Забава21 милион прегледи: Како изгледа животот на едно семејство во Јакутск?Можете ли да го замислите денот како сечете мраз за вашето семејство да има вода за пиење тој ден, додека температурата надвор е значително под нулата? Или да можете да се бањате само еднаш неделно? За некои ваквиот живот е секојдневие.Денеска во Јакутск, најстудениот град во светот, температурата е -31°C. Што е и добро, со оглед на тоа дека во текот на зимата таму температурите паѓаат и до -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен (поточно во селото Ојмјакон, кое се смета најстуденото место на земјата). Најстудениот месец во Јакутск е јануари, а жителите на градот преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е доволно студен за да ви ја вкочани изложената кожа, па постои постојана опасност од смрзнатини. Каков е животот таму? Киун Б. пораснала во Јакутск, Сибир, и го документира својот живот на нејзиниот канал на Јутуб, каде што има над 1,4 милиони претплатници. Нејзините видеа имаат милионски прегледи. Пред десетина месеци таа објави видео наречено „Одгледување на 22 деца во најстудениот град на светот“, кое до денес има околу 21 милион прегледи. Во тоа видео таа опишува дека денот на таткото Александар Павлов започнува со сечење на мраз за семејството за тоа да има доволно вода тој ден. Семејството Павлов има 22 деца, од кои 18 се посвоени. Осум од нив сè уште живеат во семејниот дом, додека другите пораснале и основале свои семејства. Училиштата не работат кога надвор е многу студено. Киун вели дека градот има функционален јавен превоз кој функционира и во услови на екстремен студ. Зеленчукот и овошјето се многу скапи во тој град, па често користат замрзната храна. Како се забавуваат? Во едно видео таа опишува како граѓаните се забавуваат кога е екстремно студено. Луѓето со деца ги поминуваат викендите дома на топло, а само во сабота пазаруваат за да се снабдат со намирници. Помладите слободното време го поминуваат лизгајќи на мраз, посетувајќи музеи, или кино, или одат на шопинг. Зошто мештаните не се преселуваат на потопло место? Некои велат дека не го сакаат студот, но се навикнати на него. „Кога температурата ќе падне под -50°C чувствувате студ, тешко се дише и не ви е до ништо“, вели еден граѓанин. "Во зима е убаво. Ми се допаѓа зимата овде", "Сакам да патувам. Работам овде и сакам да одам на патувања, но не би живеела на друго место", додаваат други жени. Киун вели дека мештаните се навикнати на студот и дека и покрај предизвиците не сакаат да живеат во потопло место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
МакедонијаТрадиционални пензионерски спортски игри во КарпошДенеска во спортската сала „Партизан“ се одржаа традиционалните пензионерски спортски игри, организирани по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош. На спортскиот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, кои им посакаа успех на учесниците и го поздравија нивниот ентузијазам, спортски дух и желба за дружење. „Гледајќи го овој спортски терен исполнет со позитивна енергија, насмевки и младешки дух, не можам, а да не кажам – вие сте вистинска инспирација за сите помлади генерации во нашата општина. Денес не е важна возраста, туку желбата за дружење, движење и зачувување на натпреварувачкиот дух. Сигурен сум дека ќе видиме одлични резултати, фер-плеј и многу спортска среќа во сите машки и женски дисциплини. Најдобрите тројца во секоја категорија ќе си заминат дома со заслужени пехари. Но, сакам да нагласам една работа – за мене како градоначалник, а верувам и за целата публика која е тука да ве бодри, сите вие денес сте победници“, истакна градоначалникот Лукровски. На игрите учествуваа членови на двете пензионерски друштва – „Карпош“ и „Тафталиџе“, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини: шут на гол за мажи и жени, фрлање ѓуле за мажи и жени, трчање на 60 метри за жени и 80 метри за мажи, како и скок во далечина. По завршувањето на натпреварите, на учесниците им беа доделени статуетки, по што следуваше пригоден свечен коктел. Општина Карпош продолжува да ги поддржува активностите кои поттикнуваат активен живот, дружење и квалитетно поминување на времето во третото доба. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИдентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)Идентичните близначки Камил и Кенерли Кит, познати како музичкото дуо „The Harp Twins“, се венчаа со идентичните близнаци Дромил и Дромал Волфганг.Двојката се венча во 2022 година, но со години го криеја бракот од јавноста и го потврдија дури на почетокот на оваа година. Двата пара близнаци привлекуваат внимание на социјалните мрежи, каде што објавуваат содржини поврзани со музика. Се запознаа по концерт Нивната приказна започна во 2019 година, кога браќата Волфганг, кои се тапанари, чекаа во ред по концертот на сестрите Кит за да ги запознаат. Тие донесоа цртеж на кој беа прикажани двете сестри. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) „Тоа е една од оние ситуации кога веднаш знаете дека ова е тоа“, изјави Камил за Today. По првата средба, четворицата музичари брзо се зближија. Браќата Волфганг наскоро им се придружија на сестрите на турнејата, поради што ги напуштија своите работни места во градежништвото и се посветија целосно на музиката и заедничкиот живот. Со текот на времето, Камил и Дромил се заљубија, како и Кенерли и Дромал, па двете сестри се омажија за двајцата браќа близнаци. Тие ја криеја свадбата со години Двата пара се венчаа на ист ден, 22 февруари 2022 година, и во исто време - во 14:22 часот. Церемонијата се одржа во друштво на најблиските роднини и пријатели. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) Тие ја објаснија одлуката да го задржат бракот за себе со желбата да избегнат дополнително медиумско внимание и бројни прашања што веројатно ќе следат поради нивната необична семејна комбинација. „Некои луѓе велат: „Тоа е чудно““, рече Дромал, а потоа додаде: „Ние велиме: „Па, можеби си чуден“.“ „Сите сме најдобри пријатели“ Дромил, исто така, зборуваше за посебната врска што ја дели со својот брат. Тој вели дека луѓето кои не се близнаци честопати тешко разбираат колку може да биде блиска таквата врска. „Луѓето кои немаат близнак честопати не разбираат или не ги одобруваат толку блиските врски“, рече тој. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) Четворицата беа силно поврзани од самиот почеток, а нивната свршувачка е дополнителна потврда за нивната компатибилност. Двата пара се свршија во исто време и со идентични прстени. „Сите сме најдобри пријатели“, рече Кенерли. „Ги имаме нашиот близнак, нашиот сопружник и неговиот близнак. Тоа е навистина најдоброто од сè.“Тагови: близнаци близначки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
МакедонијаДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо НагоричанеДоживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата. Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски. Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook