55-годишната Амида Демири прв пат доби можност да гласа – по децении институционална битка доби државјанство - Канал 5

55-годишната Амида Демири прв пат доби можност да гласа – по децении институционална битка доби државјанство

На 55 годишна возраст, прв пат доби можност да гласа.. Амида Демири од Градско, иако родена во Македонија, по повеќегодишна битка доби македонско државјанство, благодарение на заложбите  на Македонското здружение на млади правници.. 

55-годишната Амида Демири прв пат доби можност да гласа – по децении институционална битка доби државјанство

По половина век, препреки и докажувања дека се родила во Македонија Амида Демири од Градско по дадената заклетва доби македонско државјанство, а во 2024 година ја доби и првата лична карта. Среќно раскажува дека за прв пат на овие локални избори на 55 годишна возраст за прв пат како граѓанин на Македонија ќе може да го оствари своето право и обврска да гласа.

„Си направив социјално си направив здравствена книшка сите документи, се. Сум пресреќна жена во моите години. Би одела да гласам. И твојот глас ќе влијае на локалните избори? Да, пресреќна сум“, раскажува Амида Демири.

Амида живее во Градско, раскажува за децениите поминати по шалтерите и како последна надеж и било Македонското Здружението на млади правници, каде и кажале дека процесот ќе е долг но резултат ќе има. Родителите на Амида биле по потекло од СФРЈ но болни и немоќни родена во семејната куќа не ја запишле во матичните книги на родени. Таа се омажила бракот не бил на хартија и нејзините деца немале државјанство бидејќи сопругот бил болен и починал. Со малкуте документи што ги имала заедно со Александра Ефремова од Македонското здружение на млади правници по години битки ја добиле среќната вест, Амида и нејзините деца денес возрасни луѓе добиле документи.

„Кога имав 40 години отидов кај Александра и ги дадов докумените како без волја. Она рече ќе биде само треба да се потрудиме. Преку други од болница ми се јавија на телефон се јави Александра и те вика, одам она пресреќна, јас уште посреќна. Вика, знаеш ли што? Вика ти си државјанин на Македонија“, низ солзи раскажува Амида.

Амида и нејзиното семејство биле пресреќни снаата и купила торта за прослава, а Амида е среќна што по 50 години со личната карта ќе оди во Србија да ја види нејзината сестра, која не ја видела половина век. Македонија стана првата земја во регионот што ги реши сите случаи со бездржавјанство од распаѓањето на СФРЈ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер