Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
3Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
Култура2CELLOS на Антички!Охридско лето со гордост го најавува гостувањето на светската атракција 2CELLOS на 55-то јубилејно издание на овој фестивал. Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Охрид на 08. август. 2CELLOS ќе настапат на сцената на Античкиот театар, а концертот почнува во 21:00. "Ако сакате да видите нешто навистина неверојатно, гледајте ги 2CELLOS во живо. Зачудувачки е! Не сум видел ништо повозбудливо од времето кога во '60-те го гледав Џими Хендрикс." вели Сер Елтон Џон за 2CELLOS. Маестралните 2CELLOS во светот "експлодираа" како Јутјуб сензација во 2011-та, по видеото во кое на две виолончела свират преработка на Мајкл Џексон. Скромниот и јасен спот за десетина дена беше прегледан 3 милиони пати и... останатото е историја. Виртуозите од малата Хрватска се вивнаа во поп светот, следуваше гостување во ток шоуто на Елен Деџенерис (два пати во само шест месеци) и појавување во емисијата на Џеј Лено. Шулиќ и Хаузер како 2CELLOS гостуваа и во екстремно популарната музичка серија „Glee“ (Гли), во чија историја влегуваат како првите гости со инструменти во вокалното шоу. Токму таа изведба на „Smooth criminal“ на кралот на попот, во придружба на актери од „Glee“ дебитираше на Жешката Билборд Топ 100 листа на неверојатното 10-то место. Во Јапонија се најмногу познати, каде што добија награда за најдобар инструментален албум во 2014-та. Во Македонија ќе дојдат после целомесечната турнеја низ Земјата на изгрејсонцето, а дополнително ќе настапат и во Кореа, Сингапур и Хонк Конг. Во последнава година бележат настапи по најважните европски музички центри - Берлин, Милано, Лондон, Виена.... инаку на домашен терен во арената „Лисински“ во Загреб, закажаа еден концерт кој што беше веднаш распродаден, па мораа да закажат втор. Но, ништо не може да се спореди до учеството на Лука и Стјепан во светската турнеја на Сер Елтон Џон и неговиот бенд, во кој Хрватите беа вклучени по силно инсистирање на самиот Елтон. 2CELLOS беа дел од „ол стар“ составот на Сер Елтон Џон на стотици настапи по светот и задолжително се појавуваа на концертите на англискиот хитмејкер во хотелот „Цезарс Палас“ во Лас Вегас. До сега имаат издадено три албуми: „2CELLOS“ во 2011-та, „I2ition“ (Интуишн) во 2013-та, плоча потпишана од славниот Боб Езрин, продуцент кој соработувал со Пинк Флојд, Питер Гебриел, Лу Рид и многу други. На овој албум на 2CELLOS гостуваат Стиви Ваи, Наја Ривера, Ланг Ланг и Цукеро и секако Сер Елтон Џон.. На почетокот на годинава го издадоа третиот – „Celloverse“ (Человерс) каде покрај преработките на поп песни во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал. Она што е еднакво импресивно за Лука и Стјепан е величината на нивната кариера во сериозната музика. Двајцата многу мали почнуваат да свират, се развиваат како исклучителни таленти и двајцата се образоваат во елитни училишта и академии во Британија и САД. Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена и од кралеви и кралици и од принцеви и принцези. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи. Од Нов Зеланд до Америка, 2CELLOS се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет. 2CELLOS се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена. Многу специфично е дека академски музичари со светски признанија за достигнувања во класичната музика криеле таков талент за таков настап и анимација на илјадници луѓе на концерти, генијален хумор и беспрекорна спонтаност. Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија. Билетите за настапот на 2CELLOS ќе чинат 800, 1.000 и 1.200 денари, а ќе можат да се набават во продажната мрежа на МкТикетс како и онлајн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема крај на листите на чекање за операција Листи со стотици имиња на пациенти што чекаат на ред за операции, но и по година до две не се искачуваат на врвот за да добијат термин за интервенција. Полни се тефтерите и електронските списоци во скопските клиники, но „чаре“ за ефикасен систем и операции без одложување засега нема. Пациенти од Скопје кои се обратија до Канал 5, но поради страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни, велат дека и по речиси две години од сообраќајните несреќи по кои им биле вградени метални делови во телото, сè уште чекаат да бидат повикани за нивно отстранување. Стравуваат дека долгото одложување може да им го загрози здравјето, а при секое јавување, велат, добивале ист одговор – операционите сали се реновираат. Директорот на ТОАРИЛУЦ (Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар) д-р Игор Мерџановски признава дека листите на чекање навистина се долги, од ден на ден дополнително се зголемуваат, а проблемот го гледа во централизираноста на системот во Скопје. -Ние имаме еден гап, една дупка од 10 години во кои овие болници лоцирани надвор од Скопје немаат кадри со кои што можат да ги извршат овие операции. Па, од цела Македонија притисокот се слева во Клинички, поточно во Скопје. -.Па листите на чекање нагло растат, не можеме да постигнеме бидејќи постојано имаме нови пациенти кои доаѓаат во Клиничкиот центар, но и во ГОБ „Осми септември“ и стара градска, трите болници што се најмногу на удар. Листите на чекање се високи, долги, незадоволството на пациентите е доста големо...И покрај тоа што ние работиме некогаш и за викенди, имавме некои коментари дека ние сме лекари и треба да работиме 24/7, сетоа тоа е во ред, но капацитетот на кадарот е тој, толку луѓе сме ние. - д-р Игор Мерџановски - директор на ТОАРИЛУЦ. Мерџановски вели тимови од Скопје одат во Гостивар, Куманово, Тетово и Прилеп за да оперираат и таму, а за проектот за реновација на ТОАРИЛУЦ објаснува дека не е целосно завршен, но е при крај. По хируршките сали сега трае реконстукцијата на одделот за интензивна нега. -Проблемите можам да ги насочам со текот на реновирањето што го имавме, сите тие работи што моравме да ги направиме, да ги поправиме, но остана уште интензивна нега реновирањето со кое сме при крај. - д-р Игор Мерџановски - директор на ТОАРИЛУЦ. Операционите сали на ТОАРИЛУЦ двапати беа официјално промовирани – во април и во јуни, но пациентите и понатаму чекаа за операции. И покрај свечените отворања, салите профункционираа на почетокот на август, откако, според објаснувањата на надлежните, биле надминати проблемите со изведбата и завршиле и безбедносните и санитарните процедури. Во меѓувреме, најголем проблем се создаде за пациентите, оние не толку „итните“ бидејќи дел од нив за операција чекаат од периодот пред и официјално да започне реконтрукцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаПочна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата вреди 139 милиони евраПочнуваат работите на последната делница од 11,5 километри за да имама целосно автопат од Скопје до Охрид со што би се заобиколило искачувањето на Стража. Работите интензивно течат на делницата од Тетово до Гостивар, во тек е изградбата на делот од Гостивар до Букојчани и со почетокот на последниот дел кој недостигаше се поврзува и последниот дел од Букојчани до Кичево со што се прави една автопатска целина. За оваа делница беа потребни 10 годни подготовки, готова треба да биде за 4 години а ќе ја гради Штрабаг и Дуна. За изградбата на овој пат финансиите се обезбедени главно преку заем од Ебор од 119 милиони евра како и 20 милиони евра грат од Европската унија Инаку оваа делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. На оваа делница ќе се изгрди автопат со два правци , со по две ленти во еден правец од по 3,5 метри и дополнитлна лента за застанување од 2, 75 метри со што предвидената брзина на движење би била од 110 до 130 километри на час зависно од конфигурацијата на теренот. Предвидени се и две клучки од кои едната е пред Кичево со што ќе се добие целосна заобиколница околу Кичево која клучка треба да биде готова за две години. Покрај ова во змејава интензивнос е гради автопатско поврзување меѓу Прилеп и Битола, почна работите и за автопат од Скопје до Блаце . Новата делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Освен за патничкиот сообраќај, таа е важна и за превозот на стоки, регионалната трговија и поврзувањето на стопанството Тагови: Коридор 8 Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на властСè се работи под маса. Договори што само тие во Владата ги знаат. Свечен дочек со црвен тепих и камери на граница за повратници. Пуштање од затвор. Куќен притвор, ослободување. Пет тони дрога којашто поминаа преку граница. Нарко дилер Цуната кој бега од прозор од полициска станица во кочани. Истата банда. Mинистер од ВМРО-ОКГ. За случајот со Ива Михаилова, Тимчо Муцунски рече: судската постапка е работа на судството. Извршната власт не се меша. Здравствениот систем во Македонија може да обезбеди нега. Македонија е подготвена да прими бугарски лекари за консултација, како гест на добра волја, не како обврска. Сега гледаме дека се пушта преку граница. Иако судот ѝ ги одзеде двата документи, македонски и бугарски пасош. Таа вели легално, со лична карта, граничарите знаеле. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската гранична полиција вели нема евидентиран влез. Како? Повеќе пати СДСМ бараше смена на сегашниот министер за полиција. Човек што го ослободува обезбедувањето на Мицкоски што тепа жени. Се пуштаат масовни убијци, дилери од полициска стануца. Не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка. Министерот рече дека има систем, веројатно “Пегазус” и дека снима разговори на граѓани. Има снимање на граѓани преку Safe City, систем пуштен без контролен закон што би ги спречил злоупотребите. До денес нема одговор како пет тони поминаа граница. Еве денес прашање: како излегла Михаилова од земјата ако ѝ се одземени двата пасоши? И бугарскиот и македонскиот? Панче само да не каже дека правел хиперхлорирање па не можел да се занимава со пограничната работа на полицијата што е во неговиот сектор. Границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО границата е решето и кога судот ќе забрани. СДСМ повторно бара да се утврди како се случило и да се понесе одговорност. Бараме оставка, Тошковски да понесе одговорност. Доста се злоупотреби на полицијата. Скопје, 12.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter