3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Македонија30 дена притвор за 19-годишникот по крвавата пресметка во Чаир13 годишното момче, кое пред два дена заради убоди во градниот кош и повреди на срцето, беше итно опериран и се лекува на КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е во постабилна здравствена состојба, но се уште е критична, објаснуваат од КАРИЛ.13 годишникот кој му нанесе тешки убодни рани нема да има кривична одговорност заради возраста. Од кривичниот суд потврдија 30 дена притвор за 19 годишникот кој завчера учествуваше во крвавата тепачка во скопски Чаир. Неговиот 13 годишен брат со нож им нанесе убодни рани на тројца од кои двајца малолетници. 19 годишникот е осомничен за насилство врз дете, а неговиот 13 годишен брат нема да одговара за кривично дело иако тој според извештајот на полицијата ги нанесол тешките убодни рани. Според Законот за правда за децата детето нема наполнето 14 години и не може да има кривична одговорност без оглед на тешкотијата на кривичното дело и постапката се запира, а за случајот се известува надлежниот центар за социјална работа. Потоа може да се применуваат мерки на помош и заштита, во зависност од процената на ризикот и најдобриот интерес на детето, но тие не претставуваат кривична казна или кривична санкција. Законот предивидува за деца од 14 до 16 години децата да имаат воспитни мерки, а за малоетниците од 16 години да имаат и потешки санкции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноРазбеснет бик ја прескокна заштитната ограда и полета кон публиката среде корида (ВИДЕО)Гледачите врескаа кога разбеснет бик, тежок повеќе од половина тон, скокна преку заштитната ограда за време на корида во шпанскиот град Мурсија.За среќа, помеѓу луѓето во првите редови и животното имаше бетонски ѕид, па затоа немаше сериозна опасност. Камерата снимила сè Шестгодишниот бик по име Малакара, тежок 508 килограми, беше во арената до инцидентот. Во еден момент, тој се стрча кон матадорот. Човекот се повлече кон дрвената ограда, а кога бикот му се приближи - тој нагло се сврте налево и скокна преку заштитната бариера. Видеото го прикажува моментот кога животното „лета“ кон преплашените гледачи. Меѓу нив беше и човекот кој сè сними на камера. Инцидентот се случил на 20 септември, објавува Дејли Меил. View this post on Instagram A post shared by Radio Fórmula Querétaro (@formulaqueretaro) „Имавме голема среќа“ „Животното беше надвор од контрола. Имавме голема среќа што никој не беше повреден. Имаше жени и деца што седеа во таа област“, рече сведокот Хуан Перез. Видеото го покажува Малакара како продолжува да трча по работ на арената по скокот. Потоа животното било вратено во арената. Конечно, во согласност со локалната традиција за борба со бикови, било убиено. Во официјалниот извештај се наведува дека овој бик бил шести и последен тоа попладне на коридата, и дека бил транспортиран од ранчот Лос Еспарталес.Тагови: бик корида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации. Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR. Ηλιούπολη: Αγωνία για την διευθύντρια του 2ου Γυμνασίου που έπαθε ανακοπή από πτώση κεραυνού – Νοσηλεύεται στη ΜΕΘ https://t.co/zX0zwA4AsD — enikos.gr (@enikos_gr) September 22, 2026 50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата. Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми. Тагови: гром директорка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПо пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранетиТурскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага. 11 people injured in shooting near a school in Turkey In the city of Manisa, a 15-year-old student opened fire on his classmates with a hunting rifle. After the shooting, the teenager fled on foot but was soon detained. His parents and grandfather, who owned the weapon, were… pic.twitter.com/7PIJzLp2RU — NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2026 Тагови: Маниса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter