Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
1Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Македонија200 милиони евра ќе добијат Македонија, Црна Гора и Албанија од ЕУ Проширувањето е императив и за ЕУ и за земјите-кандидатки, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски пред состанокот на шефовите на дипломатии на ЕУ и западен Балкан во Брисел.Проширувањето е императив и за ЕУ и за земјите-кандидатки, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски пред состанокот на шефовите на дипломатии на ЕУ и западен Балкан во Брисел каде покрај интеграцијата главна тема е и напредокот во реформската агенда. Според Муцунски, регионот не смее да остане „сива зона“, туку треба да добие јасен и кредибилен пат кон членство во Унијата, а за таа цел како што кажа тој, мора да се напушти билатерализацијата на пристапните критериуми. Муцунски истакна и дека Македонија веќе покажала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда и потсети дека земјата е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата. „Нашето барање до земјите – членки е повеќеслојно. Најпрво, треба да се напушти билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување само по себе. Тука мислиме на безбедноста и одбраната што е клучно.“ Дека Унијата очекува спроведување на реформи од земјите-кандидатки потврди и шефицата на европската дипломатија Каја Калас. На иста линија и еврокомесарката за проширување Марта Кос, која порача дека местото на земјите од западен Балкан е во ЕУ. Кос ја повтори и потребата од промена на методологијата и постепена интеграција регионот, нешто за што кажа дека веќе се водат дискусии во Брисел. „Имам многу јасна порака дека во ЕУ има место за сите земји од западен Балкан. Проширувањето е приоритет на ЕУ и доколку нашите земји-кандидатки испорачаат, тогаш и ние треба да испорачаме исто така. Kaj планот за раст, спроведувањето се одвива добро и во следните денови ќе распределиме 200 милиони евра за Црна Гора, Албанија и Црна Гора (н.з.Македонија).“ „Тие (земјите од Западен Балкан) се заинтересирани за нашата соработка во поглед на спротивствување на хибридните закани со кои тие се соочуваат. Дискутираме за оваа соработка, за возврат секако очекуваме спроведување на реформи од нив за да продолжиме со проширувањето.“ Засилената дипломатска и политичка активност на Унијата кон регионот доаѓа и во пресрет на самитот ЕУ-западен Балкан закажан за 5 јуни во Тиват, Црна Гора, каде покрај за европската перспектива на регионот се очекува да стане збор и за безбедносните предизвици. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад АденауерБи сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики. Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни. Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во МајамиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј. Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа. Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер. Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница. „Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот. На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избориПратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии. Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00