Култура5. издание на фестивалот„Преку езерото“ од 8-15 јули во Дојран, Струмица и ГевгелијаПеттото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. На денешната прес конференција за деталите, програмата, гостите и новитетите информираа директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, селекторот, Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. -Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да е фестивал на филмови од тој регион и да не се шириме надвор од тој архипелаг, кој има мошне значајно место во светот на кинематографијата. Оваа година за прв пат фестивалот го регионализираме и од 8-15 јули ќе се одржи во три града: Дојран, Гевгелија и Струмица. Поместувањето на терминот на фестивалот се должи на тоа што сакаме да им овозможиме на студентите и учениците кои сеуште не се заминати на одмор да можат да дојдат во Дојран, Гевгелија и Струмица и да уживаат во филмската магија. Проекциите на филмовите од главната селекција ќе се одржува во Дојран, во прекрасна атмосфера на отворено, во Амфитеатарот кој гледа точно преку езерото, а останатите програми, како краткометражната, студентската програма и кинематографијата во фокус ќе се одржат во Струмица. Годинава за прв пат имаме кинематографија во фокус и тоа ќе биде современата иранската кинематографија- еден ирански филм ќе биде во селекција и ќе имаме светска премиера на „Преку езерото“ и ме радува што сме препознаени како значаен фестивал на кој се одржуваат светски премиери, рече Јани Бојаџи, директор на фестивалот. Бојаџи информираше и за работилницата на која се развиваат и финансираат снимање на дипломски студентски краткометражни филмови. -Оваа работилница ја реализираме по трет пат, веќе се снимени пет краткометражни играни филмови на студенти од македонските универзитети. Од минатогодишната работилница имаме два филма и тие ќе имаат светска премиера на фестивалот во Дојран, соопшти Бојаџи и им се заблагодари на сите актери кои им излегле во пресрет на студентите и снимале без надомест. Новина годинава е соработката со Креативна Европа и организирање на работилница на актуелна тема „Вештачката интелегенција и современата кинематографија“. -Сите сме свесни дека голем дел од кинематографијата ќе биде создавана со алатките на вештачката интелегенција. Јас, како универзитетски професор го поттикнувам тоа и сметам дека не можеме да пливаме наспроти брановите и мора да се движиме заедно со развојот на технологијата затоа што филмот е применета уметност- не можете да направите филм ако не примените технологија. Таа се развива и сите умни колеги порано или подоцна ќе сфатат дека борбата против технологијата е безмислена. Таа работилница ќе ја водат два медија деска од соседството- веќе е потврден медија дескот од Бугарија од каде ќе имаме предавач, а во преговори сме и со медија дескот од Србија од каде чекаме потврда за нивниот предавач, информираше Бојаџи. Селекторот на филмската програма, Златко Гелески рече дека се посветил на сите лица, односно сите култури и филмови кои ги опфаќа Балканот и Медитеранот. -Главната селекција ќе брои шест филмови, поголем дел се филмови од Балканот, но за останатите сакав да допрам до најдалечните точки на Медитеранот, за да се понуди диверзитет. Можам со сигурност да потврдам дека ниту еден филм не наликува на било кој од селекцијата. И токму тоа беше убавината на селекцијата. Предвидуваме гости од сите филмови на фестивалот, бидејќи токму гостите се тие што го прават фестивалот, а културната разновидност е токму она што го прави посебен „Преку езерото“. Во селекцијата на краткометражни филмови ќе има 15 филмови од кои половина се филмови од странство, а другата половина се македонски краткометражни филмови. Значи од 40, 20 филмови ќе бидат македонски. Од друга страна во студентската програма се поместени 12 филмови од студентите на Универзитетот во Тетово, ЕСРА и ФДУ, информираше Гелески и дополни дека фестивалот и годинава ја има програмата за деца. Дејан Милошевски, извршен директор на фестивалот информираше за претпрограмата и програмата на фестивалот. -На 10, 11 и 12 јули ќе се одржи работилницата за развој на сценарија под менторство на Александар Русјаков и секој што сака да биде дел од неа може да аплицира на веб страната на фестивалот, рече Милошевски кој истакна дека очекуваат над 100 гости годинава и подготвени се капацитетите во Дојран за достоен пречек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Шоу бизБарби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова куклаБарби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата „Barbie Signature“. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ - облечена во розов, тесен фустан, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од 80-тите и долга виткана коса. Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон По повод речиси 40-годишнината од објавувањето на песната, како и нејзиниот роденден, куклата ја слави пејачката и нејзиното наследство во музиката, забавата и културата. „Музиката на Витни Хјустон е саундтрак за безброј моменти за обожавателите ширум светот“, рече Натан Бејнард, потпретседател и раководител на брендот Барби во Мател. View this post on Instagram A post shared by Barbie (@barbie) „Барби е горда што ѝ оддава почит на нејзиното извонредно наследство со најновото дополнување на колекцијата.“ „Оваа кукла го слави нејзиниот препознатлив стил, радост и дух. Се надеваме дека ќе им обезбеди на обожавателите значаен начин да го прослават уметникот чиј глас и влијание продолжуваат да резонираат низ целиот свет.“ Многу познати личности имаат свои кукли Барби Куклата беше претставена на петтата годишна гала-вечер Витни Хјустон „Legacy of Love“, која е во корист на фондацијата на покојната пејачка за помагање на младите луѓе. Таа им се придружува на голем број музичари како што се Мајли Сајрус, Кајли Миног, Стиви Никс и Глорија Естефан кои исто така добија своја кукла во колекцијата. Други ѕвезди се Тина Тарнер, Елвис Присли, Елтон Џон и Хуан Габриел. View this post on Instagram A post shared by Barbie® (@barbiestyle) Хјустон стана еден од најпродаваните изведувачи во историјата на поп-музиката откако потпиша договор како тинејџерка. Таа стоеше зад хитови како „How Will I Know“, „Saving All My Love For You“ и нејзината изведба на „I Will Always Love You“, која се искачи на врвот на топ листите. Таа почина во 2012 година на 48-годишна возраст. Извор: Индекс.хр Тагови: Витни Хјустон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
АвтомобилизамМалиот „Smart“ прикажан пред премиерата: Досегот ќе ве изненади„Smart“ се враќа на малите автомобили, но електричниот „#2“ сега има многу поголем досег на возење.Новиот градски автомобил „#2“ на „Smart“ требаше да биде претставен во октомври на Саемот за автомобили во Париз, но кинеските регулаторни документи веќе го открија неговиот изглед и технички податоци. Моделот „#2“ го претставува враќањето на „Smart“ во сегментот на мали градски автомобили и е развиен во соработка со „Mercedes-Benz“ и „Geely“. Ќе се продава исклучиво како електричен автомобил. Дизајнот на производствената верзија е многу сличен на концептот претставен во април. Разликите главно се однесуваат на поедноставна решетка и браници, различни светла, класични рачки на вратите и помали тркала со конвенционални гуми. Купувачите ќе можат да изберат двобојни комбинации на каросерија, различни дизајни на тркала и дополнителни аеродинамични елементи. Поголем, но сепак исклучително компактен „Smart #2“ е долг 2,75 метри, што е околу шест сантиметри подолго од претходниот „EQ ForTwo“. Меѓуоскиното растојание останува речиси непроменето, додека кругот на вртење е 6,95 метри. Автомобилот ја користи новата механичка платформа на „Geely“, „Electric Compact Architecture“, и електричен мотор од 82 КС поставен на задниот дел. Максималната брзина е електронски ограничена на 140 км/ч. Досег 300-400 километри Енергијата се обезбедува од „LFP“ батерија произведена од „CATL“, додека „Geely“ е одговорен за нејзиното склопување. „Smart“ наведува „WLTP“ досег од 300 километри, додека според кинескиот „CLTC“ стандард е можно да се поминат дури 400 километри. Ова е значително повеќе од она што го нудеше претходниот „EQ ForTwo“. Новиот модел ја поддржува и функцијата „V2L“, како и брзо„ DC“ полнење, при што батеријата се полни од 10 до 80 проценти за помалку од 20 минути. Внатрешноста на сериската верзија сè уште не е прикажана, но се очекува дигитална инструмент табла, централен дисплеј и модерни детали познати од концептот. „Smart #2“ ќе се произведува во Кина, а по официјалната премиера во Париз во октомври, треба да стигне до бројни светски пазари, вклучително и Европа. Цената ќе биде објавена подоцна. Извор:Б92Тагови: Smart Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНема повеќе ограничувања за бесплатниот „ChatGPT“„OpenAI“ објави дека бесплатниот „ChatGPT“ ќе добие неограничен број текстуални разговори, како и некои нови функции.Американската компанија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави дека сите корисници на бесплатната верзија на алатката „ChatGPT“ ќе добијат неограничен број текстуални разговори, со што се отстранува претходното ограничување за разговор. Бесплатните корисници и корисниците на пакетот „Go“ во иднина ќе го користат новиот модел „GPT-5.6 Luna“, кој станува стандарден модел наместо претходниот „GPT-5.5“. Покрај тоа, корисниците ќе имаат пристап и до нова опција за подлабоко размислување (Think) што му овозможува на моделот да користи повеќе компјутерски ресурси при решавање на посложени прашања, објавува „Tech Crunch“. „OpenAI“ нагласува дека ограничувањата сè уште ќе постојат за функциите што бараат повеќе ресурси, како што се работа со датотеки, гласовна комуникација, обработка на слики и генерирање нови слики. Промените доаѓаат и кај корисниците со претплата „Plus“ и „Pro“ кои ќе го добијат подобрениот модел „GPT-5.6 Sol“, наменет за брзи задачи како што се одговарање на прашања, пребарување на интернет, планирање, пишување и донесување одлуки. Новиот модел, според „OpenAI“, обезбедува поконцизни и посигурни одговори. Дополнително, корисниците на „Plus“ и „Pro“ добиваат можност да го прилагодат нивото на размислување (Thinking Slider), што им овозможува да одредат колку време и компјутерски ресурси моделот ќе посвети на одговорот, во зависност од сложеноста на задачата. Новиот модел е достапен за корисниците на „Plus“ и „Pro“ веднаш, додека оние кои не се претплатници постепено ќе добијат пристап до неограничени текстуални разговори во текот на оваа и следната недела. Извор: Б92 Фото:ВИТагови: ChatGPT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05