25 години Матица македонска - Канал 5

25 години Матица македонска

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје годинава го прославува својот јубилеј - 25 години постоење на македонскиот книжевен пазар. Формирана е на 24 август 1991 година во време на голем национален ентузијазам, но и време на големи предизвици.

25 години Матица македонска
Уште од самите почетоци тимот на Матица е составен од спој на искуство и младост, правец и идеја која опстојува и денес. Во годините минати, исполнети со многу работа, труд и љубов кон книгата, Матица објави повеќе од три илјади наслови од сите сфери на општественото живеење, со над пет милиони примероци. Меѓу многубројните дела од капитално значење за македонската култура, уметност и историја се издвојуваат делата за македонските манастири, македонските народни носии, македонската резба, народната митологија на македонците, македонската генеза, монографските изданија за Охрид и Скопје, избраните дела од Марко Цепенков, Кирил Пенушлиски, Јован Павловски, Петар Т. Бошковски, Јован Стрезовски, Раде Силјан, Димитар Ќорнаков, Танас Вражиновски, Гане Тодоровски, Блаже Ристовски, Милан Ѓурчинов, Цветан Грозданов, Матеја Матевски, Никола Кљусев, Ташко Георгиевски, Божин Павловски, Ефтим Клетников, Радован Павловски, Иван Чаповски, Паскал Гилевски и др. Вредно е да се напомене е дека, книгите на македонски јазик, покрај на македонскиот пазар, преку соработката со големите издавачи во светот, достапни се и во книжарниците и библиотеките во Европа, САД и Австралија.

Во рамките на „Матица македонска“ организациски опстојува уште една млада екипа која го основаше и го раководи Клубот Матица - клуб на читатели кој во моментов има повеќе од четириесет илјади членови. Бројните активности, организирани на Булеварот на Книгите, придонесоа читателите да го препознаат како катче во кое го минуваат времето посветено на книгите и пишаниот збор. Со многубројните анкети организирани од Клубот Матица се добива една појасна слика колкав е бројот на читателската публика во Македонија, а радува фактот што од година во година тој број се зголемува и се повеќе млади луѓе книгата ја чувствуваат како своја секојдневна потреба.

Во годините што претстојат, „Матица македонска“ ќе го продолжи својот зацртан пат за промоција на македонскиот збор, слово и книга, темелните вредности на едно современо општество и развој и промоција на млади автори кои ќе ги освојуваат светските книжевни височини. Девизата е да читаме повеќе за нашите зборови да бидат полни со убавина, а од зборовите што ги користиме да создаваме романтични приказни. Секој човек носи роман во себе, а книгата е свет во кој има место за сите - стои во соопштението од Матица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Бела работна униформа и чизми оставија ветеринарите пред владата на мирниот протест како симбол дека ветеринарите ја напуштаат професијата која е исклучително значајна за целокупното здравје. 

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите преку мирниот протест пред владата и пред Ахв порачаа дека е крајно време да се разговара за финансиките проблеми но и со проблемите со контролата на болеста на терен со кои се соочуваат. Едно од најургентните барања на средбата во Ахв им било ветено дека за неколку дена ќе се среди е тоа да се одболкира процесот на контрола на земените примероци на крв со кои се вршат контролите на болестите на стоката од цела земја

Од барањата кои ги има упатено писмено до владата и до Ахв се и намалувањето на ддвто на ветериантните услуги што крајно ќе придонесе за помали давачки на сточарите како и зголемување на буџетот за ветеринарните ставки кој според нив за следната година е трикратно намален.

Дека состојботе во ветрианраниот сектор се крајно лоши беше нотирано и во последниот извештај од европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

ДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. 

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот.

-Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна.

-Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска.

Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката.

Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи.

Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри.

„Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер