Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
1Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
Македонија391 новоевидентирани жртви на насилство во првото тримесечје од годинаваСкопското јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 54 годишникот кој во алкохолизирана состојба минатата недела со чадор ја тепал сопругата, а подоцна се обидел и да ја задави. Како што велат од обвинителството, осомничениот се товари за телесна повреда при вршење семејно насилство од член 130 став 2 од кривичниот законик. Министерот Фатмир Лимани вели дека семејното насилство е предизвик околу кој треба да се обединиме сите. -Ова не е прашање само на жените. Ова е предизвик за целото наше општество. Можеме да ја промениме оваа реалност ако сите се соединиме. На жените што денес се чувствуваат беспомошно, сакам да им порачам: не сте сами. Има помош, има излез, има излез и без насилство.- - Фатмир Лимани . Според податоците на министерството за социјална политика, само во првите три месеци годинава се евидентирани 391 жртва на семејно насилство. Од нив, 284 биле жени, а останатите се мажи и деца. Пријавени се 286 сторители, од кои 266 биле мажи, а 20 жени. Статистиките покажуваат дека во лани за 14,7 проценти е зголемен бројот на жените кои пријавиле семејно насилство во споредба со 2023 година. Причината за зголемување на бројот на пријави за семејно насилство е зголемената јавна свест за пријавување насилство во институциите. Лимани рече дека секој треба да се охрабри и да пријави доколку е жртва или сведок. -Ако видиш насилство – реагирај. Ако слушнеш плач – не игнорирај. Ако си родител – научи го синот да почитува, а не да контролира, зашто во оваа борба или си дел од решението, или си дел од проблемот или насилството.Законот е навистина темел, но човечката чувствителност спасува животи. И на крај ви се обраќам на сите вас: да не молчиме, да зборуваме, да им веруваме на жртвите,- - Фатмир Лимани. На настанот беше присутен и заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Даниел Филер упати порака дека семејното насилство не е само лична трагедија, туку претставува општествен неуспех и влијае врз секоја заедница. Според експертката за родови прашања, Жаклина Гештаковска Алексовска, пак, одговорноста за борба против семејното насилство не е само на министерството за социјална политика, туку за сите институции. Семејното насилство во Македонија се регулира со пет закони, вклучувајќи го и законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и во повеќе поврзани одредби и подзаконски акти. Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДачија подготвува нов, помал кросоверПроизводителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел. Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности. Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија. Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал. Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia. Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата. Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек. Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster. Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди. Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра! Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаГенерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во КопенхагенНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие. Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од витално значење за Алијансата со посебен акцент на зајакнување на колективното одвраќање и одбрана, имплементација на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, иновации и технолошки развој во одбраната, како и континуирана поддршка за Украина. За време на состанокот, генералот Лафчиски ја потврди цврстата посветеност на нашата држава кон зајакнувањето на колективната одбрана и зачувувањето на регионалната стабилност. Притоа, тој го истакна непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби. Во рамки на работниот дел од конференцијата беше спроведено и гласање за избор на следен претседавач на Воениот комитет. Воениот комитет се состанува за да дискутира за операциите, мисиите, вежбите, капацитетите и други релевантни теми на НАТО. Како највисок воен орган на НАТО, неговата главна улога е со консензус да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени совети за начинот на кој Алијансата најдобро може да се справи со глобалните безбедносни предизвици. Пред почетокот на активностите, делегацијата на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Данска, господинот Фадил Зендели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛицето на Кристина Агилера главна тема на интернет,изгледа „мазно“ и младоликоЛицето на светската музичка ѕвезда, русокосата пејачка Кристина Агилера е главна тема на социјалните мрежи.Атрактивната Кристина блесна на гала-вечер во Монако во креација на „Версаче“, а вниманието го привлече еден детал во нејзината шминка што ѝ го освежи изгледот. Познатата пејачка блескаше на гала настан во Монако, појавувајќи се во елегантна креација на Версаче која го привлече вниманието на присутните. Гала вечерата на Фондацијата на принцот Алберт II од Монако собра бројни познати личности од светот на уметноста и јавниот живот, вклучувајќи ја и американската пејачка. За таа пригода, Агилера избра софистицирана вечерна тоалета која го прегрнуваше нејзиното тело и ја нагласуваше нејзината фигура. Дизајнот ја спојуваше класичната елеганција со модерниот гламур, а длабокиот шлиц и длабокото деколте особено се истакнуваа. Карактеристичен детаљ на деколтето дополнително го надополни монохроматскиот изглед, давајќи му на фустанот впечатлив изглед. Пејачката го надополни својот изглед со волуменозна фризура со крупни локни, додека шминката се потпираше на неутрални тонови во комбинација со нејзиниот препознатлив црн ајлајнер. Посебно внимание привлече и начинот на нанесување на руменилото; нагласените образи создадоа ефект на „нежен гламур“ (soft glam), истовремено давајќи ѝ видливо посвеж и помладешки изглед. Овој специфичен детал од шминката привлече многу погледи, а изгледот на Агилера во Монако уште еднаш покажа како еден едноставен потег во разубавувањето може значително да го трансформира целокупниот изглед, пренесува Superzena.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24