21 ноември – светски ден на телевизијата - Канал 5

21 ноември – светски ден на телевизијата

21 ноември – светски ден на телевизијата
Во време кога интернетот го „окупира“ светот, тв екраните се сменија, ама не и традицијата на гледање на телевизија во Македонија, потврдуваат и најновите истражувања на Агенцијата за аудио и аудиовизулелни медиуми. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моторџиите почнале да добиваат казни од „Сејф сити“, техничкиот проблем е надмина, кажа Тошковски

Вкупно деветмина моторџии платиле казна за брзо возење со мотоцикл и тоа во текот на првиот ден откако системот „Сејф сити“ започна да ги регистрира овие прекршоци. 

Моторџиите почнале да добиваат казни од „Сејф сити“, техничкиот проблем е надмина, кажа Тошковски

Министерот Панче Тошковски рече оти сејф сити не ги ловел прекршоците на мотоциклистите поради технички проблеми, но дека тоа веќе е минато и дека ниту еден учесник во сообраќајот во иднина нема да биде амнестиран. Министерот порача и дека веќе се работи на тоа системот да ги казнува и странските државјани кои ќе направат евентуален прекршок на наша територија и тоа на сите гранични премини, а не само на Табановце како што тоа е сега случај.

– Камерата за брзина детектира предна шасија, предна страна на возило, а регистрацијата е на задната страна на моторот и тоа беше технички проблем којшто моравме да го решиме. Го решивме, и на дел од територијата на Македонија кадешто првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека првиот ден имаме констатирано девет прекршоци за недозволена брзина од страна на оние коишто управуваат мотор и мислеа дека нема да може да бидат предмет на детекција на овој паметен систем безбеден град. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Тошковски оваа изјава ја даде од центарот за обука при затворот Идризово, каде по 30 години повторно започна со работа средното полициско училиште – „7 мај“. Наставата денеска официјално започна за вкупно 310 ученици, а Тошковски порача дека сите што конкурирале, без разлика од која етничка заедница припаѓаат, добиле еднаква шанса да бидат дел од изучувањето на оваа програма.

– Одлучивме секој еден кандидат којшто ги исполнува елементарните услови за упис, кои се поврзани со дотогашното негово образование, особено неговото поведение во рамки на средното улилиште кео во уизучувал и основни услови како висина и сите останати карактеристики, нужни да бидат исполнети согласно правилникот – 310 од пријавените го исполнија овој услов и тие сите до едно решивме да ги примиме во рамки на полициското училиште. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Од вкупно 310 ученици –над 40 од нив се дел од другите етнички заедници, а министерот изрази надеж дека интересот ќе се зголемува во иднина. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека повторното воспоставување на средното полициско училиште „7 мај“ е дел од процесот на јакнење на кадровските и образовните капацитети на ресорното министерство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милони евра

Инвестицијата обезбедува над 400 паркинг места и значително ги унапредува условите за работа, безбедноста и идниот развој на компанијата.

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милони евра

Пивара Скопје ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, инвестиција вредна 2,8 милиони евра, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација во рамки на производствениот комплекс. Инвестицијата е дел од е дел од континуираните инвестиции и одговара на растечките потреби на компанијата и нејзините вработени преку поефикасно искористување на просторот, поголема функционалност и подобрена оперативна ефикасност.

Симболично означувајќи го почетокот на новата инвестиција, официјалното пуштање во употреба го одбележаа Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје, и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

„Во Пивара Скопје веруваме дека вистинскиот успех на една компанија не се мери само преку деловните резултати, туку и преку вредноста што ја создава за луѓето и за заедницата. Како една од водечките компании во земјата, континуирано инвестираме во модернизација, иновации и развој на нашите вработени, а истовремено придонесуваме за економскиот и општествениот развој преку бројни локални партнерства и иницијативи. Новата катна гаража е многу повеќе од инфраструктурен објект. Таа е уште една потврда на нашата долгорочна посветеност да создаваме подобри услови за работа, да ги следиме највисоките стандарди за безбедност и да инвестираме во решенија кои носат трајна вредност за нашите вработени, заедницата и идните генерации“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

На свеченото отворање присуствуваше и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, кој ја поздрави инвестицијата и го истакна нејзиното значење за локалниот економски развој.

„Денес присуствував на пуштањето во употреба на новата катна гаража во Пивара Скопје, проект кој претставува значајна инвестиција во подобрувањето на условите за работа и развој на компанијата. Како Општина Гази Баба, остануваме силен партнер на бизнис-секторот и посветено работиме на создавање услови за локален економски развој, нови инвестиции и отворање нови можности за граѓаните. Соработката со успешните компании и бизнис-партнери е од особено значење за развојот на општината. Нашата цел е да градиме отворена и ефикасна општина која ги препознава потребите на стопанството и заеднички создава подобра средина за живеење и работење. Честитки до Пивара Скопје за оваа инвестиција и за продолжувањето на успешната приказна. Верувам дека со заедничка работа можеме да направиме Гази Баба да биде уште подобро место за бизнис, инвестиции и нови можности“, изјави градоначалникот Стефковски.

Новата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа. Објектот располага со унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување, посебно обележани пешачки и велосипедски патеки, современ систем за противпожарна заштита и енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Изградена согласно сите релевантни безбедносни и еколошки стандарди, гаражата е подготвена да ги поддржи идните развојни планови на компанијата.

Со оваа инвестиција, Пивара Скопје продолжува да вложува во современа инфраструктура и решенија што создаваат долгорочна вредност, придонесуваат за подобри услови за работа, го поддржуваат идниот раст на компанијата и ја зацврстуваат нејзината позиција како еден од најголемите инвеститори во земјата, соопштуваат од компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Герасимовски да престане да ги етикетира советниците и да одговори – чиј интерес тој го штити?

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла обидите на градоначалникот Горан Герасимовски да ги дискредитира советниците само затоа што не гласаат според неговите очекувања.

ЗНАМ: Герасимовски да престане да ги етикетира советниците и да одговори – чиј интерес тој го штити?

Откако советниците на ЗНАМ гласаа против суспензијата на дел од ДУП „Буњаковец 1“, Герасимовски јавно праша „чиј интерес се штити – на граѓаните или на инвеститорот?“.

Советниците на ЗНАМ го штитат интересот на Центарци. А тоа значи и да не дозволат граѓаните повторно да плаќаат за правно неиздржани одлуки.

Општина Центар досега има исплатено повеќе од 140 милиони денари по основ на отштети.

И кога се повикува на безбедност, Герасимовски треба да ги презентира сите факти.

Како ризик се посочува резервоарот за мазут од 115 м³ кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Според документацијата со која располагаме, тој не е во функција од 2024 година, испразнет е, исчистен и хемиски третиран, а домот со реконструкцијата ќе биде приклучен на системот за снабдување со топлинска енергија.

Ако градоначалникот има стручен наод дека резервоарот и денес претставува опасност – нека го објави.

А кога зборува за безбедноста околу градилиштата, прашуваме: дали истиот аршин важи за сите?

Токму тука се гледаат двојните стандарди на Горан „Бетоњерка“ Герасимовски. Во неговиот мандат Центар продолжува да се бетонизира, се издадени троцифрен број одобренија за градење, а денес со голема доза театралност се претставува како главен борец против бетонизацијата.

Истовремено, го турка ДУП „Барутана“, со кој се предвидува сериозна изградба на падините на Водно. Советниците на ЗНАМ гласаа против „Барутана“.

Затоа, градоначалниче, наместо отворање шахти пред камери и снимање кратки видеа, прошетајте низ Центар и проверете ја безбедноста на активните градилишта. Помалку театар, повеќе работа.

А кога веќе прашувате „чиј интерес се штити“, одговорете и Вие:

ЧИЈ ИНТЕРЕС ГО ШТИТИТЕ СО „БАРУТАНА“?

Советот не е гласачка машинерија на градоначалникот. Советниците на ЗНАМ ќе продолжат да одлучуваат во интерес на Центарци – без притисоци и без двојни аршини.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер