3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
Култура34 концерти и 6 театарски претстави на програмата на 61 издание на Фестивалот „Охридско лето"Повеќе од 500 уметници од 18 земји ќе бидат дел од магијата што уметноста ќе ги донесе на годинешното 61 издание на најреномираната и најголемата музичко- сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето". Врвни концерти со познати светски имиња, со приоритет на македонски уметници кои имаат светска слава, национални оркестри и театарски куќи. Спој на еминентни домашни изведувачи кои заедно ќе настапат со светски познати имиња од уметноста, за потврда на Фестивалот „Охридско лето" како еден од најголемите промотори и афирматори на врвната уметност. -Гордост, но и голема одговорност е да се зборува за врвна програма во време на ковид-пандемија кога секој настан се реализира по строго утврдени заштитни мерки. Годинава започнуваме во традиционалниот термин 12 јули, а фестивалската возбуда ќе трае до 20 август кога, како и секоја година, се спушта завесата на „Охридско лето" истакна на денешната прес-конференција директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ. Таа додаде дека месец дена пред почетокот на Манифестацијата во целост се завршени активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на сценско-техничкиот дел од фестивалот. -Минатата година како тим покажавме дека можеме да се справиме со сите предизвици и да се заштитиме од сите опасности што ги носи пандемијата. Тоа нѐ направи годинава да сме уште повеќе подготвени и поискусни за реалицацијата на претстојните 40 фестивалски вечери, рече таа. Што се однесува на свеченото отварање на Фестивалот, оваа година тоа ќе биде во знакот на Големиот Чајковски, со спектакл сочинет од најубавите дела на рускиот виртуоз, преку делови на балетската трилогија „Лебедово езеро", „Оревокршачка" и „Заспаната убавица", и извадоци од балетот „Ана Каренина" и операта „Евгениј Онегин", во изведба на Националната опера и балет. Станува збор за грандиозен проект од над 90 уметници на сцената на Античкиот театар, балетските првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Селекторката на музичката програма на Фестивалот, Даница Стојанова, најави 34 уметнички концерти со прекрасна динамика, програма што, како што рече, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која има за цел да ја прослави уметноста преку различни музички композиции. -„Охридско лето" како фестивал е со голем интегритет и единствен од Македонија кој нуди врвен квалитет и како таков е многу познат во целиот свет. Оттука и покрај специфичната состојба и сите пропратни ризици, програмата ја правев следејќи ја мојата единствена цел и должност кон уметноста, како и мојот професионализам односно да се задржи и подигне уште повеќе квалитетот на фестивалот, рече таа. Меѓу најдобрите и најхрабрите кои ќе допатуваат од повеќе страни на светот се врвни имиња како Александар Штаркман, Ѓуљсин Онај, Вихан квартет, Ирина Графенауер, Мате Бекавац Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович, Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл „Театро ала мода", Горѓи Цинциевски, Саимир Пиргу и Мерита Таршана, гудачки квинтет на филхармонијата од Загреб на чиј концерт ќе настапи нашиот млад виолинист Александар Иванов, Калина Мрмевска, Надја Неволовиќ, женскиот хор под раководство на диригентот Ивица Зориќ Менада, мешаниот хор на филхармонијата од Приштина, Елоизе Карлин, Барокни дијалози со камерниот ансамбл на Македонска филхармонија, Алесандро Фатони и Џорџо Мартану,Петру Иуга и Михаил Хориа, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, Лирска вечер со фестивалски камерен оркестар и вокални солисти под диригентската палка на Паскал Галоа, Захариас Тарпагос и Валерија Харитиду, дуото гитари Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ, Владимир Марковиќ и Јулијана Шуловиќ, Драган Средојевиќ и Ненад Ивовиќ. Во слободната програма се два проекти „З З квартет" и Балкански танцов проект Сви марш на плес со кореографија на Игор Киров, додека за роденденот на фестивалот ќе настапат нашите извонредни уметници групата „Синтезис", националната институција Танец, 35-години од камерниот оркестар Саша Николовски Ѓумар на МММ со солист Богдана Бушевска и диригент Борјан Цанев. Концертите ќе бидат реализирани во Античкиот театар, во црквата „Света Софија" и Долни Сарај. Музичката програма на фестивалот обезбеди 34 концерти од кои два се во офф-програмата. И љубителите на театарот годинава ќе имаат прилика да уживаат во квалитетни театарски креации од земјава и надвор од неа. Александар Поповски, драмскиот селектор на Фестивалот „Охридско лето" најави дека оваа година програмата е составена од она што домашната продукција успеала да го создаде во овие специфични услови во кои мораа да работат тетарите. -Сосема сум свесен за ситуацијата во која се наоѓаме и за разликата помеѓу желбите и она што е реалност. Сметам дека треба да го славиме секој изговорен збор од сцените, секоја геста, ској аплауз. Мислам дека ако нешто можеме да научиме од оваа ситуација е тоа колку многу е важно она кое го работиме и колку силно мораме да го чуваме она што го нарекуваме театар, порача во видео-пораката Поповски. На драмската програма ова фестивалско издание се шест театарски претстави, на неколку сцените на Античкиот театар, Предворјето на Света Софија, Долни Сарај, дворот на училиштето „Свети Климент" и Центарот за култура„ Григор Прличев", секоја од нив со различни и уникатни естетики. Тоа се претставите „Крик за љубов" на Охридскиот театар, History of Mother Fuckers" преработка на Вилијам Шекспир на Битолскиот театар, Српскиот народен театар од Нови Сад ќе ја донесе животната драма на Џенис Џоплин, Театарот комедија со претставата „Вечера за глупаци", Македонскиот народен театар ќе се претстави со „Само глас", а драмската програма на „Охридско лето" ќе биде заокружена со претставата „На отворено море" во изведба на актерската екипа на Југословенскиот драмски театар од Белград. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter