Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Забава21- годишната ќерка на Моника Белучи позира во долна облека (ВИДЕО)Дева Касел, ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, се фотографираше за новиот број на француското списание Vanity Fair со актерот Жилиен де Сен Жан.Двајцата глумат во филмот „Le Fantome de l'Opera“ (Фантомот од операта), чија премиера се очекува да се одржи во септември оваа година. Меѓу другото, Дева позираше во долна облека и фустан од чипка. Стајлингот го дизајнираше Тања Рат-Патрон, Јоланта Седро беше задолжена за шминката, а Џон Нолет беше одговорен за косата. Реакции на социјалните мрежи Фотографиите предизвикаа бројни позитивни коментари на социјалните мрежи. „Таа е апсолутно прекрасна и многу личи на нејзината мајка“, „Ќе ја освои актерската сцена“, „Прекрасна дама“ и „Едвај чекам за овој филм“, се само дел од реакциите. View this post on Instagram A post shared by Vanity Fair France (@vanityfairfrance) Прва улога во Франција Режисерот на филмот, Александар Кастањети, рече дека Дева веднаш го шармирала. Зборувајќи за нејзината улога како Анастасија Мареску, младата актерка рече: „Ова е мојата прва улога во Франција. Тоа е проект кој е многу поголем од мене, како и сите што ќе следат. Затоа, секако, сакав сè да направам како што треба.“ Врска со мајката и спомени од детството Новинарката Норине Раџа се присети дека Моника Белучи позираше гола за насловната страница на истото списание во 2004 година додека беше бремена со Дева. „О да, точно“, одговори Дева со насмевка. Кога ја прашаа што најмногу се сеќава од детството, таа одговори: „Авиони. Поминав многу време во нив, со моите родители, сестри, пријатели. Доживеав цела низа емоции во нив: радоста од пристигнувањето, тагата од напуштањето на место или личност.“Тагови: моника белучи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter