Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
1Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
2Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
Македонија24 години од масакрот кај КарпалакМакедонија денеска одбележува годишнина од загинувањето на десеттемина армиски припадници кои на 8-август 2001 година ги загубија своите животи на патот Тетово-Скопје.Дваесет и четири години од масакрот кај Карпалак. Македонија денеска одбележува годишнина од загинувањето на десеттемина армиски припадници кои на 8-август 2001 година ги загубија своите животи на пат од Скопје кон Тетово... Утринава делегации од Владата, Министерството за одбрана, Генераштабот, претставници на семејствата, здруженија на граѓани положија свежо цвеќе во чест на братинелите од Прилеп. Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи напиша дека Македонија никогаш нема да ја заборави храброста на бранителите од Прилеп. -Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет – напиша Мицкоски на фејсук. Почит оддадоа и политички партии, меѓу кои беше и делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката Фани Каранфилова Пановска. Од Здружението на резервните воени обврзници од Прилеп сметаат дека од година во година одбележувањето на годишнината е се помизерно, а разочарани се и дека покрај многуте ветување, се уште не е изграден споменик.. Иако имаше најава за поставување на спомен обележје во чест на десетте бранители тука на Карпалак, сепак такво нешто досега не се случи Од Министерството за одбрана за Канал 5 велат дека претходната Влада свесно ги лажела семејствата на загинатите бранители дека тука ќе се постави споменик. Оттаму додаваат дека од ЈПДП добиле одговор дека споменик не смее да се постави на автопат. -Претходниот состав на Владата спротивно за закон му дава надлежност на Министерството за одбрана да отпочне процедура за изградба на споменик кај месноста Карпалак. За таа цел Министерството за одбрана во тој период во два наврати се обратило до Јавното претпријатие за државни патишта од каде на два пати е добиен негативен одговор од причина што се работи за заштитен појас на автопатот и не смее да се поставуваат ваков тип обележја освен објекти кои се во функција на патот,- – Министерство за одбрана. Засега споменик посветен на загинатите бранители кај Карпалак има единетвно во Прилеп, пред кој исто така бројни делегации положија свежо цвеќе во нивна чест.. Во заседата на ОНА кај Карпалак пред 24 години, на само неколку дена пред потпишувањето на Рамковниот Договор, животот го загубија бранителите Сашо Китаноски, Марко Деспотоски, Нане Наумоски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски. Тагови: Карпалак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
МетеоВрнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОдмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија за нафта во Омск, Русија. Локалното население пријавило две експлозии и чад од централата, а гувернерот на областа Омск го потврдил нападот, пишува Telegram ASTRA, а пренесува Prm.ua. „Нападната е рафинеријата во Омск. Од цевките излегува чад. Се слушнале две експлозии“, велат локалните жители. Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко изјави дека руската воздушна одбрана наводно го одбила нападот со беспилотни летала. Според него, оперативните служби во регионот се ставени во состојба на готовност. Пред нападот во областа Омск беше прогласена опасност од дронови. На аеродромот во Омск се воведени привремени ограничувања за прием и испраќање на авиони. Рафинеријата Омск е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата веќе беше цел на напад на украински беспилотни летала во јули оваа година, по што нејзината работа беше целосно прекината. Ukraine reportedly struck Russia’s Omsk oil refinery, located beyond the Ural Mountains, more than 3,000 km from the Ukrainian border. It is Russia’s largest oil refinery. https://t.co/cY6xGxqSHY — Clash Report (@clashreport) October 8, 2026 Да потсетиме дека ноќта кон четвртокот, 8 октомври, украинските одбранбени сили, според прелиминарните информации, нападнале два важни индустриски капацитети во Русија - комплексот за преработка на нафта „Гаспром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пријавени се пожари на територијата на двете компании.Тагови: рафинерија руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМеси доби понуда што не се одбиваЛионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, се збогува со репрезентацијата на Аргентина против Бенин, со што заврши една одлична фудбалска приказна. Сепак, Аргентинецот нема да застане кога е во прашање клупскиот фудбал, а пристигна и многу интересна понуда. Меси освои бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не играл во Копа Либертадорес. - Мислам дека треба само да игра во Копа Либертадорес, па го прашувам дали го прифаќа овој предизвик - рече претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез. Фудбалерот на Интер Мајами дури и не размислувал за оваа одлука, но навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Најдобриот фудбалер на сите времиња практично освоил сè што може да се освои, а можеби и кренал уште еден трофеј во својата богата кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook