25-ти Мај некогаш се славеше како Ден на Младоста - Канал 5

25-ти Мај некогаш се славеше како Ден на Младоста

Денешниот ден 25-ти мај во претходната  југословенска федерација чиј дел беше и Македонија, се славеше како ден на младоста и роденденот на доживотниот претседател Јосип Броз Тито иако неговиот датум на раѓање беше 5-ти мај.

25-ти Мај некогаш се славеше како Ден на Младоста

Манифестацијата се одбележуваше со слет на стадионот на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кое кулминираше со предавање на штафетата која претходно ја носеа илјадници млади луѓе од сите краишта на некогашната држава. По обиколката на Југославија , на овој ден штафетата му се врачуваше на Тито. Инаку како настан таа беше воведена во 1945 година на предлог на младината на Крагуевац и насловена како Титова штафета. Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југоспавија. Штафетата продолжи да постои и по смртта на Тито, како симбол на љубов и почит кон неговото дело. последен пат на белградскиот стадион оваа приредба се одржа во 1987 година а наредната 1988, Сојузот на тогашната социјалистичка младина на Југославија го укина слетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер