360 полуматуранти од Ѓорче Петров добиваат еднократна финансиска поддршка од 5.000 денари - Канал 5

360 полуматуранти од Ѓорче Петров добиваат еднократна финансиска поддршка од 5.000 денари

Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината.

360 полуматуранти од Ѓорче Петров добиваат еднократна финансиска поддршка од 5.000 денари

Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров.

Оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици.

„Младите се нашата иднина и наша најголема обврска. Со оваа мерка покажуваме дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува учениците, го поддржува образованието и стои зад семејствата. За првпат воведуваме ваква поддршка, затоа што силна заедница се гради со грижа, посветеност и конкретни дела“, истакна градоначалникот Стојкоски.

Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека поддршката за младите, образованието и семејствата останува еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа.

Силна заедница — силно Ѓорче Петров.

Општина Ѓорче Петров

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската и хрватската царина со заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата

Преку олеснување на трговијата до зголемување на трговската размена.

Македонската и хрватската царина со заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата

Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите. Ова беше главниот заклучок од денешната средба во Хрватска остварена на високо ниво помеѓу делегации од двете држави, предводени од директорите на Царинските управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, заедно со претставници од стопанските комори и асоцијацијата на превозници.

На средбата двете делегации дискутираа за предизвиците со кои се соочува бизнис заедницата, како и за можностите од нивно надминување преку поедноставување на царинските процедури, намалување на административниот товар за транспортерите и времето на чекање на границите, имплементација на современи решенија и понатамошна дигитализација на процесите, како и за можностите за приоритетен третман за доверливи економски оператори.

„Со оваа средба, испраќаме и силна порака: дека институциите навистина се сервис на економијата. Дека границите треба да бидат место на контрола на ризикот, а не бариера за легалната трговија. Царинските администрации од регионот и Европската Унија можат да работат како вистински партнери во интерес на економијата, конкурентноста и интеграцијата на нашите пазари. Оваа иницијатива ќе ја преточиме во конкретна оперативна соработка која треба да донесе мерливи резултати за економските оператори, компаниите, транспортерите и граѓаните на двете држави“, истакна директорот Бобан Николовски.

"Нашата цел е да изградиме партнерски однос со стопанството од двете земји, заснован на доверба, транспарентност и постојана комуникација, а денешната средба претставува одлична основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Хрватска и Македонија. Ефикасната соработка помеѓу двете Царини ќе биде основа за развој на економиите на двете земји“, порача Демировиќ.

Присутните претставници од Стопанската комора, Сојузот на стопански комори и Асоцијацијата на превозници Макам- транс од Македонија ја поздравија иницијативата за заедничка платформа истакнувајќи дека ова е прва средба од ваков вид и е пример на успешно партнерство со институциите како клучно во зголемување на конкурентноста на економиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. 

Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората.

Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел.

Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба.

Зошто во Македонија граѓаните гласаат со отпечаток од прст, спреј, идентификација и строги контроли, а за дијаспората се предлага електронско гласање без никаква реална контрола?

Дали тоа е демократски? Дали тоа е фер?

Мицкоски знае многу добро зошто го турка ова решение.

ВМРО-ОКГ има историја на кражба на избори.

Пред десетина години видовме како се крадеа гласови, како се организираа паралелни структури и како се користеа сите можни механизми за манипулација.

За нив кражбата на пари и кражбата на гласови е исто и во едниот и во другиот случај станува збор за криминал.

Сега, кога веќе не им поминуваат лажините афери и дефокуси, се обидуваат преку Изборниот законик да си обезбедат нов механизам за манипулација.

Електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е исто така опасно.

Разликата е само во методот.

Но, најважно од сè е следново:

Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор.

Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда.

Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува“. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ.

Затоа што ЕУ значи независно судство, европско обвинителство и крај на неказнивоста. А токму тоа Мицкоски и неговата банда најмногу го плашат.

Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус. Затоа и продолжуваат со манипулациите.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ниту со електронско гласање, ниту со гласање преку пошта без контрола.

Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија, ниту од дијаспората.

Ќе продолжиме да се бориме за фер и демократски избори, за реформи и за европска Македонија.

Сè друго е само продолжение на истата стара игра - игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три средношколки со платформата „Дигитален чувар“ победија хакатонот SheSafe Online во Скопје

Тимот Safe Trace, три 17-годишни ученички, Бисера Дрндар, Ана Костуранова Денковски и Мија Костуранова Денковски, го освои првото место и наградата од 500 евра на хакатонот SheSafe Online што се одржа во Скопје.

Три средношколки со платформата „Дигитален чувар“ победија хакатонот SheSafe Online во Скопје

Нивното решение „Дигитален Чувар“ е платформа поддржана со вештачка интелигенција што им помага на корисниците да ги разберат и заштитат своите дигитални идентитети, анализирајќи јавно споделени информации и покажувајќи преку интерактивна Ripple Map како навидум безопасни објави можат да откријат чувствителни детали. Жирито го гласаше решението за најдобро на настанот.

Второто место и наградата од 250 евра ги освои тимот Curly Burrito, Мануела Наумовска и Тамара Нешовска, со прототипот SafeWalk, апликација што им помага на жените да избираат побезбедни пешачки рути врз основа на податоци од заедницата, со поддршка за македонски, српски и албански јазик.

„Импресионирани сме од зрелоста и општествената свест на овие млади луѓе. Тие не решаваа апстрактни проблеми, тие развиваа технологија што одговара на реални ризици со кои се соочуваат жените и девојките секој ден“, изјавија организаторите.

Хакатонот SheSafe Online, одржан во Startup Club Скопје, собра 20 млади иноватори на возраст од 17 до 25 години, од кои 95% беа жени, кои во текот на 36 часа развиваа технолошки решенија за заштита на жените и девојките од дигитално насилство. Сите седум тимови ги презентираа своите решенија пред стручно жири на Demo Day, работејќи на три реални сценарија на родово базирано насилство и онлајн ризик: безбедна и скриена комуникација под дигитален надзор, итен и дискретен повик за помош на јавно место, и препознавање на онлајн манипулација кај младите.

Учесниците добија менторство од професионалци во технологија, социјални иновации и поддршка за жртви, а нивните решенија ги оценуваа специјалисти од АСТРА, ICT Hub Белград, Business Impact Lab, Технолошко-металуршкиот факултет (УКИМ) и Отворена порта – Ла Страда Северна Македонија.

Оваа активност е организирана од страна на АСТРА – Акција против трговија со луѓе и ICT Hub во рамките на регионалната програма „ЕУ за родова еднаквост: економско зајакнување на жените и спречување на насилството врз жените“, финансирана од Европската Унија и заеднички спроведувана од UN Women и UNDP.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер