„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
1„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
2Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Живот35 бубрежни камења отстранети кај човек кој секој ден пиел по 3 литрa газирани пиjaлоциЕден доктор предупреди на опасностите од прекумерно консумирање газирани пијалаци откако морал хируршки да отстрани дури 35 камења од мочниот меур на пациент. Човекот секојдневно пиел до три литри газирани пијалаци. Бразилскиот уролог д-р Талес Андраде сподели видео на Инстаграм кое досега го имаат видено повеќе од 8,5 милиони луѓе. Во видеото, тој вели дека „прекумерното консумирање на газирани и шеќерни пијалаци“ може да доведе до формирање на камења во бубрезите. Зборувајќи на португалски јазик, д-р Андраде покажа сад полн со големи жолти камчиња што ги отстранил за време на процедурата, додека пациентот сè уште бил на операционата маса. Бубрежните камења се калциумови наслаги што се формираат во уринарниот тракт. Тие можат да предизвикаат силна болка, гадење, повраќање, пецкање при мокрење, па дури и крв во урината. Доколку не се лекуваат, камењата можат да се придвижат кон мочниот меур и да предизвикаат сериозни компликации како што се откажување на бубрезите или сепса, опасна состојба каде што телото ги напаѓа сопствените ткива и органи. Во описот на видеото, д-р Андраде објасни дека формирањето на камења е предизвикано од прекумерното внесување шеќер. Газираните пијалаци содржат големи количини шеќер, што го зголемува нивото на калциум во телото, а со тоа и ризикот од формирање камења. Крвта во урината, инфекции на уринарниот тракт и чувството на мачнина и повраќање се исто така чести предупредувачки знаци. Камењата во бубрезите се јавуваат кај повеќе од 10% од луѓето, најчесто на возраст меѓу 30 и 60 години. Тие се формираат кога штетните супстанции од крвта почнуваат да се таложат и да формираат кристали, кои со текот на времето се стврднуваат и се претвораат во камен. Повеќето камења се доволно мали за да се исфрлат преку урината. Меѓутоа, кога ќе станат преголеми, потребна е операција за нивно отстранување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста. „Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет. „Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема нови случаи на заболени со морбили во МакедонијаДенеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните. Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани. На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЃорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална салаПовеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter