да знаете како правилно да се заштитите, но и кои грешки најчесто ги правите – бидејќи би можеле да ве чинат здравје.

6 здравствени грешки што ги правите на топло време: Доктор предупредува – ова сигурно го правите погрешно

Кога конечно ќе изгрее сонце нема подобро чувство од тоа да се излезе надвор и да се ужива во убавото време. Но со оглед дека не очекуваат поголеми температури, поважно од кога било е да останете безбедни под сонцето.

Од несоодветно нанесување крема за сонце до претерано вежбање – постојат многу вообичаени грешки кои ги правите во текот на летните месеци.

Еве што докторите советуваат пред овој викенд со топлотен бран:

Нанесување крема за сонце во погрешно време

Ако планираш да го фрлиш пешкирот во паркот, може да биде примамливо да ја нанесеш кремата дури откако ќе стигнеш. Но, дерматологот д-р Света Рај вели дека тоа е голема грешка.

„Најчеста грешка за време на топлотен бран што ја гледам е нанесување на крема дури откако луѓето ќе излезат на сонце,“ вели таа.

Сончевите зраци можат да предизвикаат изгореници за помалку од 15 минути, а црвенилото може да се појави дури неколку часа подоцна.

„Секогаш препорачувам кремата да се нанесе еден час пред излегување, и да се носи шишенце со себе за редовно повторно нанесување,“ додава таа.

Ненанесување повторно по потење

Кога се потиш, заштитниот слој од крема може брзо да исчезне.

„Ако чувствуваш пот околу лактите или грбот, избриши ја со марамче и повторно нанеси крема веднаш,“ советува д-р Рај.

Истото важи и за капење: „Кремата во вода трае околу 40 минути. Постави тајмер на телефонот и повторно нанеси штом излезеш од базенот.“

Вежбање во најжешкиот дел од денот

Не мораш да се откажеш од тренингот, но важно е правилно да го темпираш.

„Избегнувај активности на отворено меѓу 11 и 15 часот кога сонцето е најжешко и УВ-зраците се најсилни,“ вели таа. Прекумерна активност под силно сонце може да предизвика и топлотен удар.

„Повеќето паметни телефони и часовници мерат UV индекс – ако вредноста е умерена или висока, размисли дали да тренираш во затворено или да нанесеш крема изобилно,“ додава таа.

Занемарување на уши, очни капаци и врат

Многу луѓе забораваат да нанесат SPF на делови како уши, очни капаци и линијата на косата.

„Овие делови се изложени и често ги гледам луѓето со изгорени врвови на уши и вратови,“ предупредува Рај.

„Не ги заборавај овие места кога нанесуваш крема.“

Рехидрирање само со вода

Иако водата е важна, во горештина – спортските напитоци со електролити се уште подобри.

„Овие напитоци содржат соли и шеќери слични на оние во телото и ти помагаат да го надоместиш изгубеното со потењето,“ вели Рај.

Облекување премногу тенки ткаенини

Се верува дека најлесната облека е најдобра, но не секогаш.

„Широката облека е добра за проток на воздух, но подобро е да избереш материјали со подебела текстура – тие не пропуштаат толку УВ светлина,“ објаснува Рај, а пичува Јаху.

„На пример, фармерките се изненадувачки добар избор, бидејќи нивната густа текстура и темна боја нудат поголема заштита.“

Бонус совет од д-р Рај: „Ако држиш парче облека до прозорец и гледаш светлина низ него – тоа значи дека не нуди доволна заштита. Денес постои специјална UPF облека што штити од УВ зраци и е добра за долги престојувања на сонце.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото.

10 европски дестинации за посета за време на есента:

1. Езерото Блед, Словенија

2. Баварските Алпи, Германија

3. Езерскиот округ, Англија

4. Трансилванија, Романија

5. Пертшир, Шкотска

6. Доломити, Италија

7. Долина на Лоара, Франција

8. Лапонија, Финска

9. Долина Дуро, Португалија

10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Индија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат.

„Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството.

Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“.

Ситуацијата во теснецот не се смирува

„Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството.

Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција.

Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина.

Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.

Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер