44 години од формирањето на „Тигрите“

Денеска се одбележаа 44 години од формирањето на „Тигрите“.

44 години од формирањето на „Тигрите“

Од одделение на милиција за специјални работи во 1981 година со 11 припадници, до една од најелитните единици за антитероризам во Европа и „најударна игла“ на полицијата во земјава... Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ ја одбележува 44 годишнината од своето формирање...

Во впечатливите црни униформи, рамо до рамо стоеја наредени „под конец“ додека се интонираше химната во нивна чест..

А, потоа, заедно со присутните им оддадоа чест на своите „браќа“ по униформа од кои повеќето во борба ги загубија животите во претстрелката со терористите во кумановско „Диво насеље“ – пред речиси 10 години...

Паднатите херои од оформувањето на еденицита подоцна до еден беа споменати, а членови на семејствата добија постхумно благодарници, од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Командантот на Тигрите, Драган Прокопоски кој најави интензивирање на тренинзите и соработката со останатите елитни единици во Европа, се со цел зачувување на уставниот поредок и суверенитетот на државата, вели дека 13 март, е најголемиот потсетник на суштината на нивното постоење...

„Ден што не потсетува на нашата мисија, на нашето постоење и нашата одговорност кон татковината, ова е ден, кога со гордост ја славиме историјата и традицијата на САЕ Тигар, но и ден, кога со длабока почит се навраќаме кои ги изгубија своите животи при извршување на своите задачи. “

Тошковски пак посочи дека САЕ Тигар, поради професионалнста, истрајноста и храброста претставува гордост на како на МВР, така и на цела Македонија.

„Трудот, знаењето, стручноста и нивото на професионален и човечки интегритет, пожртвуваност и достојност се карактеристиките кои ги поседуваат секој еден припадник на единицата и кои генерираат вкупен кредибилитет на САЕ „Тигар“. “

Во меѓувреме, во тек е и целосна реконструкција на центарот за обука во Идризово, кој според замислата, треба на сите идни полициски службеници, но и вработени во МВР да им овозможи соодветно и професионално усовршување по сите модерни стандарди на полициско работење.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Верска церемонија заврши трагично откако маж се удави во езеро во Гватемала.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Застрашувачката снимка го прикажува Мигел Сут (45) како стои на страната на водата длабока до половината додека членовите на христијанската црква се подготвуваат да крстат друг верник во езерото Атитлан во југозападниот град Сан Лукас Толиман, објави Дејлимаил.

Двајца мажи потоа се гледа како трчаат во водата кога лицето кое се крсти изгубило рамнотежа и паднало наназад во езерото. Сут се наведнал напред за да помогне, но и тој изгубил рамнотежа пред да исчезне под површината на водата во настанатиот хаос.

Неколку други луѓе скокнале во езерото за да го бараат Сут, а се слуша како жена извикува „Помош“. Дополнителните снимки покажаа дека групата се бори да стигне до брегот откако не успеале да го спасат Сут.

"О, се удавил. О, се удавил. Го нема", рекла загрижена жена во позадина.

„Го изнесуваат, нема спасувачи.

„И се удави оној во црно. Имаше уште еден“, рекол маж во близина на жената.

На друго видео се гледа како Мигел Сут е извлечен на брегот, каде што други верници се обиделе да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, која ја потврдила неговата смрт.

„Тоа беше моментална и очајна ситуација“, изјави Хуан Кук, еден од членовите на црквата, за порталот Centra News.

„Направивме сѐ што можевме да го спасиме, но не успеавме, не одговори на укажаната прва помош.“

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Во германскиот град Вајлбург во тек е драматична потрага по момче со аутизам, Павлос (6), кое вчера исчезнало после училиште.

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Околу 130 лица од итната помош трагаат по малото дете кое исчезнало во вторникот попладне. За него се загрижени спасувачите, семејството и целиот град.

Синоќа, откако момчето било пријавено за исчезнато, противпожарното возило емитувало гласовна порака од мајката која директно му се обраќа на момчето.

„Павлос, ова е твојата мајка. Излези и не се криј, те молам. Ни недостигаш“, рекла таа, пренесува RTL.

Од звучниците се пуштала и една од неговите омилени детски песни, пишува Билд.

Градоначалникот на Вајлбург, Јоханес Ханиш, утринава преку видео на Инстаграм вети дека секој камен ќе биде превртен додека не се најде Павлос, кој има аутизам.

Тој им се заблагодари на граѓаните за нивното сочувство и упати апел.

„Побарајте го Павлос во вашите градини, бараки, подруми и ќошиња! Ве молиме имајте ги очите отворени“, рече тој.

Можно е момчето да талкало по улиците или да се криело во канцелариите во градот. Сведоците последен пат го виделе Павлос на железничката станица Вајлбург во вторникот, откако тој го напуштил основното училиште.

Цела ноќ дежурале доброволци од полицијата, противпожарната служба, градот, спасувачките служби и Федералната агенција за техничка помош (ТХВ). Барале од воздух со хеликоптер, со брод во вода и со кучиња трагачи по нивите и ливадите. Денеска биле распоредени и хеликоптери и коњаница.

„Над 100 полицајци трагаат по Павлос“, велат властите.

Службите за итни случаи утрово одржаа брифинг.

„Потрагата ја опфаќа целата област Вајлбург. Ќе ги пребаруваме, меѓу другото, јавните згради во градот и визбите кои биле отворени во моментот кога момчето исчезнало“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата Карстен Вернер.

Спасувачите веруваат дека Павлос можеби се криел и веројатно е исплашен.

Градоначалникот Ханиш го опиша момчето со корени од Еритреја како авантуристичко, желно да се искачи и да ужива во водата. Ова е и една од причините поради која интензивно се одвива потрагата покрај реката Лан.

Целиот град (околу 13.000 жители) френетично го бара исчезнатото дете. Многумина се надеваат дека момчето навистина нашло топло скривалиште во зграда, бидејќи ноќта надвор била студена на околу шест степени Целзиусови.

Како што информираат од полицијата, засега не се сомничи дека имало кривично дело.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

Жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ремен со електричен шокер врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

"Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки ремен со електричен шокер.", соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.

Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, е уапсена и обвинета за тежок напад, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.

Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела оглавник за кучиња со електричен шокер.

Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворскиот центар Кејп Меј, во очекување на судење.

притисни ентер