МНР реагира за Демерџиев и Радуков: Изјавите се навредливи, провокативни и мешање во внатрешните работи
2МНР реагира за Демерџиев и Радуков: Изјавите се навредливи, провокативни и мешање во внатрешните работи
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
2Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
Македонија50 илјади случаи на фемицид годишно во светот, според податоците на ООН, експертите со препораки за превенцијата Над 50.000 жени или девојки годишно се свирепо убиени од партнерите или од други членови на семејството, покажуваат податоците на Обединетите нации. Експертите од надвор предупредуват и дека законските решенија се само на хартија, а за вистинска превенција на фемицид, велат потребно е државата да издвојува повеќе пари. – Законите не се доволни за спасување на животи, потребни ни се финансиски средства за услугите и владите и собранијата имаат критична улога и тоа треба да биде приоритет при планирање на буџетот. Исто така, треба да имаме судии коишто ќе бидат обучени да ги препознаат предупредувачките знаци и да прават проценка на ризик. Но, исто така потребни ни се и повеќе инвестиции во мерките за превенција како што е образованието и кревање на свеста. Лара Скарпита, виша советничка за родови прашања, секретартијат на ОБСЕ. Покрај на државно ниво, шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килијан Вал, истакна и дека во рамки на југоисточна европа постои меѓусекторско работно тело кое работи на детектирање на случаи на фемицид, но и на подобрување на одговорот на институциите кога еден случај и навистина ќе биде откриен. – До денеска 92 случаи беа разгледани и 43 од нив се класифицирани како фемицид или обид за фемицид. Во моментот се разгледуваат јазовите и можностите да се дадат предлози за менување на политиките за зајакнување на напорите за превенцијата и зајакнување на одговорот на институциите ,- изјави Амбасадор Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. За фемицидот да биде навреме детектиран пак, клучна е соработката меѓу надлежните институции. – Обвинителството, судството, социјалните и здравствените служби, независните институции и граѓанското општество можат да располагаат со различни информации за насилството што претходело на убиството. Нивното поврзување овозможува да се препознаат предупредувачките знаци – да се утврди каде институционалниот одговор не бил соодветен и така научените лекции од поедичени случаи да се преточат во подобра превенција. изјави Весна Бендевска, потпретседателка на Собрание. Во текот на минатата година во Македонија биле регистрирани 6 случаи на фемицид, еден повеќе во однос на 2024 година кога биле убиени шест жени. По случајот со убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес од страна на нејзиниот пертнер минатата година и законските измени кои потоа следуваа, фемицидот во домашното законодавство сега е дефиниран како посебно кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЗдравјеЖените во перименопауза добиваат стручна поддршка во новото советувалиште на ХЕРАНовата услуга во „Сакам да знам“ – Водно ќе овозможи советување со гинеколог и индивидуални насоки за грижата за здравјето во периодот на перименопауза.Жените кои минуваат низ перименопауза ќе можат да добијат стручни информации, советување и индивидуални насоки за грижата за своето здравје во новото Советувалиште за перименопауза на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, кое денеска официјално се отвора во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. Преку разговор со гинеколог и матичен лекар, жените ќе можат да добијат проценка на своите симптоми и потреби, како и информации за можностите за понатамошна грижа. Перименопаузата е природен период на премин кон менопаузата, но искуството на секоја жена е различно. Според Светската здравствена организација (СЗО), овој период може да трае неколку години и да влијае врз физичката, емоционалната, менталната и социјалната благосостојба. Пристапот до проверени информации и стручна грижа им помага на жените подобро да ги разберат промените низ кои минуваат и да донесуваат информирани одлуки за своето здравје. „Грижата за здравјето на жените треба да ги следи нивните потреби во секоја животна фаза. Перименопаузата е период во кој на многу жени им се потребни повеќе информации, разбирање и стручни насоки, а нивните прашања и искуства не секогаш добиваат доволно внимание. Со отворањето на Советувалиштето за перименопауза, сакаме да овозможиме пристап до стручна грижа и простор во кој жените ќе можат отворено да разговараат за своето здравје и да добијат информации за можностите што им стојат на располагање“, истакнува д-р Велимир Савески, претседател на ХЕРА. Отворањето на советувалиштето е дел од заложбите на ХЕРА за подобрување на пристапот до квалитетна и информирана грижа за сексуалното и репродуктивното здравје во различните животни фази. Во 2025 година, ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го подготвија првиот национален Водич за перименопауза, заснован на медицина базирана на докази, со насоки за препознавање на промените во овој период и за соодветна грижа за жените. „Перименопаузата не е период низ кој жените треба да поминуваат со неодговорени прашања или со чувство дека мора сами да се снаоѓаат. Во Советувалиштето за перименопауза, тие ќе можат да разговараат со гинеколог, да добијат проверени информации и насоки приспособени на нивните потреби. Важно е жените да знаат дека постојат начини за ублажување на симптомите и дека заслужуваат да бидат сослушани, информирани и соодветно поддржани“, истакнува прим. д-р Искра Дукова, гинеколог вклучена во работата на Советувалиштето за перименопауза. Со воспоставувањето на советувалиштето, стручните знаења и препораки се преточуваат во практична услуга преку која жените ќе можат да добијат информации и насоки приспособени на нивните индивидуални потреби. Редовните смени за советување започнуваат на 21 октомври 2026 година, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. За информации и закажување термин, заинтересираните можат да се јават на 070 227 386 или да го користат онлајн-системот за закажување преглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗакани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија Десетици основни и средни училишта ширум Србија утрово добиле закани за поставени бомби преку електронска пошта, јавуваат дописниците на РТС.Добиени се закани за поставени бомби во 21 основно и средно училиште на подрачјето што го покрива Полициската управа Краљево. Од тој број, 18 училишта се наоѓаат на територијата на Краљево, а три на територијата на Врњачка Бања. Учениците се испратени дома, а полицијата врши антидиверзиони проверки. Закани за поставени бомби добиле и 23 основни и средни училишта во Јабланичкиот округ, потврдија за РТС од Полициската управа во Лесковац. На подрачјето на Полициската управа во Чачак, закани за бомби добиле 20 училишта, додека 17 училишта во Златиборскиот округ исто така примиле такви закани. Закани за бомби се пријавени и во неколку училишта во Шабац. Полицијата е на терен и врши проверки. Во Расинскиот округ, 14 основни училишта добиле закани за поставени бомби. На територијата што ја покрива Школската управа во Ниш, четири основни училишта – едно во Куршумлија, две во Алексинац и едно во Ниш – добија закани за поставени бомби. Екипите за противдиверзиона заштита на Министерството за внатрешни работи (МВР) се на терен, а учениците во Ниш веќе се вратија на настава. Закани за бомби добија и 27 основни училишта во Севернобачкиот округ: 18 во Суботица, седум во Бачка Топола и две во Мали Иѓош. На подрачјето на Полициската управа Пожаревац, 23 основни училишта добија дојави за поставени бомби. Екипите за противдиверзиона заштита на МВР се на терен; повеќето проверки се завршени, а учениците се враќаат во училниците. На териториите на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, 20 основни училишта добија вакви закани. Полицијата е на терен и врши проверки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР реагира за Демерџиев и Радуков: Изјавите се навредливи, провокативни и мешање во внатрешните работи Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи.На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна. Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции. Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација. Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием. На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook