Балкан20- годишен Словенец загина на музички фестивал во Сплит Во болницата во Сплит починал млад човек кој синоќа бил донесен на Итна помош од фестивалот Ултра.Засега нема други официјални информации. КБЦ Сплит наскоро ќе даде изјава за новинарите. Како што неофицијално дознава Далматински портал, се работи за 20-годишен државјанин на Словенија. Во Итната помош од фестивалот ноќеска пристигнале 11 лица. КБЦ Сплит утринава соопшти дека во текот на ноќта и утрото им помогнале на 11 лица, меѓу кои девет странски државјани. Најмногу се работи за интоксикација со алкохол и други материи и потешкотии во респираторниот систем. Еден пациент имал отворена рана на задникот, а другиот убодна рана од неидентификуван предмет во надлактицата. Дополнително, едно лице е хоспитализирано на Клиниката за внатрешни болести, а останатите по укажана лекарска помош се отпуштени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Нема нови случаи на западно-нилска трескаНема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска која ја пренесуваат комарците во земјава, а последните ПСР тестови за последните случаи се негативни, информира Министерството за здравство.Од министерството посочуваат дека до институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, а од Инфективната клиника за Канал 5 пак велат дека состојбата на тројцата скопјани кои деновиве беа ставени на респиратор поради тешка форма на западно нилска треска со воспаление на мозокот и мозочните обвивки останува иста, ниту се подобрува ниту се влошува. Вкупниот број на потврдени и суспектни на „западен нил“ е 16, вели директорот на Инфективна д-р Фадил Цана.. Сите се над 60 години со придружни хронични болести и сите инфекцијата ја добиле во Македонија, никој не патувал во странство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Силниот ветер повторно го разгори пожарот во околината на с.Раец Поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на с.Раец повторно се разгори и состојбата останува сериозна, информира преку својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство – Кавадарци. Борбата со огнот продолжува без прекин, а сите служби координирано и пожртвувано работат за да се спречи понатамошното ширење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не се движат во загрозените подрачја, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат ново жариште или сомнително однесување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје33 годишен охриѓанец седум години живее со пумпи и чека ново срцеЖивот со батерии на струја за да чука срцето, чекајќи донор за срце, ова е седумгодишната приказна на семјеството Најдевски. 33 годишниот Дарко, седум години живее со две пумпи што се поврзани на неговото срце и со нив живее. По прележан вирус Дарко добива срцева слабост и како што вели неговата сопруга двете пумпи му даваат живот. Како Дарко има уште еден пациенти со две пумпи, а уште десет пациенти со една пумпа каде чекаат надеж дека ќе добијат срце, најголем дел се од 24 годишна возраст, а дел од нив и се родители. Нема поголема тага кога ќе се изгуби близок, најтешко е кога на семејството треба да му кажете дека неговиот близок ќе почине, а неговите органи можат да спасат живот. Националниот координатор, Билјана Кузмановска објаснува дека не може од секој починат да се земе срце или друг орган мора да има мозочна смрт и да биде се соодветен на примателот на донор. Оваа година имало дозвола за три транспланатации од тројца починати од кои едно срце. Ирена и Дарко од мака до кампања, од оваа година Ирена организирала осум трибини со доктори, верски лидери, приматели на органи кои раскажуваат со посебна благодарност дека животот им го продолжил љубовата на смејство кое изгубило близок и се решиле на ваков чин. Со новиот закон за трансплантација кој ќе стапи во сила од октомври секој полнолетен граѓанин може да даде согласност дека во случај на мозочна смрт ќе биде донор на органи. Тагови: донор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09