Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи
2Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
Култура38 предлози за одбележување на годишнини во 2015Триесет и осум предлози содржи Предлог-програмата за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година, која матичната собраниска Комисија за култура ја прифати денеска на седница и ќе биде проследена на усвојување од Собранието на РМ. Работната група ги разгледала притигнатите 166 предлози на 29 институции и 38-те што ги селектирала ги исполнувале критериумите за значајност и критериумот временски интервал. Меѓу јубилеите за настани кои се предлага да бидат одбележани идната година, се 70 години од: кодификација на македонскиот јазик и усвојување на македонскиот правопис; завршувањето на Втората светска војна; Првиот црковно-народен собор за возобновување на МПЦ; формирањето на првата народна Влада на ДФМ (на Трето заседание на АСНОМ); формирање на Македонскиот народен театар; објавување на првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ и од првото основно училиште на албански јазик „Лирија“ во Скопје. Во годишнините за настани се предлагаат и: 90 години од објавувањето на Абецедарот, 110 години од излегувањето на весникот „Македонија“, 110 години од масакрот во прилепското село Загоричани, 50 години од објавувањето на Историјата на македонскиот јазик од Блаже Конески. Во јубилеите за значајни личности, меѓу другите, се предлагаат 110 години од смртта на Никола Карев, Александар Турунџев и Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Ѓорче Петров и 175 на Димитар Поп Георгиев Беровски, 100 години од загинувањето на Јане Сандански, еден век од раѓањето на Мирче Ацев, Антон Попов, Кузман Јосифовски-Питу и Венко Марковски, 90 години од раѓањето на Кирил Македонски и на Властимир Николовски и исто толку од смртта на Тодор Паница, 500 години од мачеништвото на св. Ѓорѓи Кратовски, 40 годни од смртта на Ристо Крле... Од албанската заедница за одбележување се предложени 275 години од раѓањето на Али-паша Тепелена, 150 години од раѓањето ан Ибрахим Темо, 80 години од раѓањето ан Али Вишко, 50 години од смртта на Фан Ноли, 20 години од смртта на Антон Чета и 10 години од смртта на Мурат Исаку... Носители на одбележувањето на годишнините во наредната година ќе бидат државни и локални институции. Членови на работната група што ги селектираше предлозите посочи дека предлог-програмата е избалансирана, но нема предлози од други етнички заедници - турската, ромската, влашката. И оваа година институциите не биле ажурни да одговорат на повикот за доставување предлози, не пратиле предлог, а повеќето (освен пет) не ни одговориле дека немаат предлог за годишнина во 2015 година. Претседателката на Комисијата Силвана Бонева рече дека пратиле дописи до 120 институции, а одговори добиле од 29, и покрај рокот од два месеца кој им бил даден. Членовите се согласија дека Македонија има можност да направи многу побогата програма на настани и личности, но дека таа зависи од институциите кои од година во година се повеќе затајуваат. На денешната седница беа поддржани во прво читање и Предлог-законот за издавачката дејност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство. Нив ги образложи заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Тие донесуваат многу измени во постојните закони со кои се дорегулираат овие две области. Во Предлог-законот за заштита на културното наследство, на пример, новини се: археолошки катастар, согласност од Управа за заштита на културно наследство при трансформација на земјоделско во градежно земјиште, измени во условите за стручен раководител на археолошки истражувања (се предлага едно лице веќе да не може да биде стручен раководител на две или повеќе археолошки истражувања) итн... Поради значајноста на двата предлог-закона и за да се слушне ставот на експертите, за нив Комисијата за култура ќе организира одделни јавни расправи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедностПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници. „ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“. Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежиФранцуските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи.Во Париз, ограничувањата важат во делови од центарот. Полициски час е воведен и во Марсеј, Бордо, Ница, Лион и Лил.За време на протестите уапсени се повеќе од 2.500 лица, а околу 1.000 полицајци се повредени. Министерот за внатрешни работи на Франција призна дека полицијата изгубила контрола во некои градови.Протестите започнаа со барања за подобри услови во училиштата, а потоа се проширија. Демонстрантите протестирале и против високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги. Премиерот Себастијан Лекорну им дозволи на градоначалниците да воведат полициски час каде што е потребно.владата најави финансиска помош за обновување на областите погодени од насилството. Повеќе од 2.000 продавници и други бизниси претрпеле штети за време на немирите. Според француската стопанска комора, штетите се проценуваат на стотици милиони евра.француските власти анализираат снимки од безбедносните камери за да ги идентификуваат одговорните за насилството.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска продолжува судењето за случајот„Државна лотарија“ каде второобвинет е Артан Груби Денеска продолжува судењето за случајот Државна лотарија каде второобвинет за злоупотреба на службената положба е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој деновиве излезе од куќен притвор.Кривичниот суд ја укина мерката по истекот на законскиот рок. Неговото враќање во скопски Чаир беше проследено со факели и огномет. Според обвинението, случајот се однесува на набавки во 2023 и 2024 година. Груби во февруари годинава беше приведен на граничниот премин блаце.претходно повеќе од 14 месеци беше недостапен за органите на прогонот. Иако куќниот притвор е укинат, остануваат мерките за претпазливост.тој не смее да го напушта скопје и мора повремено да се јавува во судот.Тагови: Артан Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter