3 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
Македонија24 год.од масакрот кај Вејце каде загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни силиПред точно 24 години, мешаната патрола од „Волци“ и полиција се движела по овој пат, кога стинале токму на ова место – наречено Бреза, бил испукан првиот рафал кон нив од височинката позади мене, а потоа биле погодени и со минофрлач.Пред точно 24 години, мешаната патрола од „Волци“ и полиција се движела по овој пат, кога стинале токму на ова место – наречено Бреза, бил испукан првиот рафал кон нив од височинката позади мене, а потоа биле погодени и со минофрлач, по што следувал и најгрозоморниот чин, масакрот врз осумтте херои. На Шара денеска прво одекна химната во нивна чест, а потоа следуваше и минутен молк за почит на нивната жртва. -Игор Костески, Миле Јаневски, Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Маријан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски – загинаа на 28 април 2001 година, во 17ч и 45м. Шестмина други беа повредени, а за хоророт кој се случувал, успеале да јават оние кои успеале да се извлечат, оти биле последно возило во колоната. До поставените фотографии и таблата со имињата на хероите се положи свежо цвеќе, првенствено од нивните соборци, па потоа и од неколкуте делегации. Нивните соборци велат пролеана крв засекогаш ќе остане свежа на ова место, но вечен велат ќе биде и поменот. -Горди на нив што залудно не ги дадоа нивните животи, тие ја донесоа победата на Македонија и ги зачуваа нејзините граници. Нивните тела ги вградија во зачуваните граници на државата на која и докажаа дека неизмерно ја сакаат и дека се подготвени да го жртвуваат најсветото во себе, животот.-Марин Најдов – Бранител/ Пензиониран мајор. На загинатите почит утринава им оддаде и претседателот на партијата Достоинство – Стојанче Ангелов, кој во 2001та година беше дел од специјланите полициски сили. Сепак, достоинствено уредено место за оддавање на почит на овие бранители и по две и пол децении нема. Таблата со нивните имиња и фотографиите се носат само за одбележување на денот, а потоа се земаат, за како што велат организаторите, да не им се сквернават имињата оти со години наназад таблите се кршеа само неколку часа по нивното поставување. Тие бараат конечно институциите да се одважат и да направат споменик како што доликува. Инаку, овој трагичен ден во македонската историја се одбележа и во касарната „Илинден“ пред споменикот на загинатите, каде министерот за одбрана – Владо Мисајловски, началникот и Генералштабот на АРМ Сашко Лифчиски положија венци со свежо цвеќе. Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваОд Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026На 5 септември Скопје ќе биде домаќин на Vespa Grand Prix Skopje, целодневен настан посветен на Vespa културата, Италија и 80-годишнината на еден од најпрепознатливите италијански симболи.На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот. Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура. Годинава, осум членови на Vespa Club Skopje со своите Веспи отпатуваа од Скопје до Италија и беа дел од големото одбележување на 80-годишнината на Vespa во Рим. Патувањето од речиси 2.000 километри на Vespa, како и атмосферата и заедништвото што клубот ги доживеа во Рим, станаа дополнителна инспирација дел од тој дух да се пренесе и во Скопје. Само неколку месеци подоцна, Vespa Club Skopje го организира Vespa Grand Prix Skopje, со амбиција македонската престолнина да добие свој препознатлив Vespa настан кој во иднина ќе привлекува учесници и гости од целиот регион. Натпреварувачкиот дел на Vespa Grand Prix Skopje е резервиран за сопствениците и возачите на Vespa и ќе се одвива во три дисциплини. Во споро возење, возачите ќе ги покажат својата контрола и баланс, додека во спретно возење – Gymkhana ќе се натпреваруваат на специјално подготвен полигон каде прецизноста и умешноста ќе бидат клучни. Третата дисциплина носи сосема поинаква динамика – најбрзо возење на 60 метри, каде што ќе одлучуваат брзината и времето. Учесниците ќе можат да се пријават во една, две или во сите три дисциплини, а за најуспешните се предвидени награди. Дополнително, ќе биде избрана и Best in Show Vespa – најубавата Vespa на настанот. Иако натпреварувачкиот дел е резервиран исклучиво за возачите на Vespa, Vespa Grand Prix Skopje е настан од отворен карактер, а влезот за сите посетители е слободен. Идејата е на 5 септември просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ да стане место за дружење на весписти, семејства, љубители на италијанската култура и сите оние кои сакаат да поминат еден поинаков ден во Скопје. Покрај натпреварувачката програма, во текот на целиот ден ќе има DJ сетови, а во попладневните часови со двочасовен музички настап ќе се претстават Калина & Гуру Харе бенд. Италијанскиот карактер на настанот ќе продолжи и преку гастрономската понуда – фокача сендвичи, пица, италијанско кафе и други препознатливи италијански вкусови и пијалоци. Целта е едноставна: на еден ден, дел од Италија и Vespa културата да се преселат во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФерен Торес на пат за Париз!?Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ. Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион. „Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра. Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05