20- годишна девојка и пилотот загинаа на параглајдинг, нејзиното момче ја гледало трагедијата (ВИДЕО) - Канал 5

20- годишна девојка и пилотот загинаа на параглајдинг, нејзиното момче ја гледало трагедијата (ВИДЕО)

Девојка (20) и пилот (52) загинаа додека летаа со параглајдер во Романија.

20- годишна девојка и пилотот загинаа на параглајдинг, нејзиното момче ја гледало трагедијата (ВИДЕО)

Ужасната трагедија се случила на поле во округот Бихор. Според медиумските извештаи, девојката (20) и пилотот на параглајдер со мотор загинаа откако паднаа од висина од над 100 метри. Неколку луѓе, вклучувајќи го и момчето на девојката, биле сведоци на несреќата.

Параглајдеристот полетал од фудбалско игралиште на периферијата на Олошиг кратко пред 19 часот, но кратко потоа се случил инцидент кога пилотот повеќе не можел да го контролира параглајдерот.

„Според сведоците, крилото се затворило, а кога повторно се отворило, имало дефект. Имало и ветер“, пишуваат медиумите.

Параглајдерството наводно било една од најголемите желби на девојката, но за жал завршила фатално.

„Кога пристигнаа службите за итни случаи, и пилотот и патникот беа надвор од параглајдерот во кардиореспираторен застој. За жал, и покрај напорите на екипажот, двете жртви не можеа да бидат спасени“, изјави Камелија Рошка, од единицата Кришана.

Момчето на починатата девојка, унгарски државјанин, бил сведок на ужасот и сè гледал од земја заедно со неколку други лица.

Тој е во состојба на шок, поради што неговото испрашување како сведок е одложено.

YouTube video

Истражителите сега спроведуваат истрага и разгледуваат и техничка неисправност и грешка на пилотот. Остатоците од авионот ќе бидат анализирани во специјализирана лабораторија. Во меѓувреме, се чекаат резултатите од обдукцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже.

Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција.

Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев.

И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните.

Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење.

Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи.

Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази.

Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност.

Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност.

А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето.

Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост

Кога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. 

Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост

Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура.

Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Доколку се потврди, тогаш истрагата не смее да заврши со утврдување на причината. Мора да се понесе и одговорност, бидејќи пожарот можел да биде спречен и воопшто да не се случи.

Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. Меѓудругото, на граѓаните и тоа им се фактурира. Значи, каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи и ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар.

Особено во лето, кога високите температури влијаат врз провисот на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата е основна превенција.

ЕВН е дел од австриска енергетска групација со седиште во Австрија. Во Македонија со години работи во ултрапривилегирана положба на дистрибутивниот пазар, а граѓаните многу добро ја знаат нејзината ефикасност од аспект на коректноста, кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата, да се исклучи корисник и слично.

Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување.

Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект иста таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома.

Левица бара за секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага, да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции. Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност.

ЕВН не смее да биде над законите! Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата - мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот - мора да го сноси и ризикот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Харден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договор

НБА ѕвездата  Џејмс Харден сè уште нема договор, но сè укажува на тоа дека ќе ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс.

Харден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договор

Според информациите на новинарот на „ESPN“, Шемс Чаранија, Кливленд е во постојан контакт со Харден и неговите претставници и преговара за нов договор.

Двете страни разговараат за договор со времетраење од две или три години. Истовремено, Кливленд се обидува да ангажира двајца квалитетни крилни играчи кои во моментов се меѓу најбараните слободни агенти – Пејтон Вотсон и Џонатан Камингс.

„Кавалирс“ дополнително ја зголемија својата финансиска флексибилност во петокот, кога ги испратија Денис Шрудер и парични средства во Шарлот Хорнетс во замена за Тре Ман. Тој потег би можел да биде од големо значење за продолжувањето на преговорите со Харден, кој практично му остави на Кливленд отворени опции во текот на летото.

Претходно ова лето, Харден ја одби опцијата во договорот вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, додека двете страни се обидуваа да најдат начин за склучување нов повеќегодишен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер