Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Култура47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 19-25 септемвриЛауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен.-ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните проекти на Друштвото на филмски работници. 47. издание за нас претставува особена чест и задоволство што повторно го организираме, но претставува и огромна одговорност затоа што ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните фестивали во нашата земја и низ годините успеавме да изградиме бренд по кој сме препознатливи во светот, рече денеска Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски работници. Димитрова посочи дека ИФФК „Браќа Манаки“ е мошне значаен за филмаџиите затоа што им дава можност да се сретнат, да комуницираат и да се запознаат со најголемите директори на камера на денешницата, како Дариус Конџи, Роџер Дикенс и многу други врвни кинематографери. -Фестивалот на филмаџиите исто така им дава можност да ги претставиме нашите филмови пред светот, но и пред домашната јавност и сигурна сум дека и годинава ќе имаме значајни македонски филмови кои ќе бидат дел од селекцијата, истакна Димитрова и упати благодарност до Агенцијата за филм како најголем поддржувач на ИФФК „Браќа Манаки“ со чија поддршка се организира фестивал од светски размери. Димитрија Доксевски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ рече дека 47.издание на фестивалот според бројките и статистиките до денес претставува најамбициозно издание досега. -Среќен сум што достоинствено се доближуваме до 50. издание и што фестивалот расте од година во година и станува еден од најзначајните фестивали не само во регионот, туку и во светот. Во прилог на ова би сакал да посочам дека оскаровецот Воли Фистер кој минатата година беше наш лауреат, годинава се враќа повторно во Битола и ќе биде член на жирито, рече Доксевски. Доксевски го соопшти лауреатот на наградата Златна камера 300- визуелниот гениј на Холивуд, Дан Лаустсен (Dan Laustsen). -Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на љубителите на вистинскиот филмски спектакл. Лаустсен е дански директор на фотографија чија четиридецениска кариера остави длабок белег во современата светска кинематографија. Како активен член на Американската асоцијација на кинематографи (ASC) и Данската асоцијација на кинематографи (DFF), Лаустсен е препознатлив по својот специфичен визуелен јазик, кој успешно ги спојува европската уметничка сензибилност и холивудската техничка прецизност, информираше Доксевски. Роден на 15 јуни 1954 година во Олборг, Данска, Лаустсен го започнува својот формален уметнички пат студирајќи модна фотографија. Набрзо го пренасочува својот интерес кон подвижните слики и дипломира на Националната филмска школа во Данска во 1979 година. Неговите рани ангажмани во скандинавската кинематографија му носат критичко признание и ја поставуваат основата за неговиот препознатлив стил - фокус на длабока атмосфера, висок констраст и стратешка употреба на светлината. Глобалниот успех на Лаустсен во голема мера е резултат на неговите долгогодишни партнерства со истакнати холивудски автори, како: Гиљермо дел Торо и Чад Стахелски. Соработката со Гиљермо дел Торо резултираше со некои од визуелно највпечатливите филмови на 21 век: „Обликот на водата“ (The Shape of Water, 2017), „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley, 2021) и „Франкенштајн“ (2025). Во творештвото на Чад Стахелски, Лаустсен е визуелниот архитект на култната акциона франшиза „Џон Вик“ (John Wick), поточно на второто, третото и четвртото продолжение, каде ги редефинираше стандардите за снимање на комплексна акција и неонска естетика. За својот исклучителен придонес, Лаустсен е повеќекратен добитник на меѓународни награди. Номиниран е за Оскар за филмовите „Обликот на водата“ и „Алејата на кошмарите“. Неговата способност да ги трансформира наративите во уникатни визуелни искуства го позиционира меѓу највлијателните кинематографи на денешницата, а македонската публика и филмските професионалци ќе имаат ретка и ексклузивна можност да застанат очи в очи со легендата. Во однос на програмата Доксевски рече дека годинава има рекордна бројка на пријавени филмови-повеќе од 600 филмови, што е првпат во историјата на фестивалот, како и работилници со студенти од земјава и странство со еминентен директор на фотографија од Белгија, но и со Марија Џиџева и Фејми Даут, работилница поврзана со програмата Еразмус итн. Директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски истакна дека со големо задоволство ја продолжуваат соработката со ИФФК „Браќа Манаки“. -Годинава фестивалот доби зголемена поддршка од Агенцијата за филм во износ од 12 милиони денари, за разлика од минатата година кога поддршката изнесуваше 9. милиони денари. Агенцијата за филм верува во брендот што го изгради Друштвото на филмски работници заедно со сите директори на фестивалот на „Браќа Манаки“. Секако голем успех е што фестивалот доби награда од Британската асоцијација на кинематографери во Англија каде членуваат голем број од светските кинематографери кои доаѓаат и го следат нашиот фестивал, рече Мицевски и посочи дека како Агенција за филм се гордеат со ИФФК „Браќа Манаки“, кој е исклучителен бренд што ги обединува Агенцијата за филм и Друштвото на филмски работници, Кинотека и Град Битола.Тагови: Браќа Манаки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter