25 години од геноцидот во Сребреница

Во Сребреница, БиХ,  денеска се одбележуваат 25 години од геноцидот врз Бошњаците.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Поради зосторствата во Сребреница до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни.

Хашкиот трибунал првата пресуда во која масакрот во Сребреница ги окарактеризира како геноцид, ја изрече за поранешниот генерал на Војската на Република Српска, Радослав Крстиќ во 2001 година.

Министерот Османи на средби со црногорскиот државен врв

Реафирмирање на традиционалните и пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, зголемена економска соработка и евроинтегративните перспективи биле во фокусот на средбите на министерот Бујар Османи со црногорскиот државен врв.

Соработката во економијата, туризмот и трговијата како и таа која произлегува од интегративниот процес за Европската унија ги утврдува Македонија и Црна Гора на курсот на традиционално добрите пријателски односи во рамките на кои денешната посета на шефот на Македонската дипломатија Османи на официјална Подгорица е реафирмација на тој курс.

,,Изразив уверување дека Македонија ќе успее да го надмине застојот на својот европски пат , имајќи во предвид дека нашите драги пријатели во Скопје покажаа висок степен на демократска зрелост , одговорност и подготвеност да ги решаваат сите отворени прашања со соседите.Тоа е немерлив придонес кон зачувување на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

Министерот за надворешни работи османи од своја страна нагласи дека е секогаш добро да се биде меѓу пријателите од регионот кој се соочува со низа предизвици на патот на европската перспектива,

Покрај билатералните односи, на средбата во Подгорица, биле отворени и темите за соработката во рамки на НАТО сојузништвото. Посетата на министерот Османи во Подгорица,ВКЛУЧУВА СРЕДБИ со претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот Парламент Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ и потпретседателот на Владата Дритан Абазовиќ.

ВМРО-ДПМНЕ со собирање потписи ќе го укинува пописот – од СДСМ ги повикаа да се откажат

Темата за пописот била дел од средбата на евроамбасадорот Гир со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски...Од СДСМ пак ја повикаа опозицијата да се откаже од петицијата против пописот.

ВМРО-ДПМНЕ со собирање на потписи ќе го укинува Законот за попис кој вчера беше изгласан во Собранието..

За опозициската партија законот бил протуркан на сила и ја обвинуваат власта дека не сака статистички попис, туку попис со кој би се испониле нечии политички концесии.. Прашањето за пописот денеска бил една од темите на средбата на координаторот Никола Мицевски со евроамбасадорот Дејвид Гир

Оваа пролет државата по цели 19 години ќе спроведе попис согласно сите меѓународни стандарди, пратениците ќе набљудуваат како тече неговото спроведување, велат од СДСМ.

Независно од успешноста на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање 10.000 потписи за оспорување на Законот за попис, нема реална можност да се спречи неговото спроведување,односно без донесување на легален правен акт кој ќе го спречи или одложи или ќе го укине донесениот закон, изјави пратеничката Славјанка Петровска

,,До овој момент и се додека трае и е во сила Законот кој вчера беше изгласан, пописот ќе биде спроведен. За да се поништи овој Закон треба правен акт со кој се поништува Законот за попис за да може да се спречи одржувањето на пописот. Формално правно да, меѓутоа затоа реков целата процедура да се истера. Само собирањето на потписи само по себе не значи ставање вон сила на овој Закон, вели Петровска.

И првиот вицепремер Артан Груби е убеден дека пописот ќе се одржи во април годинава, и очекува да се попишат сите граѓани..Груби на новинарско прашање рече дека изјавата на заменик директорот на Државниот завод за статистика Иљми Селами, дека е можно пописот да се одложи поради корона пандемијата, и евентуален бојкот,било негов но не и став на ДУИ..

Со гласовите и на партиите од албанскиот опозициски блок, Собранието вчера го донесе Законот за попис

Заводот за статистика најави дека следната недела ќе биде објавена методологијата на пописот согласно сите светски стандарди..

Полицијата во Лондон растури свадба со 400 гости, сватовите казнети со 10.000 фунти

Бритинската полиција денеска објави дека растуриле свадба со скоро 400 гости во Лондон, организирана и покрај забраната за собирање голем број луѓе поради пандемијата.

Според строгите мерки воведени на почетокот на годината, свадби може да се прават само во „исклучителни околности“ и само на шест лица им е дозволено да се соберат.

Но, полицијата пронашла стотици луѓе во училиште во Стемфорд Хил во северен Лондон. Прозорците биле покриени така што не можело да се види што се случува внатре.

Организаторот се соочува со парична казна од 10.000 фунти.

Бројот на лица заразени со коронавирус во Велика Британија вртоглаво се зголеми кон крајот на минатата година по појавата на новиот сој на вирусот, што доведе до повторно воведување на карантин, вклучително и строги правила за свадби.

Дневниот број на нови инфекции се намали од скоро 70 000 на 8 јануари на нешто помалку од 40 000 последниве денови, но властите се загрижени дека многумина не ги следат правилата, па вирусот продолжува да се шири.

Британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател, вчера предупреди дека прекршувањето на правилата се казнува со парични казни и најави воведување нова парична казна од 800 фунти за секој присутен на домашни забави.

притисни ентер