3Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
Македонија30-дневен притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, осомничен за примање поткуп од 50 илјади евраОбвинителството бара притвор за осомничениот директор на Државен инспекторат за земјоделство Васе Анакиев поради примање поткуп отако кај него биле пронаједени 50 илјади евра под совозачко седиште, информираат од МВР. Но, сумата која што ја барал како поткуп од сопственик на фирма која се занимава со увоз била 100 илјади евра и требало да му биде предадена во три наврати од страна на шпедитор кој требло да биде посредик. Од ОЈО појаснуваат дека осомичениот директно побарал значителна имотна корист за себе за да „изврши службено дејствие што би морало да го изврши“ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увозот на стока, иако истата многупати претходно била увезувана без проблем. Бил фатен по примопредавањето на првата рата од 50 илјади евра. „ На оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра.По земањето на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени“– Гоце Андреевски, Портпарол на МВР Директорот на Испекторатот за замјоделство и потпретседател на Социјалистичката партија Васе Анакиев се сомнични за кривичното дело примање поткуп од Кривичниот законик. По негвото лишување од слобода се огласија и од Министерството за земјоделство и од Социјалалистичката партија, од каде побараа целосно расчитуцање на случајот и секој кој ги прекршил законите да одговара за стореното. - Ги повикуваме надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. - СПМ За случајот се огласија и од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и од опозициската СДСМ. „Ова е ова е доказ зoшто за земјоделците нема пари, зашто нема субвенции, зашто нема исплата и зашто не може ни да очекуваат ништо од вака конципирани институции во земјоделието. И трето, коментар околу помпата дека ова е организирана акција за сузбивање на криминал. Воопшто не се работи за тоа и не може власта да се пофали со тоа. Повеќе наликува дека на некому му дошло преку глава, пријавил па морале да постапат“- Јон Фрчкоски – Член на ИО на СДСМ „Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот. Воедно, ја поздравуваме и акцијата на МВР и ова е порака до сите дека со законот нема играње“– Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ За барање и примање поткуп според измените во Киривичниот закони е предвивена затворска казна од четири до десет години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаКомпаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенцијаПродавачите на половни книги во Британија и Ирска забележуваат нагло зголемување на нарачките на големо од мистериозни купувачи, што поттикнува сомнежи дека технолошките компании собираат податоци за развој на вештачка интелигенција. Продавачите на книги со кои разговараше „Гардијан“ потврдуваат дека нарачките доаѓаат од САД, Канада, Европа и Велика Британија, а колеги од Австралија известуваат за сличен тренд. Сето ова се случува кратко по откритието дека компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) потрошила милиони долари на книги што ги скенирала исклучиво за да собере податоци, пишува „Гардијан“. Стјуарт Менли, косопственик на книжарницата „Бартер букс“ (Barter Books) од Алнвик, вели дека нарачките почнале да пристигнуваат пред три месеци. Тој објаснува дека тие се необични бидејќи не следат вообичаени тематски целини, како што се спортот или автомобилизмот. „Дефинитивно станува збор за чудна комбинација на книги“, рече Менли. „Нарачките обично се тематски, а овие се сосема случајни“, додаде тој. Една неодамнешна нарачка вклучуваше естонски превод на романот *The Mission Song* од Џон ле Каре, примерок од *Agnes Grey* на Ен Бронте од одреден издавач, како и изданието од октомври 1983 година на месечното списание *Warship*. Менли додава дека продал стотици случајно избрани книги на тројца купувачи, во вкупна вредност од околу 4.000 фунти. Џим Шонеси, сопственик на книжарницата „MW Books“ во Клерголвеј, Ирска, потврдува дека неговата компанија добива големи и разновидни нарачки уште од мај. „Нарачките се спорадични и изгледаат како да се генерирани од машина. Немаат заедничка тема: опфаќаат сè – од книги за африкански земјоделски алатки од 18-тиот век до биографии на возачи на тркачки автомобили од 1950-тите“, изјави тој. „Лично, не сметам дека е наша работа да одлучуваме што купувачите ќе прават со книгите, но многу е интересно да се набљудува што точно избираат тие“, додаде тој. Дејвид Гауер-Спенс, сопственик на „BookLovers of Bath“, вели дека во периодот од мај до јули добил бројни нарачки кои вкупно опфаќале околу 200 книги. Купувачите беа истите оние што ги спомнуваа и други продавачи. Еден од нив е канадската компанија „Zoom Books“, која себеси се опишува како „водечка компанија за рециклирање книги во Северна Америка“. „Гардијан“ стапи во контакт со „Zoom“ за коментар. „Во еден момент, обемот на работа беше преголем, а јас вообичаено сум прилично добро организирана“, изјави Гауер-Спенс. Еден британски продавач, кој сакаше да остане анонимен, објаснува дека повремено пристигнуваат нарачки од различни купувачи, но сите се испраќаат на иста адреса. „Идентитетите зад овие нарачки се многу нејасни, дури и за искусните продавачи“, рече тој. Поштенскиот код за испорака што го користат повеќе купувачи – а кој го виделе новинарите на „Гардијан“ – води до комплекс од магацини за товар во близина на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Истиот продавач, кој од јануари наваму примил нарачки за 6.000 книги во вредност од илјадници фунти од такви купувачи, забележува дека тие ја плаќаат целосната цена и не бараат попусти за големи количини. Технолошките компании постојано бараат нови извори на материјал за развој на понапредни модели. Користените книги – од кои многу се објавени со децении пред појавата на ChatGPT и не се дигитализирани – претставуваат потенцијален извор на свежи, неискористени податоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочувствуван земјотрес во Гостивар и околинатаЗемјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗдравјеД-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен НилЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.. Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook