Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал
1Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
Македонија27-годишниот Виктор иако со целосно слепило одбиен за туѓа нега од трето лицеНе ја разбрал причината за одбвивање, но се надева дека неправдата ќе биде поправена.„Врз основа на добиената целосна документација за оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице Виктор Тошевски не ги исполнува условите за помош и нега од друго лице“, добиениот одговор од првостепената комисија за остварување на првото на надоместок го шокирало семејството Тошевски. 27 годишниот Виктор Тошевски е слепо лице со оштетен вид од 100 проценти до своето раѓање. До неговата 27 годишна возраст добивал додаток а потоа има право да поднесе за помош од друго лице во вредност од шест илјади денари. Не ја разбрал причината за одбвивање, но се надева дека неправдата ќе биде поправена. „Сосотојбата ми е јасна јас сум слеп, не може да се поправи, 100процентно слепило“. Важна ми е таа помош, бидејќи градот е хаотиечен и не е лесено како слеп човек“, раскажува Виктор. Мајката на Виктор, Лепа објаснува дека кога прашала што треба да однесе и кога да дојдат за преглед во комисијата. И било одговорено дека Виктор не треба да дојде. Само и ги земале документите немало никаков разговор и тука завршило се. Таа не разбира како кога во медицинските документи стои дека тој е 100 проценти слеп, добил помош за мобилност, но со истата дијагноза стои дека тој може сам да се движи. Лепа е самохрана мајка, сопругот починал од ковид. И нејзиниот друг син е слеп и нејзината снаат од дијабет е исто слепо лице. „Јас го носам документот за мобилност дека добил и ми кажуваат не доби помош за трето лице. Јас, не знам како може 100% слеп човек да нема помош и да се движи“, раскажува Лепа, мајката на Виктор. Виктор е македонскиот Андреа Бочели свири на клавир и пее. Дипломирал на интернационалниот универзитет Еуропа Прима за музичка ументост и бил одличен во својата класа. Но, како што вели музиката му е животпт, а не работи. Имал големи очекувања по дипломирањето, дека ќе работи од музиката. Денеска не му беше до музика само со караток апел „некој да му помогне“. Канал 5 стапи и во контакт со првостепената комисија за доделување на нега од друго лице, но не одговорија зошто Виктор со 100 процентно слепило е одбиен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминалВенко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена.Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата против корупцијата. Ова што Филипче сега го прави изгледа како селективна борба против корупцијата и борба против сопартијци кои му се неистомисленици. Меѓу нив последен е случајот кој го наведе, поточно скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана кога министерка беше Славјанка Петровска, актуелна пратеничка на СДС, а сега и дел од платформата 12.05 која бара промени во СДС. За овој случај ВМРО-ДПМНЕ го повика јавното обвинителство да постапи, како што го повикува за секој еден случај со корупција и криминал без разлика кој е осомничен. Филипче пак е должен за овој случај и за било кој друг, каде има сомнеж за криминал, да ги достави до јавното обвинителство сите информации со кои располага. Филипче воедно треба да информира и да доставува информации до обвинителството за секој случај без разлика кој е осомничен. Во спротивно ќе сметаме дека Филипче лаже и применува двојни аршини. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко МиладиноскиЧетири турнеи на 4 континенти, четири големи солистички концерти, четири значајни награди и признанија, а наскоро и четврти солистички албум – бројот четири на необичен начин ја одбележа изминатата година во кариерата на Влатко и Златко МиладиноскиВо изминатиот период, македонската музика ја претставија пред публиката во Америка и Канада, Европа, Азија и Австралија. Четирите меѓународни турнеи ја потврдија нивната сè поголема популарност меѓу македонската дијаспора, но и посветеноста со која ја промовираат македонската песна надвор од границите на земјата. Истовремено, зад нив се и четири солистички концерти одржани на некои од најзначајните концертни сцени во Македонија – Македонската опера и балет во Скопје, Античкиот театар во Охрид, арената „Борис Трајковски“ во Скопје и античкиот локалитет Хераклеа во Битола. Секој од концертите понуди различно музичко и сценско доживување, но сите ги обединија препознатливиот звук на Миладиноски, македонската традиција и силната поврзаност со публиката. Успешната година беше заокружена и со четири награди и признанија. Влатко Миладиноски ја доби наградата „Фолк концерт на годината“ на „Златна бубамара на популарноста“, како и признанието „Фолк пејач на годината“ на „Лазаров Awards“. Од Општина Кисела Вода му беше доделен „Златен клуч“ и признанието „Заслужен граѓанин“, додека македонскиот бренд RVR му подари специјално уметнички изработени патики, создадени во само еден примерок, како признание за неговиот досегашен труд и придонес. Симболиката на бројот четири продолжува и во приватниот и во професионалниот живот на пејачот. Влатко се наоѓа во четвртата деценија од својот живот, а во подготовка е и неговиот четврти солистички албум. До неговото целосно комплетирање недостасуваат уште само четири песни. „Дури сега, кога ги сумиравме сите активности и успеси од изминатата година, забележавме колку често се повторува бројот четири. Не знаеме дали е случајност, симболика или предзнак, но сакаме да веруваме дека најголемите успеси допрва доаѓаат. Благодарни сме ѝ на публиката што постојано е со нас и заедно со нас го живее ова музичко движење“, велат Влатко и Златко Миладиноски. Дали „четворката“ е само интересна случајност или најава за ново големо поглавје во нивната кариера, ќе покаже времето. Засега е сигурно дека подготовките за новиот албум продолжуваат, а публиката наскоро може да очекува нови песни и музички проекти од Влатко и Златко Миладиноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноемвриПремиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето. Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото. Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето. Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет. Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook