47. Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“ - Канал 5

47. Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“

Возвишено е чувството во предвечерието на Илинден, од Гумење, од славното Крушево, да го честитам најголемиот празник на нашата држава, рече градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески на синоќешното свечено отворање на 477. Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“. Од платото на Гумење, поздравувајќи ги претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, сите потомци на знајните и незнајни херои и сите посетители и гости на отворањето на Манифестацијата, Дамчески нагласи дека славиме големи јубилеи – 112 години од Илинденското востание и 71 година од Вториот Илинден.


- Денес, кога прославуваме 112 години од првиот и 71 година од вториот Илинден, во годината кога славиме речиси четврт век од третиот Илинден, не можеме, а да не погледнеме назад со искрена почит и достоинство, со нескриено чувство на гордост, но идоза на самокритичност. На 2 август 1903-та, во херојско Крушево пламна факелот за ослободување на Македонија од османлискиот јарем. Иако Крушевската Република по само десет дена беше задушена во оган и крв, сепак, искрата на слободата продолжи да тлее во мислите и срцата на многубројните македонски родољуби. Тие го презедоа факелот и ја продолжија народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна, рече Дамчески.

Според Дамчески, на патот кон независноста на Македонија не беше лесно, но Македонија успеа да го надживее турбулентниот период и да излезе посилна и поединствена.

- Останавме верни на заветот врежан во Крушевскиот Манифест, и, врз темелите на вековната традиција на соживот. Изградивме единствен македонски модел на интеграција без асимилација. Успеавме да ја сочуваме тешко стекната слобода, и продолжуваме да се бориме за правата на сите свои граѓани, пред се, правото на своето име, идентитет и достоинствен живот во Република Македонија како дел од обединета Европа, потенцираше Дамчески упатувајќи порака дека делото на илинденците не обврзува да бидеме одговорни и достоинствени.

Потпретседателот на научно-културните средби „Десет дена Крушевска република“, Манојил Јаковлевски во своето обраќање дека токму во славното Крушево, симболот на македонскиот непокор, на 2 август 1903 година сите заедно, Македонци, Власи, Албанци-муслимани, Турци, Евреи, се дигнаа на вооружено востание за ослободување од вековното ропство.

- Во 1903 година во Крушево беше прогласена македонска Република. Востаниците со својата крв ги испишаа новите страници на македонската историја. Со својата крв го испишаа својот аманет. А аманетот од нашите предци, моралот и слободата ни наложуваат дека мора да ја чуваме нашата држава и да ја пренесуваме на нашите потомци, рече Јаковлевски.

Годинава се одбележуваат и два големи јубилеи- 150 години од раѓањето на Питу Гули кој до последен здив ги бранеше Крушево и Републиката и 110 години од загинувањето на Никола Карев, претседателот на Крушевската република.

Јаковлески со благодарност до претседателот Иванов кој јасно им даде на знаење на сите кои сакаа да манипулираат со нашата определеност и иднина, дека Македонија одамна е држава која требаше да биде дел од големото европско семејство, но дека некоја друга држава или европска сила го попречува тоа. А денеска да се биде патриот, се докажува со дела, смета Јаковлевски.

- Да бидеш патриот во 21 век треба со дела да покажеш како се сака и како се работи за својата држава и за својот народ. Денешниот патриот гради патишта, училишта, болници, игралишта, создава услови за странски инвестиции, ги штити социјално загрозените, рече Јаковлеки, порачувајќи да се зацврсти македонскиот корен со што за отворени ги прогласи 47. Научно-културни средби „Десет дена крушевска република“.

На манифестацијата беа доделини плакети на големиот македонски уметник и пијанист Симон Трпчески и постхумно на историчарот Зоран Тодоровски. Беше прочитан Манифестот на Крушевската република, а потоа гардата на АРМ на столбот на Републиката го подигна барјакот кој ќе стои наредните 10 дена до крајот на научно-културните средби. На платото на Гумење концерт одржа групата „Баклава“, а во чест на отворањето на манифестацијата беше изведен импровизиран напад на Крушево.

Пред свеченото отворање на „Десет дена Крушевска република“ илинденските коњаници заедно со делегација на Манифестацијата положија цвеќиња на средина на криптата на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, пред споменикот на партизанските гробишта и на гробот на Тоше Проески. Во споменикот „Илинден“ по повод 110 годишнината од загинувањето на Никола Карев беше отворена изложба на документи насловена: „Никола Карев патешествие низ документи“ во организација на „историски музеј“ – Крушево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Денеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. 

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков.

Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје.

За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле.

Осомничен е дека користел пиштол за стартување

Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед.

Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето.

Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад

Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани.

Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите.

Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада ѕвезда ја одби понудата на Реал за продолжување на договорот- од ПСЖ му нудат тројно повеќе

Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер (21) наводно ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, објавува турскиот Ајансспор, кој се повикува на ESPN. 

Млада ѕвезда ја одби понудата на Реал за продолжување на договорот- од ПСЖ му нудат тројно повеќе

Според тие информации, шпанскиот клуб му понудил годишна плата од осум милиони евра, но младиот играч од средниот ред не ги прифатил понудените услови.

Пари Сен Жермен е исто така заинтересиран за Ѓулер, кој наводно е подготвен да плати дури 200 милиони евра отштета за играч кој, според Transfermarkt, вреди 100 милиони евра. Францускиот шампион е исто така подготвен да му понуди на турскиот фудбалер годишна плата од приближно 22 милиони евра, што е речиси три пати повеќе од сумата што наводно му ја нуди Реал.

Шпанскиот „Ел Гол Диџитал“ исто така пишуваше за евентуалното заминување на Ѓулер, во кој се наведува дека ПСЖ го следи развојот на ситуацијата околу неговиот договор. Сепак, засега нема потврда дека парискиот клуб му испратил официјална понуда на Реал или дека се започнати преговори за трансфер.

Шпанците претходно напишаа дека Гулер веќе се преговарал за нов договор

Информациите за одбивањето на понудата од страна на Гулер се разликуваат од она што го објавија шпанските медиуми на почетокот на октомври. Во тоа време, угледниот „АС“ објави дека Реал Мадрид и турскиот репрезентативец постигнале договор за продолжување на соработката до летото 2031 година.

Според тој весник, новиот договор требало да вклучува зголемување на платата и продолжување на соработката за две сезони во споредба со постојниот договор кој важи до 2029 година. „Мундо Депортиво“ исто така напиша на почетокот на октомври, повикувајќи се на Фабрицио Романо, дека е постигнат договор за продолжување на договорот, но ја наведе 2032 година како година на истекување.

Во меѓувреме, Реал Мадрид официјално не го потврди новото времетраење на договорот. Затоа, сè уште не е јасно дали преговорите станале покомплицирани во меѓувреме или најновите информации за одбивањето на понудата од страна на Гулер се неточни.

Фенербахче би заработил и од евентуален трансфер

Евентуалното заминување на Гулер од Мадрид би било финансиски значајно и за неговиот поранешен клуб Фенербахче. Турскиот гигант, при продажбата на младиот играч од средниот ред на Реал во 2023 година, се согласил за правото на 20 проценти од износот на неговиот следен трансфер.

Доколку ПСЖ навистина плати 200 милиони евра, Фенербахче би можел да заработи 40 милиони евра според таа клаузула. Сепак, износот на надоместокот во моментов се базира исклучиво на непотврдени шпекулации за трансфер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер