38 годишен скопјанец осомничен за убиство на сопругата, уапсен на Табановце при обид за бегство - Канал 5

38 годишен скопјанец осомничен за убиство на сопругата, уапсен на Табановце при обид за бегство

38 годишен скопјанец во семејниот дом, со остар предет вчера ја усмртил  сопругата,  но два часа подоцна бил уапсен од полицијата на ГП Табановце при  обидот  да побегне во Србија.

38 годишен скопјанец осомничен за убиство на сопругата, уапсен на Табановце при обид за бегство

. По извршениот увид во семејната куќа од страна на дежурен јавен обвинител биле прибрани траги и материјални докази кои ќе се вештачат а телото е предадено на обдукција. Од Обвинителството повеќе детали најавија во текот на денешниот ден.

-Вчера околу 17 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Н.А од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело убиство. Имено вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејна куќа во Скопје Н.А со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош,-Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Семејното насилство и фемицидот стануваат се почести појави во земјава – алармираат и од националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Оттаму ги охрабруваат жртвите да пријавуваат, а надлежните институции ефикасно да ја вршат својата работа. Координатрката Аврамоска Нушкова вели законската рамка во земјава ги препознава речиси сите облици на семејно насилство, но проблемот е во нивната имплементација.

-Жртвите многу слабо претежно го пријавуваат насилството. Од една страна можеби она да не се чуе дома што ни се случува или срамот што ќе кажат комшиите или роднинтите, а од друга страна посебно недоверба кон институциите дека нема да се преземе ништо па и податоците покажуваат дека многу слабо се презема. Не е проблем законот, туку имплементацијата. Прво професионалците кои што работат во прва линија оние што први одговараат пред се полицијата и локалните центри за социјална работа, каде што е потребно дообучување, доусовршување,Ана Аврамоска Нушкова - Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Потатоците покажуваат дека само во периодот од 2019 до 2022 година биле извршени 19 фемициди.

Во 2023 година биле пријавени три случаи само во првите 9 месеци.

Во првите 9 месеци од 2024 година пак, биле пријавени 517 случаи на семејно насилство, а 476 од сторителите биле мажи. Според статистиката на мвр најчестите причини за семејното насилство се болестите на зависност пред се алкохол и дрога, потоа семејни недоразбирања, како и финансиски потешкотии.

YouTube video

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски .

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта.

Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

- Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со посетата на Скопје на претседателот на Европскиот совет, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

- Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што од другата страна не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источен сосед. Ќалам што е тоа така и се надевам дека во периодот што следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски.

Додаде дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Европската политичка заедница во Тирана.

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА во петокот, рече дека посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ и оти фактот што го посетува Западен Балкан и што доаѓа во Скопје, е доказ дека се подготвени за проширување.

- Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот, рече Бримора за МИА.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Состојба на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Дневен хороскоп за 15. мај 2025 година

Дневен хороскоп за четврток , 15. мај 2025 година. 

Дневен хороскоп за 15. мај 2025 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања.

Кариера

Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка.

Здравје и совет

Држете се подалеку од каква било негативност.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават.

Кариера

Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите.

Здравје и совет

Продолжете да истражувате за здравиот живот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Разграничете ги приоритетите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина.

Кариера

Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив.

Здравје и совет

Имате поголема сигурност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска.

Кариера

Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето.

Здравје и совет

Бидете активни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов.

Кариера

Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши.

Здравје и совет

Довршете си ги заостанатите обврски.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине.

Кариера

Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете.

Здравје и совет

Користете ги паузите за одмор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови.

Здравје и совет

Не се предавајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства.

Кариера

Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе мечтаете со отворени очи.

притисни ентер